Промовирани огласи »

Швајцарската влада предупредува дека американскиот протекционизам ќе доведе до раст на швајцарскиот франк. 

Се очекува БДП на Швајцарија оваа година да порасне за 2.4 проценти, а идната година за 2 проценти. 

Нестабилноста на финансиските пазари може да доведе да се сврти ситуацијата која досега значеше јакнење на еврото во однос на франкот. 

Тоа на швајцарските извозници ќе им создаде проблеми. 

Промовирани огласи »

Иако се малку застапени, корнишоните на пазарот се доста барани и добро се платени. 

За почеток ќе ви требаат 750 евра за инвестирање и земјиште, а заработката ќе биде три пати поголема. 

Србите имаат позитивни искуства затоа што нивните корнишони завршуваат на германскиот пазар. 

Расадувањето се врши околу 15 мај, а за еден месец веќе има корнишони за берба. 

Ако се работи на површина која е доволно голема за да може да ја работи едно семејство, без ангажирање на работници, тогаш заработката е добра и не е за потценување. 

Промовирани огласи »

Синдикатите во Исланд бараат ако се зголемат платите на директорите, да се зголемат примањата и на сите други вработени во земјата. 

Пред неколку месеци се зголемени платите на дел од директорите во компаниите, по што произлезе и оваа иницијатива. 

Има и директори кои добиле за 20.6 проценти повисоки плати. 

Синдикатот на трговци од Рејкјавик бара на сите да се зголемат платите по истиот терк. 

Оттаму велат дека ако компанијата има профит, тогаш дел од колачот треба да даде и на работниците кои придонесуваат за доброто работење. 

Се бара зголемување за да нема голем јаз меѓу платите на работниците и работодавците. 

Промовирани огласи »

Одкако се појави скандалот со протекување на лични податоци на над 50 милиони корисници, компанијата Фејсбук загуби 37 милијарди долари. Директорот на компанијата која е поврзана со аферата со податоци на Фејсбук е суспендиран.


Тоа ги исплаши инвеститорите па вредноста на акциите на компанијата има пад од седум отсто, јавува CNN.

Основачот на Фејсбук Марк Зукерберг претрпе загуба од четири милијарди долари.

Падот на вредноста на акциите следува откако американски власти започнаа истрага поради тоа што лични податоци на анд 50 милиони луѓе од Фејсбук биле собирани и злоупотребувани без дозвола.

Фејсбук објавил дека независен тим од дигитални форензичари ќе спроведе истрага и ќе се обиде да открие дали компанијата "Cambridge Analytica" и натаму располага со спорните податоци, кои ги набавила од компанијата "Global Science Research" - "GSR"

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »