Промовирани огласи »

Регулаторна комисија за енергетика денеска ги соопшти новите цени на бензините.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98,  и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), останаа непроменети во однос на цените утврдени со Одлуката од 26.06.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголеми за половина цент и изнесува 64 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остана иста 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 изнесува 34,711ден/кг. 

Промовирани огласи »

Граѓаните ќе плаќаат пониски казнени камати на јулските сметки за струја, вода, парно, но и за потрошените кредитни картички или денарски кредити ако задоцнат со плаќањето, пишува Фактор

Од први јули се намали основата за пресметка на таканаречената затезна камата за 0,25 процентни поени. Тоа автоматски значи дека ако има доцнење и каматата ќе биде пониска. Во земјава основа за пресметка на казнените камати е основната камата на Народната банка (НБМ) која сега е 3 проценти. Бидејќи промените се прават на два пати во годината, пред први јануари и пред први јули, ако во полугодието кое поминало НБМ ја корегирало стапката на основната камата тогаш се менува и основата за пресметка на затезната камата. Од март годинава основната камата на НБМ или таа по која банките купуваат записи кај централната банка изнсува три проценти. Претходно беше 3,25 проценти, затоа и сега има промена.

Казнени камати наплатуваат банките за доцнењето во наплатата на кредитите на денарските кредити или кредитните картички, ако ратата не се плати по истекот на 30 дена од кога достасала за плаќање. Но затезни камати се пресметуваат и на сметките за телефон, па и за струја, парно. Пресметката е законски утврдена, а од 2010 година како основа се зема референтната камата на НБМ која важи ден пред усогласувањето. Всушност, од овој јули казнената камата за договори меѓу трговци и јавни претпријатија ќе биде 13 проценти, а досега беше 13, 25 или 10 плус стапката на основната камата. Законската казнена камата во договорите во кои барем едно лице не е трговец или најчесто за физички лица од јули ќе биде 11 процентни поени, а беше 11,25 отсто.

Инаку за кредитите во девизи казнената камата се одредува поинаку, односно се зема како основа едномесечната стапка еурибор, зголемена за десет проценти.

Ова се стапки само на казнените камати, додека банкарите, секако наплатуваат и редовни камати.

Наплатата е уредена во Законот за облигациони односи, каде стои дека таа се наплаќа без опомена на 30 дена од денот на приемот на фактурата или сметката, а ако тој ден не може да се одреди со сигурност тогаш се смета 30 дена по приемот на стоките и на услугите.

Народната банка има обврска да ја објави референтната каматна стапка за пресметка на казнената камата на почетокот на секое полугодие.

Промовирани огласи »

„Lucky days” во НЕПТУН! Денови на среќни купувачи од 09-12.07.2018г. со супер понуди, големи попусти и шопинг до 48 рати со happy кредитот!

НЕПТУН како најголем малопродажен ланец за бела техника и електроника во Македонија е препознатлив по овој концепт на продажба, каде им нуди на своите лојални купувачи исклучителна можност да набават производи од целокупниот продажен асортиман по промотивни цени и можност да плаќаат до 48 рати.

Сега е вистинско време за шопинг! Акцијата е активна на сите производи од сите категории. Разгледајте ги одличните понуди за: фрижидери, машини за перење алишта, плотни, фурни, клима уреди, телевизори, компјутери и таблети, па сè до мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина. Секој купувач ќе може да најде нешто соодветно и поволно за себе и за својот дом. Посетете ги продавниците на НЕПТУН ширум Македонија и уверете се самите! Побрзајте, акцијата трае само 4 дена.

Малопродажната мрежа на Нептун, 20 години е присутна на македонскиот пазар и во моментов е застапена со 25 продажни места во 21 град во Македонија, а вкупниот број на вработени брои над 400.

За да ги погледнете деталите околу акцијата и летокот за „Lucky days” кликнете на линкот: https://www.neptun.mk

Промовирани огласи »

Секој патник кој влегува во земјава има право да внесе до 10.000 евра во готовина без да ги пријави, додека секој што излегува треба да ја пријави сумата поголема од 2.000 евра при што приложува и потврда од овластена банка или менувачница.

Поголемата сума од 10.000 евра при влез на граничен премин патникот треба задолжително да ја пријави на царинските органи. Изнесување на ефективни странски пари над 10.000 евра и 120.000 денари е забрането.

Слободно да изнесат ефективни странски пари во износ до 10.000 по лице можат нерезидентите во РМ. Доколку изнесуваат ефективни странски пари над 10.000 евра задолжително се приложува на увид писмената потврда во која е евидентиран износот при влез од страна на царинскиот орган.

Во насока на побрз проток на патниците на граничните премини е воведен зелен канал за оние кои немаат стока за пријавување што подлежи на увозни давачки. Доколку имаат нешто за пријавување се користи „црвениот канал“ на кој се пријавува се што носи патникот со себе и во т.н. скратена царинска постапка се царини стока чија вредност не надминува 800 евра во денарска противвредност.

Секој патник во Македонија покрај личниот багаж и лекови за лична употреба, слободно може да се внесат до 200 цигари (или 100 цигарилоси или 50 пури или 250 грама тутун за пушење), еден парфем од 50 мл или една тоалетна вода од 250 мл и литар алкохолен пијалак или два литра вино.

Малолетни лица под 18 години не може да внесат алкохол и преработки од тутун.

При влез на патникот му се потребни и посебни дозволи за живи животни, суровини од животинско потекло, домашни миленичиња и за растенија. Забрана постои за оружје и муниција, недозволени супстанци, отрови и штетни материи, како и за фалсификувана и пиратска стока.

Граѓаните кои се враќаат во Македонија може да внесат слободно стока од некомерцијална природа во вредност до 350 евра, при што не се вклучуваат алкохолни пијалаци, преработка од тутун, парфеми и тоалетна вода.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »