Промовирани огласи »

Зонското паркирање ќе зафати делови од Кисела Вода, Карпош и Гази Баба. Според плановите на Јавното претпријатие „Градски Паркинг“, во овие три општини ќе се овозможат дополнителни 1.500 паркинг места.

Во Кисела Вода зонско парирање ќе има на четири улици, „Антон Попов“ (зона Д140), „Емил Зола“(Д141), „Иван Козаров“ (Д142) и „Вера Јоциќ“ (Д143). Во Гази Баба пак, зонско паркирање е на улицата „Индустриска“ во Автокоманда (Д20).

Зонското паркирање го зафаќа и Карпош 1, на улиците „Мирка Гинова” (зона Д40-Д59), „Иван Аговски” (Д40-Д59), и „Гиго Михајловски” (Д40-Д59), како и кај Лептокарија (зона Д70-Д79).

Промовирани огласи »

Проектот за повраток на ДДВ кај физичките лица најпрво ќе биде пуштен како пилот-проект во неколку општини, а потоа ќе се види како ќе функционира, рече вице-премиерот Кочо Анѓушев.

Во врска со повраток на ДДВ, тоа е проект кој се размислува како да не влијае негативно ниту на буџетот ниту на граѓаните. Мислам дека најпрво ќе се пушти како пилот-проект во неколку општини, рече Анѓушев кој додаде дека целосни информации можат да се добијат од министерството за финансии, бидејќи тоа е проект на министерството - изјави тој.

Повратокот на ДДВ кај индивидуалците како свој проект го наваи Владата во програмата на СДСМ за време на изборите во 2016 и 2014-та.

Промовирани огласи »

Повеќе од половина невработени млади во Македонија со више и високо образование на возраст до навршени 24 години би прифатиле работа само доколку платата изнесува од 20.000 до 30.000 денари, гласи во анкетата што ја публикуваше Заводот за статистика.

Точно 50,5 насто од оваа категорија првенствено би започнала да работи само ако толку изнесува првата плата. Само 2,2 насто од нив би се вклучиле во работен процес ако личниот доход не е повисок од 12.000 денари. Од преостанатите, 4,8% бараат прво што ќе им се исплати да биде повисоко од 30.000 денари, 35,9% би биле задоволни и би прифатиле од 16 до 20 илјади, а 6,3% се подготвени да излезат од дома и да се договорат со работодавачите за понуда од 12 до 16 илјади.

Поскромни се очекувањата кај постарите образовани кој во меѓувреме се без работа, а поголемиот дел од нив се со поголемо работно искуство. 44,2 проценти би прифатиле вработување за плата од 20 до 30 илјади, а 12,6 проценти приход од 12 до 16 илјади. Само 28,4 проценти кај оние од 50 до 64 години им е најважно платата да биде од 20 до 30 илјади.

Инаку општо кај младите невработени до 24 години, без разлика на степенот на образование, безмалку половина, односно 47,2 насто чекаат повик за плата од 12.000 до 16.000. Понатаму следуваат: 27,8%(16.000 - 20.000), 11,8%(8.000 - 12.000), 10,6%(20.000 - 30.000) и 0,8 (30.000 - 40.000). 

Вкупното работоспособно население на возраст од 20 до 24 години инесува 70,115. Стапката на вработеност изнесува 25,8 насто во 2017, додека стапката на невработеност е 44,8 насто.

Промовирани огласи »

Членовите на семејството стекнуваат право на семејна пензија по исполнување на општите и посебни услови.

Општи услови за стекнување право на семејна пензија:

Ако осигуреникот од кого се изведува правото на семејна пензија  до денот на смртта наполнил најмалку 5 години стаж на осигурување или најмалку 10 години пензиски стаж, или ако осигуреникот ги исполнува условите за стекнување право на старосна или инвалидска пензија, или бил корисник на старосна или инвалидска пензија.
Ако смртта на осигуреникот настанала како последица од повреда на работа или од професионална болест, членовите на семејството стекнуваат право на семејна пензија, без оглед на должината на пензискиот стаж на осигурениикот.

Посебни услови за остварување право на семејна пензија

Вдовец/вдовица стекнува право на семејна пензија ако:

до смртта на осигуреникот, по кој основ тоа право им припаѓа лицето наполнило 50 години живот;

до смртта на брачниот другар било неспособно за работа или таква неспособност настанала во рок од една година од денот на смртта на брачниот другар;

по смртта на брачниот другар останале едно или повеќе деца кои имаат право на семејна пензија по тој брачен другар, а вдовецот/вдовицата ги врши родителските должности спрема тие деца или

 до смртта на брачниот другар имало наполнети 45 години, кога ќе наполни 50 години живот – или ако во тие години станало неспособно за работа.

Вдовецот/вдовицата кој во текот на користењето на правото по основа на вршење на родителска должност  (од став 3 погоре) стане неспособно за работа или наполнило 50 години живот трајно го задржува правото на семејна пензија.

Вдовецот/вдовицата кој го загубил/а правото на семејна пензија по основ на вршење на родителска должност по наполнети 45 години живот, стекнува право на семејна пензија кога ќе наполни 50 години живот.

Исто така  право на семејна пензија стекнува и вдовица кога:

  • детето на осигуреникот, односно корисникот на пензија е родено по смртта на осигуреникот, односно корисникот на пензија со тоа што семејната пензија и припаѓа од денот на смртта на осигуреникот, односно корисникот на пензија,
  • кај која постоела бременост на денот на  смртта на осигуреникот, односно корисникот на пензија со тоа што семејната пензија до раѓањето на детето се определува за еден член на семејството,
  • како и во случаевите ако детето е мртвородено или ако умре пред навршувањето на 45 дена живот, на вдовицата и припаѓа семејна пензија до истекот на 45 дена по породувањето.

 Дете стекнува право на семејна пензија:

До наполнети 15 години живот, а ако е на школување до наполнети 26 години живот или ако пред смртта на осигуреникот, односно корисникот на пензија кој го издржувал било неспособно за работа или таквата несопсобност настанала во рок од 1 година од денот на смртта на осигуреникот, односно корисникот на пензија.

Ако школувањето на детето е прекинато поради болест, правото на семејна пензија може да се стекне, односно му припаѓа и за време на боледувањето до наполнети 26 години живот, како и над тие години, но најмногу за толку време колку што е изгубено од редовното школување поради болест.

На детето кое го прекинало школувањето заради отслужување на воениот рок, семејната пензија му се исплатува и за тоа време.

Ако во текот на користењето на правото на семејна пензија детето стане неспособно за работа, трајно го задржува правото на семејна пензија.

Детето-инвалид има право на семејна пензија по престанок на работниот однос.

Како неспособност за работа, врз основа на која се остварува правото на семејна пензија кај децата се смета несособност за самостоен живот и работа.

Како дете на школување се смета ученикот  во основно и  средно образование, стручно односно работно оспособување, студент на високообразовна установа и лицето на посдипломски студии, додека имаат статус  на ученик односно студент според статутот на  воспитно–образовната институција до навршување на 26 години живот.

Како школување на дете  се смета и времетраењето на стручното, односно работното оспособување на децата со пречки во психофизичкиот развој.

Покрај   наведените категории осигуреници, право на семејна пензија стекнува и родителот кога осигуреникот, односно корисникот на пензија го издржувал до својата смрт, се стекнува со право на семејна пензија ако:

1) до смртта на осигуреникот, односно корисникот на пензијата наполнил 55 години живот и

2) е помлад од 55 години, и ако до смртта на осигуреникот, односно корисникот на пензија бил неспособен за работа.

Правото на семејна пензија им припаѓа првенствено на брачниот другар и на децата на осигуреникот, односно корисникот на пензија. Родителите, посвоителите, внучињата и другите деца без родители кои ги издржувал осигуреникот, односно корисникот на пензија, имаат право на семејна пензија ако осигуреникот, односно корисникот на пензија немал членови на потесното семејство кои имаат право на семејна пензија или ако пензијата што им припаѓа на членовите на потесното семејство не го исцрпува полниот износ на основата од која се определува семејната пензија.

Семејната пензија се определува од старосната или инвалидската пензија што на осигуреникот би му припаѓала во часот на смртта, односно од пензијата што на корисникот на пензијата му припаѓала во часот на смртта.

Извор: Правдико

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »