Промовирани огласи »

Најевтино гориво во регионот, но и во Европа има Република Српска, каде што цената за литар бензин и дизел е едно евро. Во Федерацијата Босна и Херцеговина литар бензин е 1,09 еврo, а дизелот 1,07 евро.

Кога станува збор за Македонија, цената на „евросупер 95“ е 1,19 евро, на „евросупер 98“ е 1,23 евро, а на дизелот 1,06 евро, што значи дека нашата земја би се нашла веднаш зад БиХ на листата со најевтини горива.

Истовремено, во Србија бензинот е 1,29 евро, а дизелот е 1,36 евро.

Цената на литар бензин во Хрватска е 1,43 евро, а за литар дизел е 1,36 евро. Во Црна Гора цените се 1,41, односно 1,30 евро, додека во Словенија 1,36 и 1,30 евро.

Литар бензин во Албанија чини 1,44 евро, а дизелот чини 1,42 евро. Во Грција цените се 1,65, односно 1,31 евро, а во Италија литар бензин чини 1,64 евро, а дизел 1,52 евро.

Промовирани огласи »

78 137 денари била бруто платата во април во воздухопловен транспорт.

64 879 денари земале луѓето кои работат во секторот информации и комуникации.

Платите за оние кои работат во канцелариско-административни и помошни дејности и деловнопомошни дејности биле 41 760 денари.

78 137 денари била бруто платата во април во воздухопловен транспорт.

64 879 денари земале луѓето кои работат во секторот информации и комуникации.

Платите за оние кои работат во канцелариско-административни и помошни дејности и деловнопомошни дејности биле 41 760 денари.

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (13.3 %), Административни и помошни услужни дејности (4.1.%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.5 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април 2018 изнесува 35 117 денари.

Скопјанец вработен во приватното здравство минатата година земал месечна бруто-плата од 225.000 евра, односно неговата годишна бруто-плата изнесувала 2,7 милиони евра, што е највисоката плата исплатена во Македонија.

Најголемиот исплатен бонус, односно дополнителен приход од работното место лани изнесувал 416.000 евра. Ова го покажуваат податоците на Управата за јавни приходи (УЈП) собрани од годишните даночни пријави што ги поднесуваа граѓаните за 2016 година.

Податоците покажуваат дека највисоката годишна бруто-плата е исплатена во приватното здравство, по што следат фармацевтската индустрија, трговија на големо и информатичките технологии.

Промовирани огласи »

Како што беше најавено, дел од цигарите во Македонија поскапуваат.

Сега кутија LD слим се продава за 5 денари повеќе или за 80 наместо досегашните 75 денари, за што говори и фискалната сметка во прилог.

Веќе беше најавено дека де лод цигарите ќе поскапат за 5, дел за 10 денари.

Промовирани огласи »

Триесетина медицински сестри од болници во Скопје и внатрешноста, овој месец доставиле барања до директорите за неплатен одмор.

Сите ќе одат на привремена работа во Германија, каде, според изјави на здравствени работници, платата е за десет пати повисока од македонската. Само во ГОБ 8-ми септември 5 инструментарки од операциони сали бараат неплатено на три месеци. Од болницата неофицијално коментираат дека ако заминат во странство тогаш повторно ќе мора да затвораат болнички одделенија како што беше во 2016 година. Во такви услови, оштетени ќе бидат и пациентите и здравствените установи.

Во Унијата секојдненво ни стигнуваат информации дека нашите колешки наоѓаат разно разни начини да заминат во странство. Оние што се со договор на дело учат интензивно германски јазик за да заминат во странство, бидејќи одве не успеале на конкурсите за вработување. Веќе вработени го користат законското право за неплатен одмор, заминуваат, и има и такви ако е добро и не се враќаат. Треба да има зголемување на плата и на бод, за да се спречи овој одлив на медицински сестри, изјави  сестра  Гордана Бешлиовска, координатор на Унијата на здруженија на медицински сестри, акушерки и техничари.

 Од Унијата, според неофицијални информации што ги добиваат, велат дека речиси сите млади медицински сестри по завршување на средното медицинско образование и по добивање на лиценцата веднаш почнуваат со интензивно учење на германски јазик. Нивната статистика покажува дека околу 3000 нивни колешки се на курсеви по странски јазици и ако не се спречи одливот, за неколку години ќе нема медицински сестри во државата.

Наредната недела имаат средба со министерот за здравство каде на маса ќе ги изнесат нивните барања за поголеми плати, дежурства како и формирање на комора.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »