Промовирани огласи »

Колку народните избраници во земјата се активни на социјалните мрежи? Дел од нив речиси секојдневно објавуваат содржини за одржан говор или меѓународна посета а некои нивни колеги, пак, се појавуваат на интернет просторот само во период на  предизборни кампањи. Од последната анализа направена од Бојан Кордалов специјалист за нови медиуми, 0д 120 пратеници 112 користат фејсбук а 31 твитер. Според него, фалењето на претставници од законодавниот дом или други политичари за нивните активности не значат ништо доколку немаат двонасочна комуникација со граѓаните. 

Имаат профили но некои ретко објавуваат, а и кога имаат објавено нема двонасочна комуникација со граѓаните. Тоа е многу потребно бидејќи на тој начин ќе знаат што бараат граѓаните, ќе дознаат некоја нова идеја или материјал за амандмани и промени на закони, вели Бојан Кардалов специјалист за нови медиуми. 

Доколку неможат пратениците , експертите со совет дека треба да ангажираат посебни тимови кои ќе работат на социјалните медиуми за нивна брза и навремена комуникација со граѓаните. Од друга страна, треба да ги следат и светските практики како што се примерите со конгресмените во САД.

Се предлага  Собранието на Република Македонија на својата веб страна, во делот наменет за секој пратеник да додаде контакт од нивниот Фејсбук профил/страна, но и други социјални медиуми. Кои ги користат и на овој начин, граѓаните ќе можат директно да се обратат до секој пратеник. Ова го практикуваат пратеници и конгресмени во САД, Велика Британија и други западноевропски земји, вели Кордалов.

Од последната анализа, двајца пратеници повеќе се на листата на фејсбук корисници за разлика од лани. Во 2009 овој социјален медиум го користеле само 35 народни избраници. 

Промовирани огласи »

Книжните 10 и 50 денарки заминуваат во историјата. Веќе од утре, 15 Мај, веќе нема да можат овие пари да се употребуваат во секојдневието за пазарење.

Македонските денар ќе се вбројува меѓу валутите чии банкноти со пониска апоенска вредност, коишто се и најзастапени во одвивањето на готовинските трансакции, се изработени на најсовремен начин и од најсовремен материјал.

Промовирани огласи »

Од денес стапува на сила одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за ново поскапување на горивата за два денари по литар.

Со последната промена малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 70 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 71,5 денари за литар, а малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) од утре ќе чини 62 денари за литар. За два денари поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе се продава за 50,5 денари за литар.

Регулаторната комисија за енергетика, пред две недели донесе одлука за цените на бензините кои поскапеа за 2 денари. Во однос на цените минатата година ова време, тие се поскапи вкупно за 11 денари.

Промовирани огласи »

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска информираше дека договорот со нискобуџетската авиокомпанија „Визер“ истекува во јуни и во моментот се работи на критериумите за новиот тендер, кој ќе биде распишан наскоро. 

Во моментот се работи на критериумите на тендерот и набрзо тој треба да биде распишан. Нашата заложба е колку што може повеќе летови да бидат насочени кон Охридскиот аеродром - изјави Сугарески. 

Појасни и дека се планира да се направи подобрување на моделот за субвенционирање на нискобуџетските авиокомпании. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »