Промовирани огласи »

Даночните обврзници кои ги користат даночните услуги на Регионалната дирекција  на УЈП - Скопје од 1 мај годинава задолжително ќе треба да ја користат услугата „Закажи средб@“.

Услугата овозможува секој даночен обврзник да закаже термин за остварување средба со даночен агент во УЈП - Регионалната дирекција Скопје, во време кое нему му одговара, а со цел консултација за специфични прашања кои се однесуваат на рокови, начини за пријавување и плаќање даноци, oтворање бизнис и регистрација на даночен обврзник, консултации за издадени даночни документи, утврдување даноци, постапки за наплата на долгови;, како и правни прашања.

Услугата  може да се користи он-лајн или преку Инфо центарот на УЈП. Средбата може да се закаже преку Инфо центарот (0800 33 000 или 02/3253 200) или он-лајн преку веб страницата на Контакт центарот.

Промовирани огласи »

Како изгледа работната маса во вашата канцеларија? Дали е чиста и уредна или натрупана со еден куп работи? Во продолжение прочитајте зошто треба да се ослободите од вашите многубројни лепливи белешки, моливи и другите слични предмети…

1. Остатоци од храна

Остатоците од вашиот ручек припаѓаат во фрижидерот, а не на вашата работна маса. Покрај тоа што ова може да им пречи на вашите колеги, трошките и заборавената храна можат да привлечат еден куп инсекти и животинки. За да го избегнете овој проблем, фрлајте го ѓубрето од храната во корпата што се наоѓа во кујна, а не во таа под вашето биро. Ѓубрето од кујната сигурно се исфрла многу почесто.

2. Еден куп канцелариски прибор

Постои причина зошто вашата канцеларија треба да биде уредно. Според едно истражување, колку повеќе предмети има околу вас толку повеќе секој од нив ќе го привлекува вашето внимание. Тоа значи дека на вашиот мозок ќе му биде многу потешко да ги филтрира информациите, а тоа може да биде голем проблем ако треба да пишувате имејлови или да се фокусирате на некој проект. Вашиот канцелариски прибор нека се состои од 3 пенкала, маркер и молив. Што се однесува до листовите хартијата, оние што ви требаат чувајте ги секогаш во папка, а другите веднаш рециклирајте ги.

3. Несоодветни фотографии

Онаа урнебесна фотографија од вас и вашите пријателки на луда моминска вечер дефинитивно не би требало да стои во вашата канцеларија. Можете да ставите фотографија од вас и вашиот партнер, сопруга и деца или пак најдобар пријател. Ако не сакате шефот да ја види вашата фотографија, тогаш не ја чувајте на вашата работна маса.

4. Ароматични освежувачи

Одредени миризби (како што се пеперминт и лимон) навистина можат да направат чуда за вашата продуктивност и концентрација. Иако можеби идејата да ги вклучите овие мириси во вашата канцеларија ви звучи одлично, освежувачите не се најдобриот начин да го сторите тоа, особено ако вашите колеги немаат ист вкус. Наместо тоа, чувајте мало шише со миризливо масло по ваш избор на вашата работна маса. Кога ќе сакате да го почувствувате мирисот, ставете една капка на памукче и помирисајте.

5. Политички предмети

За време на изборите, можеби ќе сакате да покажете кој е вашиот омилен кандидат со беџ или налепница. Но, освен ако не работите во политичка канцеларија, задржете ги вашите преференции за себе.

6. Лудило од лепливи белешки

Големиот број лепливи белешки можат да предизвикаат повеќе штета отколку корист. Секако дека треба да залепите белешка на вашиот компјутер за да објасните зошто ве нема на бирото, но ако целата рамка на екранот е пополнета со овие белешки, време е да размислите за вашиот начин на организација.

7. Предмети за лична нега

Предметите како што се спреј за коса, крема и шминка, можете да ги чувате во фиока во биро, но не ги оставајте на работната маса. Вашата работна маса треба да ви помогне да останете организирани и концентрирани, а не да ве потсетува дека треба да си ги средите ноктите или косата.

8. Предмети што одвлекуваат внимание

Дали телефонот на вашата работна маса ве примамува да проверите што се случува на Фејсбук на секои 5 минути? Дали вашите списанија ве тераат да сонувате со отворени очи? Ваквите предмети го одвлекуваат вниманието, па затоа чувајте ги настрана и вадете ги само за време на претходно испланираните паузи.

9. Нездрави ужини

Нема ништо лошо во тоа да грицкате на работа, ако јадете бадеми, наместо чипс. Чувајте само здрава храна на бирото за да можете да си ја вратите енергијата секогаш кога се чувствувате изморено. Ако ви треба нешто слатко, темното чоколадо е вашиот најдобар избор. Некои истражувања покажале дека овој десерт ја зголемува концентрацијата.

Промовирани огласи »

Доколку должите за некоја неплатена сметка, доверителите имаат право да побараат блокирање на вашата сметка. Процедурата се состои од следново: прво, доверителите (сами или со помош на адвокат) поднесуваат барање на платен налог; второ, го доставуваат до нотарите со кои соработуваат, а тие врз основа на неподмирените фактури го издаваат тој платен налог; трето, преку фирмите за достава, налозите се дистрибуираат до должниците.

На граѓаните им останува рок од 8 (осум) дена да поднесат жалба, а потоа, доколку не се изнајде решение, случајот оди на суд. Доколку обврската и натаму не се подмири, платниот налог се сели кај извршител. На износот се пресметува и камата од денот на поднесување на барањето.

Извршителите, како средство за наплата на побарувањата, најчесто го користат блокирањето на сметка како најлесно решение, а можат да наплатат и со сподогба, со согласност да се одбива третина плата секој месец додека не се подмири долгот.

Колку ќе ве чини извршувањето?
Според Законот за извршување, извршителот има право да блокира банкарска сметка и од неа да одземе дел за да наплати долг за струја, вода, парно, кредит и слично. Исто така, има и право да влезе во домот на должникот и да изврши попис на предметите во негова сопственост, да заплени дел од нив и потоа да ги продаде на јавно наддавање.

Добрата вест за македонските граѓани е тоа што не треба да се плашат многу од вакво соочување со извршителите бидејќи ретко се случува тие да применуваат заплени, освен ако не се работи за хипотека на недвижен имот.

Еден попис чини од 400 до 500 евра, а должникот е обврзан да ги плати и трошоците на полициската придружба на извршителот. Така, асистенција на полицаец чини 6 евра плус ДДВ од час, а се плаќа и процент за полициската опрема и плус по 1 евро на километар за комбето. На товар на должникот паѓа и трошокот за ангажманот на проценителот.
Кои работи не смеат да ви ги земат?

Еден попис чини од 400 до 500 евра, а должникот е обврзан да ги плати и трошоците на полициската придружба на извршителот. Така, асистенција на полицаец чини 6 евра плус ДДВ од час, а се плаќа и процент за полициската опрема и плус по 1 евро на километар за комбето. На товар на должникот паѓа и трошокот за ангажманот на проценителот.
Кои работи не смеат да ви ги земат?

Промовирани огласи »

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов ја стопирал изградбата на новиот Луна парк. Како што јавува порталoт „СДК.МК“, новата градска администрација планира проектот да го даде под концесија на приватен партнер, којшто би требало да го изгради и да стопанисува со него.

Ваквата идеја на градоначалникот Шилегов би ги заштедила планираните финансиски средства од градскиот буџет, но во изминативе години се покажа како неуспешна.

Претходниот градоначалник Коце Трајановски во неколку наврати распишуваше повици за пронаоѓање на приватен концесионер, но ниту во еден случај не го пронајде. Првиот тендер беше распишан во 2011 година, а последниот обид заврши без успех на почетокот од 2014 година.

По најновата одлука на градоначалникот Шилегов, останува нејасно што ќе се случува со двата склучени договора за реализација на новиот забавен парк во Скопје.

Претходното раководство на Град Скопје уплати над 2,1 милион евра за набавка на седум реквизити од идниот Луна парк.

Фирмите „Боминг“ и „Ивама Траде“ уште лани ги обезбедија планираните реквизити од првата фаза. Воедно, компанијата „Жикол“ од Струмица беше избрана за изведувач на градежниот дел од Луна паркот.

Во изминатиов период целосно се заврши изградбата на подземната инфраструктура, но и на еден од предвидените објекти во рамки на забавниот парк. За вториот договор беа издвоени над 1,6 милиони евра.

Проектот за изградба на новиот Луна парк во Скопје започна да се реализира минатата година. Оваа содржина од Градскиот парк е планирано да се простира на површина од 40.000 метри квадратни.

За овој проект беше предвидено да се издвојат околу 6,5 милиони евра. На просторот е зацртано да се постават 26 реквизити за возење и забава, меѓу кои и два адреналински, шест семејни и 18 детски реквизити.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »