Како изгледа работната маса во вашата канцеларија? Дали е чиста и уредна или натрупана со еден куп работи? Во продолжение прочитајте зошто треба да се ослободите од вашите многубројни лепливи белешки, моливи и другите слични предмети…
1. Остатоци од храна
Остатоците од вашиот ручек припаѓаат во фрижидерот, а не на вашата работна маса. Покрај тоа што ова може да им пречи на вашите колеги, трошките и заборавената храна можат да привлечат еден куп инсекти и животинки. За да го избегнете овој проблем, фрлајте го ѓубрето од храната во корпата што се наоѓа во кујна, а не во таа под вашето биро. Ѓубрето од кујната сигурно се исфрла многу почесто.
2. Еден куп канцелариски прибор
Постои причина зошто вашата канцеларија треба да биде уредно. Според едно истражување, колку повеќе предмети има околу вас толку повеќе секој од нив ќе го привлекува вашето внимание. Тоа значи дека на вашиот мозок ќе му биде многу потешко да ги филтрира информациите, а тоа може да биде голем проблем ако треба да пишувате имејлови или да се фокусирате на некој проект. Вашиот канцелариски прибор нека се состои од 3 пенкала, маркер и молив. Што се однесува до листовите хартијата, оние што ви требаат чувајте ги секогаш во папка, а другите веднаш рециклирајте ги.
3. Несоодветни фотографии
Онаа урнебесна фотографија од вас и вашите пријателки на луда моминска вечер дефинитивно не би требало да стои во вашата канцеларија. Можете да ставите фотографија од вас и вашиот партнер, сопруга и деца или пак најдобар пријател. Ако не сакате шефот да ја види вашата фотографија, тогаш не ја чувајте на вашата работна маса.
4. Ароматични освежувачи
Одредени миризби (како што се пеперминт и лимон) навистина можат да направат чуда за вашата продуктивност и концентрација. Иако можеби идејата да ги вклучите овие мириси во вашата канцеларија ви звучи одлично, освежувачите не се најдобриот начин да го сторите тоа, особено ако вашите колеги немаат ист вкус. Наместо тоа, чувајте мало шише со миризливо масло по ваш избор на вашата работна маса. Кога ќе сакате да го почувствувате мирисот, ставете една капка на памукче и помирисајте.
5. Политички предмети
За време на изборите, можеби ќе сакате да покажете кој е вашиот омилен кандидат со беџ или налепница. Но, освен ако не работите во политичка канцеларија, задржете ги вашите преференции за себе.
6. Лудило од лепливи белешки
Големиот број лепливи белешки можат да предизвикаат повеќе штета отколку корист. Секако дека треба да залепите белешка на вашиот компјутер за да објасните зошто ве нема на бирото, но ако целата рамка на екранот е пополнета со овие белешки, време е да размислите за вашиот начин на организација.
7. Предмети за лична нега
Предметите како што се спреј за коса, крема и шминка, можете да ги чувате во фиока во биро, но не ги оставајте на работната маса. Вашата работна маса треба да ви помогне да останете организирани и концентрирани, а не да ве потсетува дека треба да си ги средите ноктите или косата.
8. Предмети што одвлекуваат внимание
Дали телефонот на вашата работна маса ве примамува да проверите што се случува на Фејсбук на секои 5 минути? Дали вашите списанија ве тераат да сонувате со отворени очи? Ваквите предмети го одвлекуваат вниманието, па затоа чувајте ги настрана и вадете ги само за време на претходно испланираните паузи.
9. Нездрави ужини
Нема ништо лошо во тоа да грицкате на работа, ако јадете бадеми, наместо чипс. Чувајте само здрава храна на бирото за да можете да си ја вратите енергијата секогаш кога се чувствувате изморено. Ако ви треба нешто слатко, темното чоколадо е вашиот најдобар избор. Некои истражувања покажале дека овој десерт ја зголемува концентрацијата.