Промовирани огласи »

Субвенции за велосипеди, нов екоавтобус и велосипедски патеки, најави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. 

Јавниот повик за субвенции за велосипеди ќе биде објавен денеска, а за првпат ќе им се овозможи и на лицата со телесен инвалидитет да аплицираат на огласот.

Воведовме измени во Правилникот со цел да овозможиме поголем број граѓани да добијат субвенции, а за првпат им овозможуваме и на лицата со телесен инвалидитет да добијат можност да аплицираат на јавниот повик. На овој начин, со мало намалување на максималната висината на субвенцијата, обезбедуваме субвенции за велосипеди за околу 1.000 граѓани повеќе во однос на минатата година, изјави Шилегов, додавајќи дека субвенциите ќе се доделуваат по принципот прв дојден-прв услужен.

Автобусот на гас, за кој е потпишан договор со полската компанија „Соларис“, ќе сообраќа на линијата број 2 на релација од Автокоманда до Сарај и обратно.

Споредено со потрошувачката на старите дизел-автобуси, овој автобус троши двојно помалку, што дополнително ќе ги намали трошоците за гориво на ЈСП. Најголемата предност е тоа што емитува значително помалку СО2, што речиси воопшто не го загадува воздухот, истакна денеска Шилегов.

Претходно, потпишани се договори и со „Чериот Моторс“ за електричен автобус и со „МАК АУТО СТАР“ за автобус на гас коишто ќе сообраќаат пробно низ улиците на Скопје.

Годинава, како што посочи скопскиот градоначалник, се предвидува буџет за субвенции за набавка на екоавтобуси во висина од 100 милиони денари за ЈСП, како и во висина од 20 милиони денари за приватните превозници. 

Од Градот истакнуваат дека забрзано се работи и на изградба на нови и реконструкција на веќе постојните велосипедски патеки, а во завршна фаза е и изградбата на велосипедската патека по должина на булеварот „8 Септември“. 

Промовирани огласи »

Секси Русинка која работела како службеничка во руската влада, добила отказ откако нејзините провокативни фотографии на социјалните мрежи откриле нешто што руската бирократија не го простува.

Доколку мислите дека Елеонора Вербицкаја доби отказ поради непримерни фотографии, не сте во право. Поранешната службеничка во руската влада е избркана бидејќи покрај државната работа таа работела и приватно – пуштала музика во познати диско-клубови во Русија.

Според информации од руската служба, до кои дојдоа локалните медиуми, Елeонора била стационирана во Санкт Петерсбург и имала чин помлад офицер.
 
Според изјавата на нејзините шефови,  мултиталентираната Русинка со уметничко име Ди-Џеј Елис Секстон, наскоро ја очекувало унапредување но кариерата и ја упропастија  фотографиите на социјалните мрежи.

На шефовите не им сметала голотијата туку пуштањето музика во ноќни клубови.

Промовирани огласи »

Откако ќе го завршите вашето CV и ќе аплицирате за некое работно место, потребно е да се подготвите за предизвиците кои пред вас ќе ги постави интервјуто за работа. Нема да ви биде тешко да се подготвите за одговарање на прашањата, но треба да размислувате и за самодовербата која ја покажувате додека разговарате со интервјуирачот.

Една од најважните работи на кои треба да обрнете внимание е говорот на телото, бидејќи тоа може да одлучи дали ќе ја добиете работата или не.

Кога ќе се претставите на интервјуирачот, многу е важно да одржувате контакт со очите. Ова можеби ви личи премногу очигледно, но одржувањето на контакт со очите е една од најважните работи кај работодавците бидејќи тоа дава до знаење дека го почитувате соговорникот. Сепак, тоа не значи дека треба да претерувате со одржување постојан контакт бидејќи тоа може да изгледа морничаво. Наместо тоа, повремено погледнувајте кон други делови од лицето на соговорникот.

Експертот за говор на тело, Пети Вуд, вели дека тоа треба да изгледа како да танцувате со другата личност во текот на разговорот, бидејќи ако сте некоординирани целата ситуација ќе биде многу незгодна. Не се плашете да го копирате говорот на тело на соговорникот, па така ако тој се навали нанапред, и вие направете го тоа. Во најголем дел од случаите соговорникот нема ни да забележи дека го правите тоа.

Исто така, внимавајте што правите со рацете. Покажувањето на дланките асоцира на искреност и посветеност, додека прекрстувањето на прстите на двете раце покажува самодоверба. Од друга страна, тапкање со прстите по масата покажува дека сте нетрпеливи, па пробајте да го избегнете тоа.

Климањето со глава е добар знак кој му покажува на соговорникот дека го слушате. На тоа додадете и насмевка, за соговорникот да знае дека сте возбудени и среќни што сте добиле шанса да добиете интервју за работа во таа компанија.

Промовирани огласи »

Без оглед на тоа колку обврски имаме во текот на денот, сепак мораме да се држиме до некаков план и распоред за да можеме успешно да ги завршиме сите планирани работи. Сепак, често имаме навики кои не одалечуваат од целта и не прават непродуктивни, а често не сме ни свесни за нив.

Премногу обврски

Често се нафаќаме на повеќе одошто можеме да завршиме и се соочуваме со ограничувања, стрес и нервоза. Не морате да ги прифаќате сите обврски доколку не можете да постигнете. Дајте си малку простор и за да дишете.

Управувани сте од технологијата

Наместо вие да ја управувате технологијата, дозволувате таа да ве управува вам. Постојано сте загледани во телефонот во сите нотификации кои пристигнуваат. Продуктивните луѓе не минуваат часови на Фејсбук и не дозволуваат известувањата и звуците од нивниот телефон да им пречат во извршувањето на обврските.

Немате план

Неуспехот да се направи план носи неуспех за секоја задача. Без план, не можете да постигнете многу бидејќи само експериментирате и си ја трошите енергијата. Пробајте да направите план и да видите колку полесно ќе ви оди извршувањето на обврските.

Недостаток на фокус

Постојаното префрлање од една работа на друга е сигурна формула за неуспех. Фокусираната личност поставува приоритети и се држи до нив.

Недоволно спиење

Мислите дека не ви е потребно многу спиење бидејќи сакате да ги завршите сите работи? Се лажете. Добриот и квалитетен сон е неопходен за секоја личност. Освен тоа, така ќе имате и повеќе енергија, концентрација и фокус во текот на денот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »