Промовирани огласи »

Во Македонија има голем број на празници, но сепак, голем дел од вработените во приватниот сектор, особено во малите фирми се на своите работни места како и вообичаено.

Во случај работодавачот да наложи да бидете на работа должен е тоа да го пријави во Трудовата инспекција и да ви исплати празнична дневница.

Законот предвидува дека за работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и платата за поминати часови на работа, зголемена за 50 отсто.

Ако при контрола од страна на трудовиот инспекторат е утврдено дека ваква дневница не била исплатена тогаш следи казна за работодавачот која може да биде во висина од 3.000 до 4.000 евра.

Промовирани огласи »

Исплата на к-15 не треба да очекувате доколку е исполнет еден од следните услови:

1. Вработен сте во некоја јавна институција, односно во јавниот сектор. Вработените во јавните институции се уште немаат право на к-15 бидејќи со нивниот Колективен договор од 2010 тоа не е пропишано.

2. Имате стаж во фирмата кој не е подолг од шест месеци со што автоматски не ви следува исплата на регрес за годишен одмор. К-15 се исплаќа само на работниците кои се пријавени кај ист работодавач најмалку шест месеци

3. Доколку работите кај еден ист работодавач подолг период од шест месеци меѓутоа имате прекин во работниот стаж.

Промовирани огласи »

Вака гласат огласите за продажа на автомобил. Најчесто препродавачите на автомобили се служат со трикови така што автомобилот кој го продаваат го огласуваат дека се продава во Карпош, а често локацијата која ќе ви ја договрат е трета.

Пред некој ден се јавив на еден оглас.Автомобилот се продаваше по поволна цена, продавачот ми објасни дека колата е пали вози.Иако човекот беше од Драчево средба ми закажа во Автокоманда.Со мене земав и мајстор зошто не се разбирам многу со коли.Човекот ја изнафали колата, но реалноста беше сосема поинаква и од огласот и од зборовите на продавачот, ако човек не се разбира лесно може да подпадне под триковите, вели еден скопјанец.

Купувањето користен автомобил може да биде заебан процес. Но, постојат неколку работи кои можат да го направат искуството полесно. Без разлика дали итно ви треба автомобил или сте започнале да си барате на танане, се надеваме дека овие совети ќе ви помогнат да добиете најмногу за парите и да го пронајдете автомобилот според вашиот буџет.

Идентификувајте го вашиот автомобил

Направете си листа на автомобили кои ви го прават кеифот да ги имате, се разбира според вашите финансиски можности. На кои автомобили им се восхитувате на улица? Ви се допаѓа автомобилот на некој од пријателите? Доколку е така, прашајте го што му се допаѓа, а што не кај неговиот автомобил. Не заборавајте и на потребите на вашето семејство, но имајте ја во предвид и потрошувачката на гориво.

Направете си математика што можете да си дозволите

Пред да се впуштите во купување автомобил важно е да седнете и реално да одредите колку финансии можете да оддвоите за автомобилот. Со високоте цени на бензините, мора да го земете во предвид и факторот километри на литар, како и колку ќе возите. Доколку планирате да земете кредитче, пресметајте убаво колкави ќе ви бидат месечните трошоци за рата и за гориво.

Направете мало истражување

Откако ќе го утврдите буџетот и неколкуте модели кои доаѓаат во предвид, истражете ги потенцијалните проблеми кои овие автомобили би можеле да ги имаат, како и нивните цени на пазарот. Посетете интернет форуми и сајтови за продажба на автомобили и информирајте се. Запомнете - постарите модели се поевтини, но ќе имате поголеми трошоци за нивно одржување.

Останете фокусирани

Штом почнете да пребарувате автомобили онлајн, вниманиео ќе ви го одземат многу фраерски количиња. Иако може да начекате некој шизички, спортски и евтин кој се чини како добра зделка, размислете дали е практичен за вашиот животен стил и потребите кои ги имате. Затоа, држете се до планот. Доколку купувате од некој плац за автомобили, држете го фокусиран и продавачот - не му дозволувајте да се обидува да ви нуди нешто сосема спротивно од тоа што сте побарале на финта „Еј, брат, а види го ова, ептен е сочувано, ќе ти го дадам за...“. Има многу автомобили кои се продаваат, не мора да купите од таму.

Проверете го автомобилот внимателно

Освен проверка на каросеријата, моторот и ентериерот на возилото, задолжително направете тест возење со затворени прозори и изгасено радио за да ја слушнете работата на моторот и да проверите дали се појавуваат чудни звуци. Пожелно е да направите и тест возење по нагорница, скопско Водно е идеално за тоа - доколку моторот е склон кон прегревање, во вакви услови на возење ќе покаже дека има зорт. На продавачот поставете му прашања за историјата на возилото, проблеми кои ги имал до сега и слично.

Побарајте ја сервисната книшка

Откако ќе напраите тест возење, задолжително побарајте ја сервисната книшка и проверете ја историјата на возилото. Доколку ја нема, не го купувате автомобилот.

Отидете на проверка кај механичар

Прашајте го продавачот дали се согласува да отидете кај механичар (по ваш избор, некој на кого му верувате) за да ја провери колата и да открие потенцијални проблеми. Доколку продавачот одбие - не го купувајте возилото.

Ценкајте се

Кога ќе сте сигурни дека пред вас е автомобилот кој сакате да го имате и дека сè е во ред со него, време е да разговарате за неговата цена. Никогаш не прифаќајте да ја платите првичната цена која ви ја кажал продавачот, секогаш има простор за договор.

Заминете дома среќни

Откако сте ја договориле цената која ве задоволува двајцата, пред да направите купопродажен договор проверете ги податоците од сообраќајната книшка дали се совпаѓаат со бројот на моторот, шасијата и регистрацијата. 

Промовирани огласи »

Источна Македонија се сели надвор од границите- причините се политичката нестабилност, лошата економска состојба, политичката нестабилност и ниските плати се клучните фактори за иселување на младите во странство.

Истражувањата на невладината организација Ини покажуваат заггрижувачки податоци ,дури 20% од населението во Источна Македонија засекогаш ја напуштиле државата и заминале за странство.

Најалармантна е состојбата во виничко-беровскиот регион каде цели села се иселени во Италија и Словенија.Во италијанскиот град Канели благодарение на виничани повеке се зборува македонски,отколку италијански. Млади речиси и да нема. Во овие градови останати се само оние кои успале да се вработат во државни институци додека сите останати својот напредок го гледаат надвор од границите.

Статистиката говори дека во КОчани,ВиницаКаменица и Делчево на 120жители се раѓа едно новороденче, а во Берово, Пехчево и Пробиштип на секои 150.

Иселувањето на младите во некој од европските држави е проблем и на останатите соседи.И таму причините за напуштањето на родните огништа се исти како и во Македонија.Се претпоставува дека во потрага за подобар живот изминатите неколку години се иселиле околу 1,5милион млади луге од Западан Балкан.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »