Промовирани огласи »

На јавниот портал на Агенцијата за вработување во моментов стојат отворени над 9.000 огласи.

Се бараат разни видови на профили на работници, со различен степен на образование, стручност, искуство и во разни стопански и нестопански дејности, од страна на компании кои се лоцирани во различни региони и општини во државата. Финансиски службеници, комерцијалисти, наставници, сметководители, но и возачи, келнери, шивачи, работници во производство, обезбедувачи се само дел од профилите на кадар за кој се објавени огласи од страна на македонските деловни и неделовни субјекти.

Сите овие огласи се јавни и видливи и секое заинтересирано лице може да ги види на веб страната на АВРМ – аврм.гов.мк што претставува исклучително корисна платформа преку која значително се овозможува доближување на понудата и побарувачката на работа.

На оваа веб страна постојано се ажурираат податоците и граѓаните преку неа може да се запознаат со сите слободни работни места за кои се распишани огласи од страна на компаниите за нивно пополнување и е добра можност за лицата кои се невработени или пак кои бараат работа детално да се запознаат со моменталната состојба на пазарот на труд и доколку ги исполнуваат предвидените услови да аплицираат на истите.

Промовирани огласи »

„Европскиот извештај – Извештај за сообраќајна незгода“ е образец изготвен од Националното биро за осигурување на Република Македонија. Истиот се добива бесплатно од друштвото за осигурување при склучување договор за задолжително осигурување (полиса) и на неговата задна страна содржи упатство за употреба во кое детално се наведени начинот и условите за негово користење.

И покрај тоа што во Република Македонија Европскиот извештај се применува уште од 2009 година, многу често граѓаните се во дилема: „Дали да се повика полиција или да се пополни Европски извештај? Дали, кога и како се користи Европскиот извештај? Прашањето е честопати поставувано, па токму затоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата советува и појаснува за најголемите дилеми на возачите поврзани со Европскиот извештај:

Европски извештај се пополнува само во случај на сообраќајна незгода со мала материјална штета и го пополнуваат учесниците во сообраќајната незгода. Европскиот извештај не се пополнува и не се потпишува во случај на сообраќајна незгода во која има повредени лица, загинати лица и во сообраќајна незгода во која настанала голема материјална штета. Под „мала материјална штета во сообраќајна незгода“ се подразбира штета настаната на објекти и на возила на кои не им се оштетени виталните делови за управување и за запирање, а возилата можат самостојно да се движат по патот.

Возачите-учесници во сообраќајна незгода во која е предизвикана мала материјална штета, откако ќе го пополнат и потпишат Европскиот извештај за сообраќајна незгода, се должни веднаш да ги отстранат возилата од коловозот и да овозможат непречено одвивање на сообраќајот. Прекршочен платен налог во износ од 250 евра, во денарска противвредност, ќе му се издаде на возачот-учесник во сообраќајна незгода кој постапува спротивно од наведената одредба.

Возачите-учесници во сообраќајна незгода во која е предизвикана мала материјална штета, кои пополниле и потпишале Европски извештај за сообраќајна незгода, не се должни за истата да го известат Министерството за внатрешни работи.

Европскиот извештај не претставува признавање вина и не значи дека меѓу возачите е постигната согласност за вината во сообраќајната незгода, ниту дека со потписот се признава вина, туку служи единствено за утврдување на фактичката состојба.

Полициските службеници на Министерството за внатрешни работи се должни да излезат на местото на сообраќајната незгода (Европски извештај не се пополнува во сообраќајна незгода) во која е предизвикана мала материјална штета, ако тоа го бара едниот од учесниците во сообраќајната незгода и тоа во случај кога:

  • едно од возилата нема регистарски таблици или не е осигурано
  • едно од возилата има странска регистарска таблица
  • е очигледно дека еден од возачите е под дејство на алкохол, дрога или други психотропни супстанции
  • еден од возачите не поседува возачка дозвола од соодветната категорија
  • на еден од возачите му е запишана прекршочна санкција во возачката дозвола – забрана за управување со моторно возило
  • еден од возачите одбива да даде свои лични податоци, односно податоци за возилото
  • еден од возачите го напуштил местото на сообраќајната незгода
  • ако возачот сам учествува во сообраќајна незгода.

Сопственикот на возилото е должен да го извести друштвото за осигурување со кое склучил договор за осигурување од автомобилска одговорност за настанувањето на сообраќајната незгода и да достави пополнет Европски извештај во рок од 30 дена од настанувањето на незгодата.

Учесниците во сообраќајната незгода, на барање на одговорното друштво за осигурување, се должни опширно да известат за околностите под кои се случила сообраќајната незгода, во спротивно, се должни да ја надоместат штетата настаната од неисполнување на обврската за известување.

Во случај на сообраќајна незгода со мала материјална штета во која учествуваат две возила, се пополнува само еден комплет Европски извештај. Доколку во незгодата учествуваат три возила, се полнуваат два комплета, четири возила – три комплета итн. Притоа, воопшто не е важно чиј примерок се пополнува, ниту кој го пополнува.

При пополнувањето на Европскиот извештај важно е да се користи хемиско пенкало.

Промовирани огласи »

Најевтино гориво во регионот, но и во Европа има Република Српска, каде што цената за литар бензин и дизел е едно евро. Во Федерацијата Босна и Херцеговина литар бензин е 1,09 еврo, а дизелот 1,07 евро.

Кога станува збор за Македонија, цената на „евросупер 95“ е 1,19 евро, на „евросупер 98“ е 1,23 евро, а на дизелот 1,06 евро, што значи дека нашата земја би се нашла веднаш зад БиХ на листата со најевтини горива.

Истовремено, во Србија бензинот е 1,29 евро, а дизелот е 1,36 евро.

Цената на литар бензин во Хрватска е 1,43 евро, а за литар дизел е 1,36 евро. Во Црна Гора цените се 1,41, односно 1,30 евро, додека во Словенија 1,36 и 1,30 евро.

Литар бензин во Албанија чини 1,44 евро, а дизелот чини 1,42 евро. Во Грција цените се 1,65, односно 1,31 евро, а во Италија литар бензин чини 1,64 евро, а дизел 1,52 евро.

Промовирани огласи »

78 137 денари била бруто платата во април во воздухопловен транспорт.

64 879 денари земале луѓето кои работат во секторот информации и комуникации.

Платите за оние кои работат во канцелариско-административни и помошни дејности и деловнопомошни дејности биле 41 760 денари.

78 137 денари била бруто платата во април во воздухопловен транспорт.

64 879 денари земале луѓето кои работат во секторот информации и комуникации.

Платите за оние кои работат во канцелариско-административни и помошни дејности и деловнопомошни дејности биле 41 760 денари.

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (13.3 %), Административни и помошни услужни дејности (4.1.%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.5 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април 2018 изнесува 35 117 денари.

Скопјанец вработен во приватното здравство минатата година земал месечна бруто-плата од 225.000 евра, односно неговата годишна бруто-плата изнесувала 2,7 милиони евра, што е највисоката плата исплатена во Македонија.

Најголемиот исплатен бонус, односно дополнителен приход од работното место лани изнесувал 416.000 евра. Ова го покажуваат податоците на Управата за јавни приходи (УЈП) собрани од годишните даночни пријави што ги поднесуваа граѓаните за 2016 година.

Податоците покажуваат дека највисоката годишна бруто-плата е исплатена во приватното здравство, по што следат фармацевтската индустрија, трговија на големо и информатичките технологии.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »