Промовирани огласи »

Здружението на матични лекари се подготвува за штрајк, односно еден ден од наредната недела нема да издаваат рецепти за хронични болести.

Д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари на Македонија, вели дека нивните тела по градовите веќе имале состаноци и дека повеќето се изјасниле на овој начин да искажат револт, што никој не ги решава проблемите со кои се соочуваат.

Идејата е еден ден да не примаме хронични пациенти и да не издаваме хронична терапија. Сè што е акутно и итно ќе го прегледаме и ќе го препратиме каде што треба. На овој начин сакаме да го искажеме револтот што тројца министри за здравство по ред останаа глуви на нашите барања, вели таа додавајќи дека од Венко Филипче имале само ветувања.

Бараат и зголемување на капитациониот бод, односно капитацијата од 55 денари по пациент која сега ја добиваат од Фондот за здравствено осигурување, како и да се одреди пакет на услуги што може да го добијат пациентите.

Промовирани огласи »

Владата го утврди Предлог-законот за енергетика и согласно член 137 од Деловникот на Собранието, донесе одлука предлог-законот да го достави до парламентот.

Целта на законот во прилог на либерализација на пазарот со енергенси, меѓу другото, е да се поедностави учеството на трговците со електрична енергија и природен гас од други земји на пазарите во земјава преку регистрација во Регулаторната комисија за енергетика, и да се овозможи пристап и приклучувањето на трети страни на системите за пренос и дистрибуција на енергија што е целосно во согласност со барањата од директивите и регулативата на ЕУ.

Во делот на пазарот на топлинска енергија, се наметнува обврска на секој новоизграден објект што се приклучува на системот за дистрибуција на топлинска енергија да има вградено уреди за мерење на локалното распределување на топлинската енергија (калориметри). Со новите предлог законски решенија се воведуваат нови мерки за финансиска поддршка за поттикнување на производството на обновливите извори на енергија.

Промовирани огласи »

Има луѓе кои имаат 1500 до 2000 пријатели, но заработуваат повеќе од оние кои имаат и 10.000 затоа што знаат да се „продадат“. 

Тие го имаат она што се бара на пазарот, а тоа е квалитетна интеракција. 

Ивана Шулц која е стручњак за социјални мрежи објаснува како можат да се заработат пари. 

Таа вели дека компаниите бараат профили со 1000 пријатели, и сметаат дека тие профили имаат потенцијал. 

Коментарите, лајковите и интеракцијата се најважни. 

Додава дека човек кој има помалку од 10.000 пријатели може да заработи од 93 до 137  долари по пост, а од 10.000 до 50.000 пријатели, заработува од 140 до 185 долари по пост. 

Промовирани огласи »

Ако возач превезува дете во скут, ќе мора да плати од 100.000 до 120.000 динари или да одлежи затвор од најмалку 15 дена, а доколку детето е во скутот на совозачот, ќе биде казнет со 20.000-40.000 динари и до 30 дена затвор, предвидуваат измените во Законот за безбедност во сообраќајот кои ќе се применуваат од 1 април во Србија.

Во иднина возачите нема да смеаат да пивнат пред да седнат зад воланот во Србија- дозволеното количество алкохол во крвта е намалено до 0,3 на 0,2 промили. За надминување на границата казната изнесува 10.000-120.000 динари или затвор од 30 до 60 дена или општествено-корисна работа од 240 до 360 часа и 14 до 16 казнени поени и девет месеци забрана за управување со возило.

Истата казна е и за претекнување колона преку полна линија и за две или повеќе минувања на црвено за помалку од 10 минути. Казната за некористење појас е 10.000 динари, а толку е и за користење телефон во текот на возењето.

Претекнувањето бавни возила: велосипеди, трактори, машини, мотокултиватори и запрежни коли преку полна линија повеќе не се смета за прекршок.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »