Промовирани огласи »

Два до три дена повеќе одмор за истата цена може да се искористи доколку се направи аранжман преку туристичка агенција од Србија, споредено со истото место за летување што го нуди туристичка агенција од Македонија. „Фактор“ направи споредба, на сугестија на туристите, и резултатите тоа го потврдуваат. Постојат случаи кога за истите пари за сместувањето преку српска туристичка агенција може да се летува девет дена, додека преку македонска туристичка агенција истата сума се плаќа за една седмица.

Ние бевме на одмор во Грција преку туристичка агенција од Србија затоа што беа поуслужливи, имаат подостапни цени и поголема понуда. Конкретно најголема разлика со нашите агенции има за аранжманите во Грција. Таму ако им се јавиш прават се да ти најдат смеsтување какво што бараш, додека на нашите им е најлесно да ти кажат дека нема место или немаат нешто што ти одговара. Секако и цените се пониски и тоа moжеби за 20 отсто - вели наша сограѓанка која лани на тој начин била на летување.

И самите туристички агенции од Македонија потврдуваат дека летувањето може да биде поисплатливо преку српските агенции, но дека не се чувствуваат загрозени од конкуренцијата од северниот сосед.

Тие имаат поголеми закупи и со тоа добиваат можност за поевтини цени. Имаат можност да направат поголеми туристички групи. Тоа не е спорно. Но сепак, на крајот, на самото место може да се отворат скриени трошоци, бидејќи тие имаат постојано свој претставник таму. За македонските туристи, доколку се нафатат, би можело билансот на крај да им се покаже поисплатлив, но конкурентите од Србија нас не може да не загрозат. Може имаат предност кај on-line клиентите, но стандардните муштерии, оние возрасни со деца, остануваат кај нас - изјави Сузана Зелениковска од Фибула Травел.

Во вила во Ханиоти доколку цената од 30 јуни изнесува 160 евра по лице за седум ноќи по македонски услови, за истата или само малку повисока сума, српските услови важат за девет или десет ноќи на истото или слично место во рамките на тој термин.

Промовирани огласи »

Патувањето во Грција за многумина е сериозен предизвик. Долгиот пат, големата гужва и полициските контроли даваат дополнителна тежина на патување. Имајќи во предвид дека летниот период патувањата во нашиот јужен сосед се зачестени, постојат неколку правила кои ќе ве спасат од полицијата и казните.

  • Во населени места има ограничување на брзината за автомобил (со или без приколка) од 50 км на час. На автопат ограничувањето за автомобил е 130 км на час. На останати патишта ограничувањето е од 90-110 км на час. За моторцикл ограничувањата се: 40 км на час во населени места, 90 км на час на автопат и 70 км на час на останати патишта.
  • За време на возење во Грција е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казната за непочитување на ова правило ќе ве чини 100 евра.
  • Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,05%, за нови возачи (дозвола до 2 години) и моторцилкисти 0,02%.
  • Од задолжителна опрема во автомобилот законот во Грција предвидува задолжително носење сигурносен појас и употреба на детско седиште во автомобилот.
  • Пред да тргнете на пат важно е да запаметите дека за влез во Грција не е потребна виза. Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило, ако возилото не е лична сопственост.

Промовирани огласи »

1 402 Македонци станале бугарски државјани од почетокот на годината.

Овие податоци денеска ги изнесе  бугарската заменик-претседателка Илијана Јотова која како што пренесуваат медиумите од Бугарија вкупно 2 098 странци се стекнале со  бугарско државјанство по потекло.

Според она што се пишува најмногу лица се стекнале со бугарско државјанство врз основа на документи за бугарско потекло, а бројката по други основи, на пример со натуралиузација, се многу помали. 

Истакнала дека не станува збор за построги правила по другите основи, туку дека нема начин како да се примат како веродостјни барањата на кандидатите за бугарско државјанство, кои немаат никаков документ за потекло.

Промовирани огласи »

Tриесет нови еколошки автобуси со погон на гас ќе бидат дел од возниот парк на Јавното сообраќајно претпријатие. Ова го најави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во обраќањето пред присутните на италијанско-македонскиот бизнис форум „Инвестициски проекти и можности во секторот транспорт, енергетика и животна средина во Македонија” што се одржа во Скопје.

Изминатиов период Градот Скопје и ЈСП интензивно работат на модернизација на возниот парк на јавното претпријатие и до крајот на оваа година очекувам да завршат постапките за набавка на 30 нови еколошки автобуси кои работат на гас. Новите екоавтобуси имаат значително помала потрошувачка, и речиси воопшто не емитуваат штетни гасови во воздухот. Покрај овие автобуси, сериозно размислуваме за набавка и на електрични автобуси, со што значително ќе се намали загадувањето на воздухот во Скопје – рече Шилегов.

Тој ги спомена и другите инвестиции и проекти кои Градот ги реализира во повеќе сектори, а заради заштита на животната средина, како што се зголемување на енергетската ефикасност во објектите во надлежност на Градот Скопје, пред се на објектите на средните училишта, новите сообраќајни и инфраструктурни планови, изградбата на прочистелна станица и друго.

На форумот учествуваа голем број италијански компании од секторите транспорт, енергетика и животна средина, заинтересирани за соработка со партнери од Македонија. Исто така, беа презентирани проекти и програми поддржани од Европската унија и од меѓународни финансиски институции, како и инвестициските и развојните проекти во патната и железничката инфраструктура, во енергетиката и во животната средина.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »