Промовирани огласи »

Во текот на идниот месец според Законот за празниците имаме 3 неработни денови.

Првиот неработен ден е 2-ри август, Денот на Републиката и важи за сите граѓани на Република Македонија.

На две и пол недели од тогаш, доаѓа уште еден неработен ден – 21 август кога верниците од муслиманска вероисповед го празнуваат празникот Курбан Бајрам. Неработниот ден важи само за верниците од муслиманска вероисповед.

Третиот неработен ден е на 28 август во чест на празникот Успение на Пресвета Богородица и истиот е неработен за граѓани од православна вероисповед.

Промовирани огласи »

Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15 во износ од минимални 9.610 денари.

Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 9.610 денари (40 отсто од износот на просечната нето плата во последните три месеци) до 14.090 денари (40 отсто од износот на просечната бруто плата во последните три месеци), пренесе Букефал.

Промовирани огласи »

Согласно Законот за работни односи, секој работник има право на платен годишен одмор од најмалку 20 и најмногу 26 работни дена.

Законот предвидува годишниот одмор да се користи во два дела, со тоа што првиот дел мора да трае најмалку 12 работни дена и да се користи до крајот на тековната година, а вториот дел најдоцна до 30 јуни идната година.

Важно е да се напомене дека во годишниот одмор не се пресметуваат: празниците, саботите и неделите, отсуствата поради боледување и другите случаи на оправдано отсуство од работа.

Хонорарарците и другите нетипични видови на вработувања не се предвидени со Законот за работни односи, но морална обврска на менаџментот кој хи користи услугите на оваа група работници е да им овозможи еднаков третман во однос на користењето на одморите со другите вработени.

Законот предвидува прекршочка одговорност на сите работодавачи кои ќе ги прекршат одредбите недавајќи им одмор на своите работници.

Секое користење на годишен одмор треба да биде однапред утврдено со план за одмори и секако писмено да добиете документ за користење на годишен одмор – потпишан од работодавецот и од вас како вработени.

Доколку според работните обврски мора да работите за празник работодавецот е должен да ви исплати празнична дневница.

Промовирани огласи »

Вкупно 164,7 милиони евра е вкупниот долг на граѓаните и на фирмите кои се на листата на најголеми должници на Управата за јавни приходи (УЈП). Институцијата го објави последниот список на кој се најдоа 2.069 фирми и 1.812 физички лица.

Во јули вкупниот долг е за 1,5 милиони евра поголем ако се спореди со претходната листа. Нето долгот за даноци и придонеси изнесува 162 милиони евра, додека за царински давачки е 2,2 милиони евра.

На оваа листа се долгови кои се доспеани до крајот на март. Фирмите должат по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, но и за придонеси.

Прв најголем должник е охридски Отекс чиј долг изнесува безмалку 14 милиони евра. Но должници се и јавни и комунални претпријатија. ЈП Македонска радиотелевизија должи на пример 1,6 милиони евра.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »