Промовирани огласи »

Согласно Законот за работни односи, секој работник има право на платен годишен одмор од најмалку 20 и најмногу 26 работни дена.

Законот предвидува годишниот одмор да се користи во два дела, со тоа што првиот дел мора да трае најмалку 12 работни дена и да се користи до крајот на тековната година, а вториот дел најдоцна до 30 јуни идната година.

Важно е да се напомене дека во годишниот одмор не се пресметуваат: празниците, саботите и неделите, отсуствата поради боледување и другите случаи на оправдано отсуство од работа.

Хонорарарците и другите нетипични видови на вработувања не се предвидени со Законот за работни односи, но морална обврска на менаџментот кој хи користи услугите на оваа група работници е да им овозможи еднаков третман во однос на користењето на одморите со другите вработени.

Законот предвидува прекршочка одговорност на сите работодавачи кои ќе ги прекршат одредбите недавајќи им одмор на своите работници.

Секое користење на годишен одмор треба да биде однапред утврдено со план за одмори и секако писмено да добиете документ за користење на годишен одмор – потпишан од работодавецот и од вас како вработени.

Доколку според работните обврски мора да работите за празник работодавецот е должен да ви исплати празнична дневница.

Промовирани огласи »

Вкупно 164,7 милиони евра е вкупниот долг на граѓаните и на фирмите кои се на листата на најголеми должници на Управата за јавни приходи (УЈП). Институцијата го објави последниот список на кој се најдоа 2.069 фирми и 1.812 физички лица.

Во јули вкупниот долг е за 1,5 милиони евра поголем ако се спореди со претходната листа. Нето долгот за даноци и придонеси изнесува 162 милиони евра, додека за царински давачки е 2,2 милиони евра.

На оваа листа се долгови кои се доспеани до крајот на март. Фирмите должат по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, но и за придонеси.

Прв најголем должник е охридски Отекс чиј долг изнесува безмалку 14 милиони евра. Но должници се и јавни и комунални претпријатија. ЈП Македонска радиотелевизија должи на пример 1,6 милиони евра.

Промовирани огласи »

Ќе се намалува старосната граница за пензионирање на рударите. 

За таа цел Министерството за труд и социјална политика, преку Владата на Македонија ќе предложи законски измени и дополнувања. Оваа промена, денеска во Македонска Каменица, ја соопшти, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, на средба со рударите, менаџментот на рудникот САСА, дел од Синдикатите и градоначалничката Соња Стаменкова.

Реќе дека ќе се изготви законско решение со кое рударите ќе можат да остврат право на старосна пензија и со навршување на 40 години пензиски стаж за мажи, односно 35 години пензиски стаж за жени. 

Со предлог измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување се овозможува на осигурениците кои работат на работни места на кои стажот на осигурување им се смета со зголемено траење да им се намалува возраста за пензионирање пропорционално на времето поминато на работа со бенефициран стаж. Ова решение во моментот се однесува само за рударите, но со него се создава можност истата формула за пропорционално намалување на возраста да се применува на сите работници кои работат на работни места со бенефициран стаж.

Министерството за труд и социјална политика ќе продолжи со ветените активности во делот на бенефицираниот стаж за што веќе е подготвена анализа со поддршка на Светска банка, а ќе се прави и ревизија на сите работни места за кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење.

Промовирани огласи »

Единечното пакување на цигарите има форма на квадар со рамни или заоблени ивици и содржи најмалку 20 цигари, ова стои во најновиот нацрт закон за тутун, производи од тутун и сродни производи, пренесува Фактор

На пазарот до сега дел од кутиите цигари имаат по 19 цигари на број. Законот беше предложен уште лани, на текстот имаше коментари и забелешки, но и покрај тоа што беше објавена изменета верзија, се уште не го помина владиниот филтер.

Се забранува пуштање во промет на пакувањата на цигари кои немаат форма на квадар, кои содржат помалку од 20 цигари, со исклучок на пакувањата на цигари кои што се наменети за извоз, стои во нацрт законот.

Во продавниците каде има и цигари, се разбира пушачите тоа добро го знаат, дел од кутиите се со по 19 цигари внатре. Тоа впрочем се тие кои се пакуваат овде во Македонија.

Според одредбите, единечното пакување на цигари се состои од картон или мек материјал и не треба да има отвор кој ќе може повторно да се затвори или повторно да се залепи откако е еднаш отворено, освен капакот со преклоп (флип-топ) и капаците со преклопување.

Остануваат одредбите  дека на кутијата јасно треба да е наведено за каков производ станува збор, и колку содржи катран, никотин и јаглероден моноксид. Ако тоа не е наведено производот не смее да биде пуштен во продажба.

Исто така, не смее да се продаваат цигари кои содржат ознаки, зборови или изрази што упатуваат или сугерираат на тоа дека тој вид на приоизвод е помалку штетен па на кутијата е наведено дека е на пример Lowtar, light, mild, ultra light, односно малку катран, лесен, благ, ултра лесен и други слични ознаки.

Производот не смее да има ознаки кои ќе укажуваат на тоа дека има витализирачки, енергетски, исцелителски, подмладувачки, природни и органски својства. Не треба да личи на на храна или козметички производ и не смее да укажува на тоа дека одреден производ од тутун има подобрена биоразградливост или други еколошки предности.

Според законот, на единечното пакување на производите од тутун за пушење се ставаат општо и комбинирано здравствено предупредување. Општите се дека пушењето убива / пушењето може да убие или пушењето е штетно за вас и за луѓето околу вас.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »