Главниот град на Австрија, Виена, деветти пат ја доби титулата метропола со најдобар квалитет на живот во светот.
Според меѓународната агенција „Мерсер“ во Виена се живее најдобро и тоа подобро од било кое друго место во светот. На второ место е Цирих, а третото место го делат Оукленд и Минхен.
Виена го освои првото место пред сè поради безбедноста, одличниот градски превоз и богатата културна понуда, пишува „Мерсер“.
Меѓу првите десет града, како и лани, повеќето се градови во Европа – Диселдорф, Франкфурт, Женева, Копенхаген, Базел, на петтото место е Ванкувер, а на 10. е Сиднеј.
Најнеквалитетен живот имаа луѓето во Багдад.
Истражувањето опфаќа 231 голем град врз основа на 39 критериуми, меѓу кои се политичката и економската состојба, еколошките аспекти, здравственото осигурување, образованието.
Во речиси сите категории Виена доби максимален број на поени.