Промовирани огласи »

За многу помалку добиваш многу повеќе!

Телекомуникацискиот оператор „НЕОТЕЛ“, започна со едномесечна промоција со која на новите домашни корисници на оптичките пакети им овозможува да добијат двојно или тројно поголема брзина од пакетите што ќе ги изберат. Па, така, доколку новите корисници се одлучат за оптички пакет од 50 мегабити, во првата година од договорот ќе добијат брзина од 100 мегабити во секунда, а доколку одберат оптички пакет со брзина од  100 мегабити во секунда, во првата година од времетраењето на договорот ќе добијат трикратно поголема брзина, од 300 мегабити во секунда.

„Промените на навиките на населението, од година во година наметнуваат сè поголема потреба за побрз интернет. „НЕОТЕЛ“, изминативе години интензивно инвестира во надградба и проширување на својата мрежа со цел да ги приближи најновите технологии за интернет- пристап до што повеќе корисници. Со оваа акција сакаме корисниците лично да се уверат во перформансите на пакетите со голема брзина и самите да ја увидат разликата“, велат од „НЕОТЕЛ“.

Акцијата за оптичките пакети трае до 15-ти април, а од компанијата најавуваат дека во наредниот период ќе продолжат со интензивно инвестирање и воведување нови технологоии, како и со проширување на  мрежата. 

За повеќе детали околу промоцијата проверете на следниот линк.

Промовирани огласи »

Со усвоените измени на Законот за стечајци се проширува опфатот на лица кои ќе добиваат месечен надоместок со што се решава долгогодишниот проблем на околу 5.000 стечајци.

Покрај веќе обезбедената егзистенција за околу 3.000 стечајци, со измените се овозможува материјално да бидат обезбедени дополнителни 2.000 лица кои ќе добиваат месечен надоместок во износ од 7.596 денари. 

Со измените се олеснуваат потребните услови за стекнување на право на материјално обезбедување, доколку престанокот на работниот однос настанал во моментот кога претпријатието со доминантна сопственост на државата се приватизирано.

Истовремено, се обезбедува и поголема флексибилност преку условот за потребната возраст која треба да ја има невработеното лице, однсоно најмалку 52 години за жени и 55 години за маж.

Лицата кои бараат материјален надоместок условот за возраста треба да го исполнуваат во моментот на поднесувањето на барањето за остварување на правото за материјално обезбедување, а не од моментот на стапување на сила на постојниот закон, како што беше досега.

Промовирани огласи »

Нема да прегледуваат и лекуваат пациентки, само ќе пишуваат упати и ќе даваат боледувања. Ваква закана матичните гинеколози упатија до ФЗОМ преку писмо до медиумите.

Зголемување на капитацијата од 50 на 60 денари, бодот да биде според возраста на пациентката и да се дефинира пакетот на услуги кои ги покрива државата. Ова се главните барања на гинеколозите од примарното здравство.

Фондот за здраство со години ги залажува пациентите дека се е бесплатно, без да го дефинира пакетот на бесплатните услуги во примарното здравство.

А да го оставиме ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА да ги лечи пациентките и да ја намали перинаталната смртност со своите популистички политики кои немаат никаква врска со унапредување на квалитетот на здравствените услуги? Ние, МАТИЧНИТЕ ГИНЕКОЛОЗИ  ќе пишуваме упати за во болница, стои во писмото од УО на ЗПГАМ.

Матичните гинеколози се револтирани бидејќи биле изоставени при последното зголемување на капитацијата, а новото раководство на Фондот тактизирало за нивните барања кои им ги доставиле во јануари.

ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА не се грижи за добриот доктор. Дури, со својот игнорантски, деградирачки, арогантен, популистички  и банкарско-лихварски однос постојано и систематски се обидува да го стивне гласот на добриот доктор, делувајќи како еден од позначајните фактори на страдање на докторската заедница, се вели во писмото од Здружението на приватни гинеколози.

Од Фондот исто така писмено реагираа дека не практикуваат комуникација преку медиуми. Најавија дека во најскоро време ќе остварат нова средба со здружението на матични гинеколози, а одлуките навремено ќе ги соопштеле.

Колку за информација, треба да земеме предвид, дека матичните гинеколози се најскапо платените специјалисти во Репулбика Македонија, со просечна месечна исплата од 169 илјади денари по тим. Колку за споредба, тоа е повеќе од 55,500 денари отколку што Фондот исплаќа на општ матичен лекар, се вели реакцијата од Фондот.

Инаку во државата има 140 матични гинеколози.

Промовирани огласи »

Многу уреди кои се дел од вашите домаќинства, трошат струја и додека се во мирување.

Полнач од мобилен телефон:

Скоро сите ги оставаат полначите од мобилните вклучени и кога не ги полнат своите телефони. Се проценува дека полначот дури стои вклучен во струјата и да не полни троши по 1.2 ват на ден.

Телевизор:

Иако го исклучувате вашиот телевизор само од далечинскиот управувач, тој не е сосема исклучен, туку е во мирување и сеуште троши струја и тоа по 24 вати дневно.

Дигитален ТВ приемник

Дигиталниот ТВ приемник и кога не е вклучен тропи по 22 вати на ден, затоа доколку сакате да заштедите струја, исклучувајте го кога не го користите.

Компјутери и Лаптопи

Овие уреди и кога се исклучени тие работат и сакале или не ви трошат по 96 вати дневно.

Сите уреди кои имаат часовник

Доколку имате ДВД плеер, микро уред или некој друг што има часовник трошат по 108 вати на ден.

Наједноставно решение за да заштедите е да ги исклучите од струја.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »