Промовирани огласи »

Малопродажните цени на нафтените дериватите се намалуваат за 0,75 проценти, како резултат на пониската цена на суровата нафта на светските берзи.

Според соопштението на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на Еуродизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 0,50 денари на литар, а цените на бензините  остануваат исти.

Новата цена на дизелот изнесува 57,5 денари, а на маслото за домаќинство 46 денари. Со нешто пониска цена ќе биде и мазутот, односно 27,636 денари за килограм.

Новите цени ќе се применуваат од 00:01 часот на 20.03.2018 година.

Промовирани огласи »

Во последниот викенд во март 2018-та година, ноќта во 2 часот меѓу 24 и 25-ти март почнува летното сметање на времето.

Стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот , ќе се смета како да е 3 часот. До крајот на март денот ќе се зголеми и ќе се стемнува околу 18 часот, а со поместувањетп на стрелки, ден ќе имаме се до 19 часот, а на почетокот на летото и до 20 часот.

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес практика во 70 земји од Светот.

Европските земји веќе се подготвуваат за конечно укинување на оваа практика.

Промовирани огласи »

Невработените лица и работодавачите од денеска можат да конкурираат за користење на мерките: „Обука за стекнување вештини од областа на банкарството“, „Практикантство“ и „Субвенционирање плати“. За нив  за кои Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) објави огласи согласно Оперативниот план за годинава.

Кандидатите за мерката „Субвенционирање плати“ кои ќе бидат избрани за вработување од работодавачите по претходно интервју, месечно од АВРМ ќе добиваат по 19.000 денари  за период од 3, 6 или 12 месеци, од кои 18.000 денари се субвенција на платата на вработеното лице и 1.000 денари за направените трошоци за подготовка на лицето во работниот процес. Работодавачот може на работникот да му исплати и повисока плата.

„Субвенционирање плати“ е мерка која се однесува на невработени  евидентирани во АВРМ кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот. Нејзини корисници може да бидат долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција), млади лица до 29 години, лица постари од 50 години, корисници на социјална помош или на паричен надомест по основ на невработеност, корисници на Програмата условен паричен надоместок за средно образование, лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа.

Со оваа мерка до вработување може да дојдат и жртви на семејно насилство, инвалидни лица, жени припадници на помалите етнички заедници, припадници на ромската етничка заедница, самохрани родители, родители на деца со пречки во развојот, родители на три и повеќе деца, родители на деца на улица, осудени лица по отпуштање од казнено поправна установа, бездомни лица, поранешни корисници на дрога и лица со незавршено средни или пониско образование...

Со мерката „Обука за стекнување на вештини од областа на банкарството“  ќе бидат опфатени 100 лица.  Може да аплицираат невработени евидентирани во АВРМ со најмалку средно образование со поднесување пријава во центарите за вработување за учество во еден од шестте понудени модули.  Право на учество во мерката ќе имаат лицата кои ќе бидат најдобро рангирани на квалификацискиот испит  што ќе го спроведе Академија за банкарство и информатичка технологија (АБИТ). Ако има поголем број кандидати предност при изборот ќе имаат оние кои први поднеле пријава. Лицата кои ќе посетат најмалку 70 проценти од предвидените часови ќе се стекнат со уверение за посетеност на обуката, се наведува во огласот на АВРМ.

„Практиканство“,е мерка за невработени млади до 29 години и невработени до 34 години евидентирани во АВРМ со најмалку средно образование без работно искуство, кои може да аплицираат за учество во тримесечна или шестмесечна практична работа. Избраните кандидати  месечно ќе добиваат по 9.000 денари (со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување) за периодот за кој ја извршуваат практичната работа.

Доколку работодавачот користи субвенционирање за три месеци има обврска да го задржи на работа ангажираното лице уште шест месеци, ако субвенциите се за шест месеци.

Промовирани огласи »

Невработените во земјава лани биле 213.564 или 22,4 проценти од активното население во државата, објави Државниот завод за статистика.

Активното население лани броело  954.212 лица, од кои вработени се 740.648 или стапката на вработеност изнесувала 56,8 проценти.

132 512 мажи лани биле без работа и 81 052 жени, покажуваат статистиките. 

За споредба во 2016 година невработени биле 141 578 мажи и  83 471 жени. 

Во 2016 година, стапката на невработеност биле 23,7 проценти и е регистрирано намалување за 1,3 проценти.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »