Патувањата со соптсвен автомобил се почести во летниот период кога се одморите, но има луѓе кои патуваат и преку цела година. Возачите веќе знаат дека за да поминат граница со автомобил потребен им е зелен картон, но можеби не се информирани за неговата цена.
Зелениот картон се издава врз основа на издадена полиса за осигурување од автомобилска одговорност од соодветната компанија. Овој документ е замена за полисата за осигурување од автомобилска одговорност издадена за матичната земја со важност за сите земји-членки наведени во полисата.
Важност на зелената карта е 12 месеци или додека е утврдено времетраењето на полисата за автомобилска одговорност.
Цената на зелен картон на патничко возило до 66 KW на годишно ниво изнесува 3.690 денари, а за над 66 KW за една година е 5.536 денари.
Цена за патничко возило до 66 КЊ за месечно ниво е 1.850 денари, а за возило над 66 KW е 3.075 денари. За влечните и специјалните возила, моторциклите, приклучни и работни возила цената е 5.536 денари.
Цената за товарните возила и автобусите е 17.222 денари.
Зелениот картон може да се набави во сите подружнници кои работат во рамките на Станиците за Технички преглед на АМСМ низ Македонија.
Граѓаните на Македонија заедно со соседните земји бараат да се укине зелениот картон за возилата при излез од државата и предлагаат да се прифати европскиот модел во кој зелениот картон е дел од премијата за осигурување од одговорност од употреба на моторни возила (автоодговорност).
И покрај упорните барања на српските граѓани, кои често минуваат низ Македонија кога одат на летување во соседна Грција, засега нема најави или преговори за укинување на оваа обврска.
Сопствениците на возила од Србија за во Македонија потребно е да имаат зелен картон бидејќи нашата држава не е во Системот на зелен картон, не е член на Мултилатералната спогодба. Оттаму велат дека надлежните во Македонија овој документ не го бараат на сите што ја поминуваат македонската граница.
Од здружението на осигуреници на Србија истакнуваат дека во 1994 година, врз основа на едностраниот договор, кој беше дел од условите на овие земји за членство на Македонија во Системот на зелен картон, на возилата од Хрватска, Словенија и Унгарија им било овозможено во Македонија да влезат без зелен картон. Но овој закон не важи и за возачите од Македонија. На возачите од Македонија се уште им е потребен зелен картон за овие три земји. Со влезот на Хрватска во Европска унија, овој едностран договор престана да постои, па сега и возачите на Хрватска мора да имаат зелен картон при влез во Македонија.
Во многу земји, на пример во Германија, Швајцарија, Австрија, Шведска, зелениот картон се издава бесплатно или чини премногу симболично, само неколку евра, што ги покрива трошоците за печатење. Според нив, во некои земји, се наплаќа само зелениот картон, додека во други цената на картонот е вклучена во цената на полисите на задолжително осигурување од автоодговорност. Во овој случај (кога цената на зелениот картон е вклучена во цената на полисите) возачот нема можност да одлучува дали му е таа потврда потребна или, пак не.
Според АМСМ, зелениот картон се издава врз основа на издадена полиса за осигурување од автомобилска одговорност од соодветната компанија и е замена за полисата за осигурување од автомобилска одговорност издадена за матичната земја со важност за сите земји-членки наведени во полисата.