Промовирани огласи »

Многу уреди кои се дел од вашите домаќинства, трошат струја и додека се во мирување.

Полнач од мобилен телефон:

Скоро сите ги оставаат полначите од мобилните вклучени и кога не ги полнат своите телефони. Се проценува дека полначот дури стои вклучен во струјата и да не полни троши по 1.2 ват на ден.

Телевизор:

Иако го исклучувате вашиот телевизор само од далечинскиот управувач, тој не е сосема исклучен, туку е во мирување и сеуште троши струја и тоа по 24 вати дневно.

Дигитален ТВ приемник

Дигиталниот ТВ приемник и кога не е вклучен тропи по 22 вати на ден, затоа доколку сакате да заштедите струја, исклучувајте го кога не го користите.

Компјутери и Лаптопи

Овие уреди и кога се исклучени тие работат и сакале или не ви трошат по 96 вати дневно.

Сите уреди кои имаат часовник

Доколку имате ДВД плеер, микро уред или некој друг што има часовник трошат по 108 вати на ден.

Наједноставно решение за да заштедите е да ги исклучите од струја.

Промовирани огласи »

Неколку граѓански и синдикални здруженија најавуваат наскоро протести против извршителите посочувајќи дека тие предизвикале финансиски „геноцид“ на близу 200 илјади граѓани во земјава, додека државата, како што се наведува, е соучесник во осиромашувањето и ограбувањето на граѓаните на кои им се блокираат сметките, пренесува Независен.

Здруженијата „Но пасаран“, „Гласен текстилец“, „Човекот над профитот“ и Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија се обратиле со иницијативи до повеќе надлежни институции посочувајќи дека со блокирањето на трансакциските сметки не се почитува законската регулатива. Посочувајќи на Законот за платен промет, овие здруженија како аргумент го наведуваат тоа дека единствено носителот на платниот промет е должен да носи решенија за присилна наплата, а тоа е Управата за јавни приходи.

Никој друг, според посоченото, нема законско овластување да донесува решенија за присилна наплата. Извршителите се лица со јавни овластувања, дадени со закон, тие можат да вршат присилно извршување, но не и присилна наплата. Извршителите поднесуваат налог или барање за извршување до носителот на платниот промет, но не поднесуваат решение за присилна наплата. Во Законот за платниот промет, како што е наведено, јасно стои дека се бара донесување решение за присилна наплата, а не налог за извршување што извршителите го доставуваат до носителите на платниот промет, по кој тие незаконски постапуваат блокирајќи ги трансакциските сметки на граѓаните.

Левичарските здруженија исто така посочуваат дека државата со продажба на една даночна обврзница може да обезбеди бескаматно кредитирање на долговите на граѓаните чии сметки се блокирани, кога веќе може да зема кредит за деблокирање на сметките на задолжените општини.

Здруженијата „Но пасаран“, „Гласен текстилец“, „Човекот над профитот“ и Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија се обратиле, меѓу другото, до собраниската Законодавно-правна комисија со барање за автентично толкување на членот 21 став еден од Законот за платен промет. Од Собранието се бара да даде толкување дека терминот присилна наплата не е исто што и присилно извршување. Според посочениот член 21, носителот на платниот промет е должен да ги извршува решенијата за присилна наплата во согласност со закон. Решенија за присилна наплата, како што е наведено, донесува: УЈП, според Законот за даночна постапка и општинските даночни администрации, односно градоначалниците на општините и градоначалникот на град Скопје, според Законот за даноците на имот. Никој друг нема законско овластување да донесува решенија за присилна наплата.Иницијаторите на автентичното толкување посочуваат дека за оваа точка да се најде на дневен ред во Собранието им е потребна асистенција од барем еден пратеник, кој би се јавил како предлагач. За тоа очекуваат да обезбедат поддршка во текот на денешниот ден.

Со посочување дека извршителите не смеат да вршат присилна наплата, здруженијата се обратиле и до Министерството за финансии, Народната банка на Македонија, Националниот совет за платни системи и до Здружението за банкарство при Стопанската комора на Македонија. Во Уставниот суд, пак, е покрената иницијатива за оценување на уставноста на членот 46 од Законот за извршување. Притоа се спорат ставовите кои, како што е оценето, им овозможуваат на извршителите за една иста работа да наплатат двојно, еднаш како надоместок за администрирање, а вторпат како награда за спроведени дејствија. Со втората иницијатива до Уставниот суд, пак, се бара оценување на уставноста на членот 32 од Законот за извршување, според која бројката на извршители на подрачјето на основниот суд ја определува министерот врз основа на согласност од Владата и мислење од претседателот на основниот суд за бројот на правосилните и извршните одлуки на основниот суд, од Нотарската комора и од Комората на извршители. Според подносителите на иницијативата, оваа одредба е спротивна на членот 55 од Уставот, каде што е наведено дека се гарантира слободата на пазарот и претприемништвото, така што државата обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот и презема мерки против монополската положба и монополското однесување.

Блокирани 80.462 граѓани

Податоците на Народна банка покажуваат дека на крајот на декември 2017 1.635.544 физички лица поседувале трансакциска сметка. Од нив, 80.462 лица имале блокирани сметки.

На крајот на 2016 година биле блокирани 82.263 депоненти.

Промовирани огласи »

Делата се резултат на размислувањето затоа што мислите се многу важни. Дали сте личност која размислува и анализира до таа мера што не ја извршува својата работа така како што би сакала? Добра вест е дека не сте сами. Тоа е одлика на многу луѓе, особено на раководителите. Лоша вест е дека тоа мора да запре затоа што предизвикува помала продуктивност и се губи време во грижи.

1.    Се грижите дали им се допаѓате на другите

Тешко е да се поверува дека ќе им бидете омилени на сите, во која било група соработници. На некои веројатно ќе им се допаднете, на некои не. Концентрирајте се на тоа што го работите и дејствувајте на најдобар можен начин. Не грижете се за туѓите мисли или зборови; останете си верни на себе, бидете искрени, работете си ја својата работа со полн капацитет и дозволете резултатите да зборуваат за вас.

2.    Се сомневате во своите способности

Повеќето од нас понекогаш сметаат дека не се доволно паметни, ниту доволно добри во она што го работат. Ретко кој се чувствува 100% подготвен кога ќе се појави некаква можност. Па, сепак, новите искуства и новите можности се појавуваат кога ќе се присилиме да излеземе од својата зона на удобност, за што понекогаш не сме подготвени. Не дозволувајте им на стравовите да ве спречат во вашата работа.

3.    Ве загрижува сопствената несовршеност

Најверојатно ова веќе сте го чуле, но загриженоста за сопствената несовршеност е губење време. Во човечката природа е постојано да се стремиме кон совршеност; совршена работа, совршено работно место, совршен шеф, но совршенството не постои! Подобро е на животот да гледате како на константна состојба на еволуција во која сите елементи подлежат на промени. Ако сте вознемирени и напрегнати затоа што не сте совршени, едноставно занемарете го тоа и продолжете натаму…

4.    Се плашите од грешки и неуспеси

Секој од нас доживеал некаков неуспех, но вистинскиот проблем настанува кога стресот ќе стане редовна појава, кога ќе сметате дека никогаш нема да закрепнете, дека нема излез… Запомнете, вие сте тие што ја формираат сопствената иднина, вие ги насочувате сопствените мисли. Неуспех не е да се падне, неуспех е да се падне и да не се стане.

5.    Се плашите од недостигот на самодоверба

Сите ние понекогаш немаме самодоверба, само што некои добро го прикриваат тоа. Што повеќе ве мачи недостигот на самодоверба, повеќе ќе ви прави проблем во вашиот деловен живот. Концентрирајте се на вештините и способностите што ги поседувате, а не на оние што ви недостигаат – постојано стремете се кон успех.

6.    Се плашите од туѓите мислења 

Несогласувањето, па дури и конфликтот, не треба да станат причина за загриженост. Прифатете ја конструктивната критика и отфрлете ја негативноста. Мислењето на другите луѓе е важно, но на крајот пак ќе мора да се потпрете само на себе. Според тоа, верувајте повеќе во себе, дозволете инстинктите да почнат да ве водат и да ви помогнат кога ќе биде најпотребно.

7.    Се срамите од доживеаните неуспеси

Ако мислите дека неуспехот е нешто лошо, тешко дека ќе бидете успешни, затоа што неуспехот е составен дел од успехот. Без оглед колку пати ќе доживеете неуспех, не дозволувајте тоа да се претвори во извор на вашиот срам. Сите идеи што нема да успеат се само „отскочна штица“ за оние што се решени да успеат. Неуспехот не е фатален и не е причина за срам.

Промовирани огласи »

Малопродажните цени на нафтените дериватите се намалуваат за 0,75 проценти, како резултат на пониската цена на суровата нафта на светските берзи.

Според соопштението на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на Еуродизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 0,50 денари на литар, а цените на бензините  остануваат исти.

Новата цена на дизелот изнесува 57,5 денари, а на маслото за домаќинство 46 денари. Со нешто пониска цена ќе биде и мазутот, односно 27,636 денари за килограм.

Новите цени ќе се применуваат од 00:01 часот на 20.03.2018 година.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »