Промовирани огласи »

Синдикатите во Исланд бараат ако се зголемат платите на директорите, да се зголемат примањата и на сите други вработени во земјата. 

Пред неколку месеци се зголемени платите на дел од директорите во компаниите, по што произлезе и оваа иницијатива. 

Има и директори кои добиле за 20.6 проценти повисоки плати. 

Синдикатот на трговци од Рејкјавик бара на сите да се зголемат платите по истиот терк. 

Оттаму велат дека ако компанијата има профит, тогаш дел од колачот треба да даде и на работниците кои придонесуваат за доброто работење. 

Се бара зголемување за да нема голем јаз меѓу платите на работниците и работодавците. 

Промовирани огласи »

Одкако се појави скандалот со протекување на лични податоци на над 50 милиони корисници, компанијата Фејсбук загуби 37 милијарди долари. Директорот на компанијата која е поврзана со аферата со податоци на Фејсбук е суспендиран.


Тоа ги исплаши инвеститорите па вредноста на акциите на компанијата има пад од седум отсто, јавува CNN.

Основачот на Фејсбук Марк Зукерберг претрпе загуба од четири милијарди долари.

Падот на вредноста на акциите следува откако американски власти започнаа истрага поради тоа што лични податоци на анд 50 милиони луѓе од Фејсбук биле собирани и злоупотребувани без дозвола.

Фејсбук објавил дека независен тим од дигитални форензичари ќе спроведе истрага и ќе се обиде да открие дали компанијата "Cambridge Analytica" и натаму располага со спорните податоци, кои ги набавила од компанијата "Global Science Research" - "GSR"

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика информира дека од денеска сите самохрани родители кои имаат плата и месечни приходи во износ до минималната плата утврдена со Закон, ќе бидат ослободени од плаќање на партиципацијата за сместување на дете во детска градинка.

Согласно со заложбите за поддршка на самохраните родители, содржани во Програмата за работа на Владата на Република Македонија, министерката Царовска го измени Правилникот за условите, критериумите и начинот на остварување на правото на партиципација во трошоците за згрижување, воспитание, одмор и рекреација на деца во јавните установи за деца. 

Во членот 3 од Правилникот е предвидено дека ,,Правото на партиципација во јавна установа за деца – детска градинка се остварува за дете од семејство на  самохран родител (aко еден од родителите е починат или не е познат или му е одземено родителското право или ако од други причини едниот родител е спречен да го врши родителското право), со плата и други месечни приходи во износ до минималната  плата утврдена со  закон.

Ги известуваме јавните установи за деца – детските градинки и сите самохрани родители кои ги исполнуваат законските услови за остварување на правото на партиципација да поднесат барање со потребната докуменетација, наведена  во Правилникот, до јавната установа за деца во која детето престојува, односно е згрижено, за остварување на правото на партиципација.

Правилникот е објавен во Службен весник на 20 март 2018 и на веб страната на МТСП.​

Промовирани огласи »

За многу помалку добиваш многу повеќе!

Телекомуникацискиот оператор „НЕОТЕЛ“, започна со едномесечна промоција со која на новите домашни корисници на оптичките пакети им овозможува да добијат двојно или тројно поголема брзина од пакетите што ќе ги изберат. Па, така, доколку новите корисници се одлучат за оптички пакет од 50 мегабити, во првата година од договорот ќе добијат брзина од 100 мегабити во секунда, а доколку одберат оптички пакет со брзина од  100 мегабити во секунда, во првата година од времетраењето на договорот ќе добијат трикратно поголема брзина, од 300 мегабити во секунда.

„Промените на навиките на населението, од година во година наметнуваат сè поголема потреба за побрз интернет. „НЕОТЕЛ“, изминативе години интензивно инвестира во надградба и проширување на својата мрежа со цел да ги приближи најновите технологии за интернет- пристап до што повеќе корисници. Со оваа акција сакаме корисниците лично да се уверат во перформансите на пакетите со голема брзина и самите да ја увидат разликата“, велат од „НЕОТЕЛ“.

Акцијата за оптичките пакети трае до 15-ти април, а од компанијата најавуваат дека во наредниот период ќе продолжат со интензивно инвестирање и воведување нови технологоии, како и со проширување на  мрежата. 

За повеќе детали околу промоцијата проверете на следниот линк.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »