Промовирани огласи »

Претседателот на Европскиот Парламент, Антониот Тајани, му испрати официјално писмо на Марк Закерберг повикувајќи го да сведочи за скандалот со Кембриџ Аналитика.

Тоа е втор јавен повик до сопственикот на социјалната мрежа Фејсбук да дојде во Брисел да сведочи пред европратениците. Тајани првпат му испрати писмо на Закерберг  на 20-ти март, но тој предложи да го испрати својот заменик-претседател за надворешни работи, Џоел Каплан.

Сите политички групи истакнаа дека вашето лично присуство е апсолутно потребно, му напиша Тајани на Закерберг.

Образложението на ЕП е дека Фејсбук чие меѓународно седиште е регистрирано во Даблин, Ирска и како такво им подлежи на европските закони.

-Фејсбук мора да соработува и да биде одговорна пред Европскиот Парламент кој е регулатор на европското законодавство, потсетува Тајани, додавајќи дека господинот Цукерберг има одговоност лично да даде објаснувања на народните избраници на граѓаните на ЕУ како што направи со Конгресот.

Како што јавува дописничката на МИА во Брисел, претседателот на Парламентот смета дека спречувањето на идните злоупотреби на личните податоци на европските граѓани треба да се процени во рамките на претстојното стапување на сила на новата регулатива на ЕУ за заштита на податоци, попозната како ГДПР.

Европската Комисија, извршното тело на ЕУ, исто така испрати писма со барање за објаснувања од раководството на Фејсбук, но не побара сведочење. Фејсбук одговори дека е подготвен да соработува.

Над 2 милиона европски граѓани се засегнати од злоупотребата на лични податоци од страна на Кембриџ Аналитика преку Фејсбук. Закерберг веќе сведочеше пред американските пратеници.

Промовирани огласи »

Пониски цени за  роаминг и за земјите од Западен Балкан, кои не се членки на Унијата. Ова е една од заложбите на лидерите од регионот, за која се дискутираше на Дигиталниот Самит.

На иницијативата на Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, кои сакаат нивните граѓани да плаќаат помалку  кога зборуваат во регионот и Унијата, се приклучуваат и Албанија и Косово. Падот на цените е  прифатлив и за Европската Комисија. Како би се движело намалување и за колку проценти, ќе се прецизира наредниот месец  во Софија

Се разбира, основен чекор е двете држави, што сега не се вклучени во спогодбата на четирите земји, тоа да го направат за да може во тој момент Европската комисија да има поголема сила во  преговорите со сите учесници во процесот.  Ние заедно со институците и операторите неколу месеци разговараме и преговараме што ни дозволува на 17 мај во Софија да претставиме конкретен план за намалување на цените за роаминг што и за нас и за сите граѓани од шестте држави е многу важно, изјави еврокомесарката за aglasi Gabriel

Намалување на цените е сложена тема, за која на Унијата и требаа 10 години за да ја реазлириза, вели Габриел, но понсики цени мора да има. Основна цел е граѓаните да плаќаат помалку, а загубите на телекомуникациуските компании, кои треба да се откажат од дел од профитот за да ги намалат цените, ќе се компезираат со посебен фонд,кој би го обезбедила Владата

Заедно со министерот за финансии, веќе предвидуваме нови средства постојано давајќи поддршка за дигиталната агенда во Македонија и верувам дека како ќе имаме сè поголеми успеси ќе бидеме повеќе охрабрени да алоцираме во буџетот поголеми средства од досега предвидените, изјави Заев.

И министерот Манчески очекува драстично намалување на цените за роаминг , заеднички пристап за подобар широкопојасен  интернет, и меѓусебно  признавање на дигиталните сертификати. Според него, Балканот со дигитализацијата  може многу побрзо да се интергира во Унијата, отколку со политиката.

Промовирани огласи »

Од 15-ти следниот месец Народната банка на Република Македонија првпат воведува полимерни банкноти со апоенска вредност од 10 до 50 денари.

Од 15 мај годинава, Република Македонија ќе биде на мапата на државите чијашто централна банка има започнато процес на полимеризација на банкнотите на националната валута. Македонскиот денар ќе се вбројува меѓу валутите чии банкноти со пониска апоенска вредност, коишто се и најзастапени во одвивањето на готовинските трансакции, се изработени на најсовремен начин и од најсовремен материјал, соопштуваат од Народната банка на Република Македонија.

Според банката оценува дека ваквите банкноти не се оштетуваат лесно, што не е случај со хартијата и имаат многу подолг век од хартиените.

Анализите покажуваат дека животниот век на банкнотите изработени од полимер е подолг за 2,5 до три пати, а во некои случаи и за четири пати од оној на банкнотите изработени од хартијата во чијашто основа се памучни влакна.

Полимерните банкноти не може лесно да се скинат при секојдневна употреба, ниту, пак, може лесно да се оштетат при допир со вода, а се и неколкукратно поотпорни на влага во споредба со хартиените. Мошне важно, супстратот од којшто се изработуваат полимерните банкноти спречува апсорпција на нечистотија, со што овие банкноти не само што имаат подолг животен век од хартиените, туку се и похигиенски за употреба од страна на граѓаните, посочуваат од НБРМ.

Додават дека покрај долгиот животен век на овие банкноти нивната употреба значи и заштеда на ресурси и средства бидејќи потребата од нови изданија со иста апоенска вредност во иднина ќе биде многу помала.

Народната банка наведува дека изработувањето банкноти од многу тенка, флексибилна пластична фолија овозможува нивниот дизајн да содржи безбедносни карактеристики и заштитни знаци кои не може масовно да се репродуцираат со употреба на воспоставените техники за фалсификување банкноти.

– Полимерните банкноти како заштитен знак можат да содржат и транспарентен прозорец, што не е возможно кај банкнотите од хартија изработена од памучни влакна.

Производството на банкноти од полимер, сметаат од НБРМ, не само што се редуцираат трошоците на централната банка, туку се придонесува и за заштита на животната средина.

Истражувањата потврдуваат дека банкнотите изработени од полимер се поеколошки од оние коишто се изработени од хартија. Меѓу другото, на крајот на животниот циклус на парата, доколку е изработена од хартија, таа се поништува, се реже и остатоците се носат на депонија, односно се горат, додека доколку е изработена од полимер, по режењето, таа се рециклира заради нејзино натамошно користење за добивање материјал од којшто се изработуваат пластични предмети за секојдневна употреба. Анализите покажуваат и дека полимерните, за разлика од хартиените банкноти, се енергетски поефикасни во процесот на изработка. Исто така, фактот што банкнотите изработени од полимер имаат помала тежина од хартиените придонесува нивниот транспорт и нивната дистрибуција да се посоодветни за зачувување на животната средина, наведуваат од НБРМ.

Појаснуваат дека полимерот овозможува на банкнотите да има втиснати ознаки во вид на издигнати точки, коишто се корисни за распознавање на различните апоени од страна на лицата со оштетен вид.

Полимерните банкноти почнуваат со употреба во 1988 година и тоа во Австралија, денес се употребуваат во над 20 држави, меѓу кои, покрај Австралија се и Канада, Велика Британија, Нов Зеланд, Малдиви, Брунеи, Романија итн.

Од 15 мај годинава, Република Македонија ќе биде на мапата на државите чијашто централна банка има започнато процес на полимеризација на банкнотите на националната валута. Македонскиот денар ќе се вбројува меѓу валутите чии банкноти со пониска апоенска вредност, коишто се и најзастапени во одвивањето на готовинските трансакции, се изработени на најсовремен начин и од најсовремен материјал.

МИА

Промовирани огласи »

Во декември 2017, францускиот министер за образование објави дека мобилните телефони ќе бидат забранети  во основните  и средни училишта, нарекувајќи го прашањето за "јавното здравје“. Почнувајќи од септември 2018 година, на студентите нема да им биде дозволено да ги користат телефоните на одмори, на ручек, или меѓу часовите.

Децата повеќе не играат на пауза, изјави тогаш Жан-Мишел Бланкер за медиумите.

Тие ги користат само нивните паметни телефони и од образовна гледна точка, тоа е проблем.

Емануел Макрон, младиот нов претседател на Франција, предложи слична забрана во неговата кампања претходно во 2017 . Поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, исто така, се обиде да забрани мобилни телефони во 2006 година, но родителите се жалеа на неконзистентно спроведување и дека не можат да контактираат со своите деца. Бил де Бласио, наследникот на Блумберг, ја укина забраната во 2015 година, повикувајќи се на нееднаквост (политиката беше повеќе употребена во училиштата со метални детектори, кои имаат тенденција да бидат посиромашни). Сега директорите во Њујорк измислуваат сопствени политики за мобилни телефони, или стандардно на стандардот: Студентите можат да ги носат своите телефони на училиште, но мора да ги чуваат надвор од видното поле.

Истражувањето е на Блумберг и од страна на француската влада. Според еден работен документ од 2015 година (pdf) објавен од Лондонската школа за економија, училиштата што ги забранија мобилните телефони покажаа дека резултатите од тестовите за 16-годишниците се подобрени за 6,4%, или еквивалент на додавање на пет дена во учебната година. „Утврдивме дека не само што се подобри успехот на учениците, туку и дека учениците со ниски примања добија најмногу", изјавија економистите Филип Беланд и Ричард Марфи за Би-Би-Си.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »