Промовирани огласи »

Повеќе од 10 000 Македонци аплицирале за бугарско државјанство, пренесе денеска бугарската новинска агенција БТА.

Овие потадоци ги изнела бугарската министерка за правда, Цецка Цачева, која одговарала на пратенички прашања во бугарскиот парламент.

Таа рекла дека во последната година вкупно биле поднесени 17 792 барања за бугарско државјанство кои во најголем дел биле поднесувани од страна на Македонци. Потоа следуваат барањата од државјани на Србија, Молдавија, Турција, Албанија, Израел и Русија.

Министерката истакнала и дека биле разгледани вкупно 16 313 барања, а државјанство било доделено во 9 848 случаи.

Промовирани огласи »

За првите четири месеци годинава дури 110 лекари ја напуштиле земјата и продолжиле со докторската дејност во Германија и други западно европски земји.

Од евиденцијата на Лекарската Комора, само десетина од нив се на едукација во странство. За лекарската фела ова е  загрижувачка статистика бидејќи годинешната  бројка е идентична со потврдите издадени во 2017. Најмногу одлив на лекарски кадар имало во 2015 и 2016 година кога надвор од границите на Македонија заминале 340 доктори.

Секако е загрижувачки да образувани млади луѓе ја напуштаат државата. Со колеги си дискутираме дека држава која има ваква младина не смее да се грижи за иднината на германија. За жал нашата младина ја школуваме и како високообразовни лица одат да работат во Германија, вели др. Калина Старделова Гривчева, претседател на ЛКМ

Податоците дека од 2010 до сега околу 1200 лекари заминале во странство, според Лекарската комора е доволен знак за итно преземање на мерки со кои ќе ги мотивираат студентите на медицина по дипломирањето да размислуваат за работа во Македонија а не да одат во други земји. Новиот закон за здравствен заштита кој е во подготовка треба да им гарантира работа на сите млади доктори.

Да се обидат на сите доктори кои ќе почнат специјализација да им се најде работа. Прво работа а потоа да се подобрат и условите за работа, вели др. Гривчева

Во бројката од 1200 заминати од државата не се и медицинските сестри, кои во многу поголем број ги напуштаат здравствените установи во државата, одат на интензивни курсеви по странски јазици и продолжуваат со работа во други земји.

Промовирани огласи »

Градски паркинг-Скопје соопшти дека од денеска, почнува летното сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ова јавно претпријатие. 

Работното време во зоните А, Б, Ц и Д ќе биде од понеделник до сабота од 7 до 23 часот.

Им препорачуваме на сите корисници на нашите услуги да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно со наведеното работно време, со што би се спречило нивно казнување, соопшти Градски паркинг-Скопје. 

Промовирани огласи »

Се прашувате дали имате евтина струја во попладневните часови? На многу лесен начин можете да дознаете.

Едноставно погледнете на дисплејот од броилото во периодот од 14 до 16 часот, од понеделник до сабота.

Доколку во тој период на екранот ви се појавува индикаторот Т2, тоа значи дека имате евтина струја.

Инаку евтина струја домаќинствата имаат и после 22 часот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »