Промовирани огласи »

Пет лица биле тешко повредени, а 15 се здобиле со полесни поврњди во десет од 24 сообраќајки евидентирани изминатиот викенд на територијата на Секторот за внатрешни работи Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во 14 сообраќајки е причинета материјална штета, санкционирани се 271 возач за движење со поголема бризна од дозволената, а 83 се исклучени од сообраќај за возење под дејство на алкохол.

Полицијата исклучила од сообраќај и 46 нерегистрирани возила, за непрописно паркирање се изречени санкции за 168 лица, а „пајакот“ подигнал 91 возило.

Изречени се санкции и за 13 возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, 11 за неправилно престројување, двајца за неправилно престигнување, тројца за недавање првенство на минување на пешаци.

Промовирани огласи »

Убедливо највисоки просечни плати во Македонија земаат вработените во секторот компјутерско програмирање каде што просечната плата за април изнесувала 60.656 денари, што е прв пат просекот да надмине 1.000 евра.

Втори на листата се вработените во секторот воздухопловен транспорт со просечна плата од 52.058 денари, а на трето место се вработените во секторот поизводство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со плати од 43.368 денари.

На четвртото место е секторот телекомуникации со плата од 42.313 денари, а на петтот секторот финансиско-услужни дејности каде просечната плата изнесувала  41.367 денари.

Промовирани огласи »

Еден месец пред почетокот на електронската наплата на надоместокот за патарина, од Јавното претпријатие за државни патишта велат дека системот е подготвен да функционира на сите наплатни рампи на Коридорот 10 и ќе има попуст за овој начин на плаќање, додека цената за готовина останува ист..

Во прво време наплатата во готовина и со смарт- картичките ќе се одвива паралелно, но на различни ленти, објави Независен.

Целта, според директорот на јавното претпријатие, Зоран Китанов, е возачите и превозниците што побргу да ги увидат предностите на електронското плаќање и да се преориентираат кон употреба на картичките и микробрановите транспондери.

Од следниот месец во употреба влегуваат припејд-картичките и таговите, наменети за камиони и други превозници. Пластичната картичка се набавува само еднаш и потоа само ќе се надополнува. Нема да се купува, туку ќе чини онолку колку што ќе има кредит на неа. Постпејд-картичките ќе стартуваат од есен, вели Китанов.

Промовирани огласи »

На јавниот портал на Агенцијата за вработување во моментов стојат отворени над 9.000 огласи.

Се бараат разни видови на профили на работници, со различен степен на образование, стручност, искуство и во разни стопански и нестопански дејности, од страна на компании кои се лоцирани во различни региони и општини во државата. Финансиски службеници, комерцијалисти, наставници, сметководители, но и возачи, келнери, шивачи, работници во производство, обезбедувачи се само дел од профилите на кадар за кој се објавени огласи од страна на македонските деловни и неделовни субјекти.

Сите овие огласи се јавни и видливи и секое заинтересирано лице може да ги види на веб страната на АВРМ – аврм.гов.мк што претставува исклучително корисна платформа преку која значително се овозможува доближување на понудата и побарувачката на работа.

На оваа веб страна постојано се ажурираат податоците и граѓаните преку неа може да се запознаат со сите слободни работни места за кои се распишани огласи од страна на компаниите за нивно пополнување и е добра можност за лицата кои се невработени или пак кои бараат работа детално да се запознаат со моменталната состојба на пазарот на труд и доколку ги исполнуваат предвидените услови да аплицираат на истите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »