Промовирани огласи »

Има луѓе кои имаат 1500 до 2000 пријатели, но заработуваат повеќе од оние кои имаат и 10.000 затоа што знаат да се „продадат“. 

Тие го имаат она што се бара на пазарот, а тоа е квалитетна интеракција. 

Ивана Шулц која е стручњак за социјални мрежи објаснува како можат да се заработат пари. 

Таа вели дека компаниите бараат профили со 1000 пријатели, и сметаат дека тие профили имаат потенцијал. 

Коментарите, лајковите и интеракцијата се најважни. 

Додава дека човек кој има помалку од 10.000 пријатели може да заработи од 93 до 137  долари по пост, а од 10.000 до 50.000 пријатели, заработува од 140 до 185 долари по пост. 

Промовирани огласи »

Ако возач превезува дете во скут, ќе мора да плати од 100.000 до 120.000 динари или да одлежи затвор од најмалку 15 дена, а доколку детето е во скутот на совозачот, ќе биде казнет со 20.000-40.000 динари и до 30 дена затвор, предвидуваат измените во Законот за безбедност во сообраќајот кои ќе се применуваат од 1 април во Србија.

Во иднина возачите нема да смеаат да пивнат пред да седнат зад воланот во Србија- дозволеното количество алкохол во крвта е намалено до 0,3 на 0,2 промили. За надминување на границата казната изнесува 10.000-120.000 динари или затвор од 30 до 60 дена или општествено-корисна работа од 240 до 360 часа и 14 до 16 казнени поени и девет месеци забрана за управување со возило.

Истата казна е и за претекнување колона преку полна линија и за две или повеќе минувања на црвено за помалку од 10 минути. Казната за некористење појас е 10.000 динари, а толку е и за користење телефон во текот на возењето.

Претекнувањето бавни возила: велосипеди, трактори, машини, мотокултиватори и запрежни коли преку полна линија повеќе не се смета за прекршок.

Промовирани огласи »

Vip со гордост ја објавува најновата, атрактивна промоција во мобилната пост пејд телефонија со која корисниците покрај можноста за неограничена комуникација добиваат и промотивен пакет оддополнителни 100 GB, интернет кој го активираат еднаш, а може да го користат до крајот на годината, a со тоа добиваат и можност за непречено сурфањеи по искористувањето на месечниот интернет сообраќај вклучен во тарифен модел.

Оваа атрактивна промоција корисниците можат да ја добијат доколку изберат еден од новите тарифни модели од Vip Neo тарифното портфолио, кои соодветствуваат на нивните побарувања и комуникациски потреби.

Со комбинација на новите Vip Neo мобилни тарифи со новите Vip Combo Neoфиксни тарифни пакети, корисниците добиваат комплетно решение за својот дом. Vip Combo Neo тарифните пакети овозможуваат телевизија на различни локации со Vip Now, кристално јасна слика соголем број наHD-телевизиски канали ибогата филмска содржина, интернет со брзини до 100Mbps,бесплатна фиксна линија со неограничени разговори кон сите национални фиксни мрежи идо 3 мобилни линии со дополнителен попуст на претплатата.

Денеска ја потврдуваме нашата заложба да креираме и нудиме производи и услуги што носат уште повеќе вредност за нашите корисници. Живееме во дигитална ера во која потребата за што повеќе интернет е се поприсутна. Новата промоција со која корисниците добиваат дополнителни 100GB мобилен интернет е одговор на токму таа потреба за неограничена и безгрижна комуникација. Со ова Vip обезбедува врвно корисничко искуство и дополнителна вредност на нашите производи што оваа понуда ја прави единствена на пазарот, изјави Мислав Галер, извршен директор на Vip.

Дополнителните 100GB мобилен интернетсе достапни за сите корисници кои ќе ги изберат тарифните модели Vip Neo M или Vip NeoL и истите ќе може да се користат до крајот на декември 2018 година. Со Vip Neo  М корисниците добиваат неограничени разговори и SMS пораки кон сите национални мрежи како и 5GB интернет со 4G брзина. Vip NeoL содржи неограничени разговори и SMS пораки кон сите национални мрежи, 10GB интернет со 4G брзина и 50 минути меѓународни разговори. 

За повеќе детали за Vip Neoпосетете ја веб страницата www.vip.mk  

Промовирани огласи »

Вкупно 112.831 изнесува исплатена просечната нето плата нето плата по вработен во јануари во секторот спортски забавни и рекреативни дејности. Ова е за прв пат да биде регистрирана рекордно исплатена висока плата во Македонија во оваа дејност.

Според податоците на Државниот завод за статистика во декември минатата година просечната нето плата во Македонија изнесувала 24.025 денари или околу 390 евра, што е исплатена највисоко нето плата досега.

Но, има и сектори каде што се зема двојно повисока, но и тројно повисока плата од просечната плата во земјата.

Ова се топ 5 професии во Македонија во кои се земаат највисоки плати според податоците од Државниот завод за статистика;

  • Спортски забавни и рекреативни дејности 112.831 денари;
  • Воздухопловен транспорт 84.240 денари;
  • Компјутерско програмирање 52.908 денари;
  • Производство на фармецевтски производи 44.195 денари;
  • Телекомуникации 42.695 денари.
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »