Промовирани огласи »

Љубовната врска со колега или колешка на работа главно не се препорачува, но многу луѓе своите животни партнери ги запознаваат токму на работното место.

Површните врски не смеат да ни ја упропастат кариерата, смееме да се впуштиме само во сериозни врски и да се однесуваме паметно, тврди британскиот автор Ричард Темплат во книгата „100 правила за работа: најдобриот рецепт за личен успех“.

Врските на работа главно не се препорачливи бидејќи можат да бидат извор на огорченост, стрес, љубомора, растревоженост, деконцентрација, фрустрација и да ни наштетат во работата и врз угледот. Можеби така нема да биде додека врската е убава, но проблемите настануваат кога врската ќе западне во криза или ќе заврши. Повторно, многу луѓе, вклучувајќи го и авторот на книгата, токму на работа ги запознаваат своите животни партнери, па затоа тешко е да се каже – никогаш не започнувај ништо љубовно со колега или колешка.

Темплар сепак советува дека не смееме да се впуштаме во површни врски и флерт со колегите, на работа смееме да си дозволиме само сериозна врска. Нормално, никој не може да биде сигурен дека врската ќе трае вечно, но доколку веднаш е јасно дека нема иднина, треба да се воздржиме.

Секогаш треба да се запрашаме: дали оваа личност ми е поважна од работата? Да морам да се откажам од едното, што би избрал? Авторот препорачувва дека доколку одговорот е работата, слободно да се впуштиме во врска. Со малку среќа, нема да мораме да се откажеме од ниедно.

Доколку веќе направите нешто со колега или колешка треба да се однесувате зрело и одговорно. Тука се некои основни правила:

  • Не разменувајте нежности пред другите.
  • Без осамување, шепкање на уво и интерни шеги.
  • На најблиските колеги и претпоставените кажете им за својата врска бидејќи и онака тие сами ќе забележат дека нешто се случува, а нема да знаат што.
  • Однесувајте се како да не сте пар.
  • Замолете некои задачи да му бидат доделени на друг во случај да постои судир на интереси (тоа е една од причините поради кои вашиот шеф мора да знае за вашата врска.) На пример, не можете еден друг објективно да се оцените, казните или испрашате.

Промовирани огласи »

Повеќе од 10 000 Македонци аплицирале за бугарско државјанство, пренесе денеска бугарската новинска агенција БТА.

Овие потадоци ги изнела бугарската министерка за правда, Цецка Цачева, која одговарала на пратенички прашања во бугарскиот парламент.

Таа рекла дека во последната година вкупно биле поднесени 17 792 барања за бугарско државјанство кои во најголем дел биле поднесувани од страна на Македонци. Потоа следуваат барањата од државјани на Србија, Молдавија, Турција, Албанија, Израел и Русија.

Министерката истакнала и дека биле разгледани вкупно 16 313 барања, а државјанство било доделено во 9 848 случаи.

Промовирани огласи »

За првите четири месеци годинава дури 110 лекари ја напуштиле земјата и продолжиле со докторската дејност во Германија и други западно европски земји.

Од евиденцијата на Лекарската Комора, само десетина од нив се на едукација во странство. За лекарската фела ова е  загрижувачка статистика бидејќи годинешната  бројка е идентична со потврдите издадени во 2017. Најмногу одлив на лекарски кадар имало во 2015 и 2016 година кога надвор од границите на Македонија заминале 340 доктори.

Секако е загрижувачки да образувани млади луѓе ја напуштаат државата. Со колеги си дискутираме дека држава која има ваква младина не смее да се грижи за иднината на германија. За жал нашата младина ја школуваме и како високообразовни лица одат да работат во Германија, вели др. Калина Старделова Гривчева, претседател на ЛКМ

Податоците дека од 2010 до сега околу 1200 лекари заминале во странство, според Лекарската комора е доволен знак за итно преземање на мерки со кои ќе ги мотивираат студентите на медицина по дипломирањето да размислуваат за работа во Македонија а не да одат во други земји. Новиот закон за здравствен заштита кој е во подготовка треба да им гарантира работа на сите млади доктори.

Да се обидат на сите доктори кои ќе почнат специјализација да им се најде работа. Прво работа а потоа да се подобрат и условите за работа, вели др. Гривчева

Во бројката од 1200 заминати од државата не се и медицинските сестри, кои во многу поголем број ги напуштаат здравствените установи во државата, одат на интензивни курсеви по странски јазици и продолжуваат со работа во други земји.

Промовирани огласи »

Градски паркинг-Скопје соопшти дека од денеска, почнува летното сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ова јавно претпријатие. 

Работното време во зоните А, Б, Ц и Д ќе биде од понеделник до сабота од 7 до 23 часот.

Им препорачуваме на сите корисници на нашите услуги да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно со наведеното работно време, со што би се спречило нивно казнување, соопшти Градски паркинг-Скопје. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »