Промовирани огласи »

акедонија се наоѓа на 68-то место во светот според брзината на широкопојасниот интернет во конкуренција на 200 држави, што е пад од 9 места во споредба со рангирањето во 2017 година. Со просечна брзина од 8,82 мегабити во секунда (Mbps), земјава се наоѓа зад повеќето држави од регионов во најновата анализа која ја изработува британскиот сајт за споредба на телекомуникациски услуги Cable.co.uk (клик)

Во споредба со земјите од окружувањето, Македонија има побавен широкопојасен интернет од Словенија (28), Бугарија (31), Хрватска (42), Србија (50), Косово (53) и Грција (57 место), додека интернетот е побрз во споредба со Босна и Херцеговина (71 место), Црна Гора (74) и Албанија (86).

Освен просечната брзина на широкопојасниот интернет, во анализата сликовито е презентирано и просечното време потребно за преземање филм со висока резолуција (HD) од 5 гигабајти за секоја држава. Додека во Македонија за тоа просечно се потребни 1 час 17 минути и 24 секунди, во Сингапур, кој е водечки на листата, филмот се презема за 11 минути и 18 секудни.

Покрај Сингапур, на првите пет места на земји со најбрз широкопојасен интернет во светот се наоѓаат и Шведска, Данска, Норвешка и Романија.

Најбавен интернет има Јемен, каде за преземање на еден HD филм се потребни скоро 37 часа. Во најлошите пет држави според брзината на интернетот се наоѓаат и Источен Тимор, Туркменистан, Сомалија и Гвинеја.

Анализата е спроведена во текот на 12 месеци до 29-ти мај и покажува дека 36 од првите 50 држави според брзината на интернетот се лоцирани во Европа, 9 од нив се од Азија и Пацификот, две од Северна Америка, две од Јужна и Средна Америка и една од Африка.

Промовирани огласи »

Државјаните на земјите од Западен Балкан во иднина ќе мораат преку интернет од Европската Унија да побараат дозвола за влез во Шенген зоната и иако не им е потребна виза за патување да платат такса од 7 евра – предвидуваат новите мерки кои ЕУ ги воведе за многу построг надзор на надворешните граници на Унијата.

Откако беше потврдена од Европскиот парламент, а потоа и усвоена од страна на Советот на министри на Унијата, мерката ќе стапи на сила од јануари 2021 година како дел од ЕТИАС системот.

Со мерката ќе бидат опфатени сите државјани на земјите кои не се членки на ЕУ, на кои ќе им биде потребна виза во Шенген просторот на ЕУ, вклучувајќи ги и земјите од Западен Балкан.

Како ќе изгледа целата процедура?

Откако ќе поднесе барање, патникот мора во рок од 96 часа да добие одговор дали неговата дозвола ќе биде издадена. Таа ќе важи 3 години, односно до крајот на важноста на патните документи.

Во самото образложение на овие мерки е наведено дека авиопревозниците и бродарските компании пред качување на патниците ќе мора да проверат дали тие располагаат со важечка дозвола за премин на границата на Унијата и влез во Шенген зоната.

Промовирани огласи »

Доколку се одлучите да летуватево Германија, Австрија, Турција, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина, Чешка, Холандија, Луксембург, Белгија, Франција, Италија, Словачка и Албанија  добро е да ја знаете оваа информација. За да добиете здравстевно лекување во овие земји единствен услов е да имате двојазичен образец за здравствено осигурување издаден од подрачните на ФЗОМ. Доколку го имате овој документ  за непоходни здравствени услуги ќе бидете третирани како и осигурениците на земјаата во која престојувате.

Се што треба да направат нашите осигуреници е пред патувањето во странство да се јават во подрачните служби каде ја поднесуваат пријавата за задолжително здравствено осигурување и пополнуваат барање за двојазичен образец кој важи и за студиски престој, привремено стручно усовршување или школување.

За да го добијат образецот, граѓаните мора да достават потврда од матичен лекар дека се здрави, а за жените и од гинеколог. Потоа треба да добијат мислење од лекарската комисија во Фондот, процедура која според надлежните може да биде завршена во еден ден.

Промовирани огласи »

Основачот на социјалната мрежа „Facebook“, Марк Закерберг ја зазема третата позиција меѓу најбогатите луѓе во светот. По минатонеделниот раст на вредноста на акциите на Facebook, богатството на Закербер се проценува на 81,6 милијарди долари.

Со тоа тој го недмина Ворен Бафет, кој според последните податоци поседува 81,2 милијарди долари.
Од почетокот на 2018 година, врендоста на акциите на „Facebook“ се зголеми за 15%

За прв пат во историјата на рангирањето, предводено од „Bloomberg“ и пласманот на најбогатите 500 луѓе на планетата, првите три позиции ги заземаат технолошки титани.

Основачот на „Amazon“, Џеф Безос, останува на лидерската позиција со 141 милијарда долари, по него следи Бил Гејтс основачот на „Microsoft“ со богатство од 94,2 милијарди долари.
Топ 10 од најбогатите луѓе во светот имаат вкупно 774 милијарди долари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »