Промовирани огласи »

Речиси една третина (29 проценти) од корисниците на роаминг од Македонија не ја знаат тарифата кога ја користат услугата, покажува последното истражување на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Во последните 12 месеци 18 проценти од населението користело роаминг. Мал дел од испитаниците (17 проценти) што знаат што е роаминг слушнале за договорот за регионален роаминг и од нив 20,4 проценти го користеле. Мнозинството од корисниците на регионален роаминг (80 проценти) сметаат дека тој е значително поевтин.

Најслабо запознаени со роамингот се лицата што имаат основно или пониско образование (54,7 проценти  не знаат што е роаминг) и лицата постари од 60 години (54,6 проценти не знаат што е роаминг). Повеќе од половина од испитаниците (59,3 проценти) што знаат што е роаминг не знаат дали имаат добра понуда за роаминг од својот оператор.

Според податоците од испитувањето на АЕК, во Македонија мобилна телефонија користи 95,8 проценти од населението, од кои 64,1 процент користат мобилен интернет, што е зголемување во однос на лани.

Задоволството кај тие корисници во однос на брзината на мобилниот интернет останува релативно иста (86 проценти), а цената и квалитетот се исто така на високо ниво како и во 2017 година.

Оне.ВИП, како што стои во наодите од испитувањето, е перцепиран како главен оператор кај 52,8 проценти од корисниците на мобилна телефонија, Македонски Телеком кај 46,5 проценти, а Lycamobile кај  0,9 проценти од корисниците. Процентот на корисници што се со двегодишен договор бележи мал пад од 1,7 проценти во однос на 2017 година и изнесува 58,4. Мнозинството од корисниците што склучуваат договор доплаќаат за телефонски апарат (46,2 проценти) или пак го добиваат бесплатно (31,8 проценти) од испитаниците.

Телефонски приговори упатиле 11,8 проценти од корисниците на мобилна телефонија, а бројот на незадоволни корисници од одговорот е намален за 10,6 проценти во однос на 2017 година.

Промовирани огласи »

Сопственикот на Амазон, Џеф Безос стана најбогатиот човек во светот откако неговото богатство надмина 150 милијарди долари.

И додека тој книжи милијарди, илјадници вработени во  европските магацини на американската компанија Амазон стапија во штрајк со барање за подобри услови за работа и поголеми плати. 

Вчера штрајкуваа магационерите на Амазон во Германија со што им се приклучија на колегите од Шпанија и Полска кои завчера стапија во штрајк. 

Германскиот синдикат на работници во услужните дејности Верди свика еднодневен штрајк за да ги поддржи барањата за договори кои би гарантирале здрави работни услови во магацините на најголемата светска компанија за онлајн трговија.

Промовирани огласи »

Фирми кои се во стечај или немаат сметки или пак имаат блокирани сметки, земјоделци, свештени лица – државниот пензиски фонд (ПИОМ) мака мачи да ги наплати старите долгови. Станува збор за побарувања од граѓани и фирми кои должеле и пред 2008 година, во време кога немаше интегрирана наплата на придонесите што сега оди преку Управата за јавни приходи (УЈП). Од тогаш датираат долговите кои ПИОМ уште не може да ги наплати. Според податоците кои ги има Фактор, на крајот на минатата година вака „заглавени“ се пари на ПИОМ во вкупна вредност од безмалку 111 милиони евра. Ние уште пред десетина дена се обративме во ПИОМ со прашања за тоа кои се најголемите должници, колку од земјоделците, но и од свештените лица должат од тогаш, но дали имаат податоци и колку поповите и оџите и сега плаќаат придонеси. Таков одговор од ПИОМ до денеска нема.

ПЛАЌААТ ЛИ СВЕШТЕНИТЕ ЛИЦА

Според податоци од нивната завршна сметка, од вкупните долгови тешки 111 милиони евра најголем дел се тие на фирмите кои отишле во стечај. По тој основ должат 606 фирми и вкупната сума е 35,2 милиони евра.

Долговите на над 1.000 фирми кои немаат жиро сметки се 7,8 милиони евра, додека компании кои се неактивни на ПИОМ му должат 19,5 милиони евра. Државниот пензиски фонд има должници и меѓу фирмите кои се со блокирани жиро сметки. Такви се над 3.000, а вкупно на Фондот му должат  над 19,2 милиони евра. Институцијата има побарувања и од 1.656 обврзници за кои се води постапка и сумата на долгот по овој основ изнесува 12,4 милиони евра. Долговите пак на други физички лица и индивидуални земјоделци изнесуваат 16,8 милиони евра. Сите овие пари ги должат 4.721 лице. Во ПИОМ не соопштуваат дали меѓу овие има и свештени лица и колку од нив ќе земат пензија, ако не плаќаат и сега. Останаа глуви на барањата на Фактор да одговорат на овие прашања, а одговори не добивме ниту од УЈП.

БЛОКИРАЛЕ СМЕТКИ, НЕ НАПЛАТИЛЕ

Во текот на минатата година од старите долгови кои се настанати до 2008 година ПИОМ успеал да наплати само 2,3 милиони евра. Сумата е симболична во однос на вкупната сума на побарувањата и е остварена од продажба на имот во стечајна постапка.

Во ПИОМ се смета дека причините за малиот обем на наплата на придонесите до кајот на 2008 година за кои постапка води Фондот, се поради тоа што освен постапката за присилна наплата односно да блокираат жиро - сметка немале други механизми да ги наплатат своите побарувања.

Фактор вчера објави дека лани од буџетот на државата за покривање во дупката во ПИОМ се дадени 463 милиони евра. Фондот секој месец позајмувал дополнителни пари кои ги враќал следниот, а како позајмици за цела година се водат над 115 милиони евра.

Промовирани огласи »

Во секоја фирма ги има, без оглед на тоа што правите. Сте промениле неколку работни места и се чини дека луѓето постојано се водат по истите шаблони и како да постои некаков однапред подготвен кастинг за секое работно место.

Ова се петте најчести типови луѓе кои сигурно ви се мотаат во канцеларија:

Сезнајковци

Без оглед на тоа која тема е во прашање, овој колега (или колешка, полот е неважен) е вистинска енциклопедија во движење. Постојано кажуваат некакви факти кои и не делуваат баш целосно точно, но го кажуваат тоа со таква самодоверба, што секогаш си велите дека сигурно знае што зборува. Нема врска што воопшто не се вклучени во муабетот, затоа што бидете убедени дека ќе најдат начин како да се уфрлат во него. Во текот на состанокот секогаш имаат навика дополнително да го одолговлекуваат процесот, затоа што мораат да ја искоментираат секоја ситница.

Канцелариската „Радио Милева“

Ниту една канцеларија не е имуна на озборување, но овој тип на колеги едноставно мислат дека нивна должност е да знаат сѐ што се случува во фирмата. Можете да се обложите дека знаат кој со кого е во врска, што им се случува на сите во приватниот живот и кога некој ќе добие отказ (дури и пред отпуштениот да го дознае тоа). Ако некогаш посакате да дознаете нешто или ако сакате да пуштите некој муабет во оптег, само отидете кај нив, тие сѐ ќе средат.

Во здраво тело, здрав дух!

Тие лабаво си зборуваат за трката од 20 километри на која трчале за време на викендот и неретко се случува за време на паузата да скокнат до теретана за полесно да се борат со стресот. Често можете да ги видите во тренерки и патики. Второто најчесто место каде што можете да ги видите е кујната, а таму мешаат туна и зелена салата и делат совети за здрава исхрана на секој кој сака (а и на оние кои не сакаат) да чуе. Овие колеги секогаш со себе носат витамини кои добро ќе ви дојдат ако почувствувате некакви симптоми на настинка.

Хаос во Лаос

Нивното биро е еден неверојатен и вечен хаос, биро на кое секогаш има 5 шолји кафе и чинии со трошки, а нивниот десктоп на компјутерот е нешто коешто никој не може да го разбере, а не па да пронајде нешто. Ги забораваат термините за состаноци и покрај 100 аларми и потсетници. Но, иако овие  луѓе најчесто ептен одат на нерви со својот хаос, сепак не можете да не им простите и да не ги сакате, затоа што најчесто се навистина прекрасни луѓе (покрај хаосот се разбира).

„Да, шефе!“ тип на луѓе

Овие луѓе на почеток секогаш се претставуваат како ваши пријатели, но би ве жртвувале уште при првата прилика ако тоа им одговара. И секако, шефот е секогаш во право и за овие луѓе нема лош момент за додворување на директорот или директорката.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »