Сведоци сме на брзите и чести промени на навиките на луѓето, особено кога станува збор за влијанието на технологијата и брзиот интернет врз луѓето. Во последно време често се прават разни истражувања и анализи за тоа како делуваат таквите текови врз одредени сегменти на секојдневниот живот.
Честопати овие анализи покажуваат резултати кои се доста по различни од нашата перцепција за реалноста, па затоа предизвикуваат дебата и размислувања. Понатака, секое поднебје ги има своите специфичности, и затоа нема универзални правила кои се секаде точни.
HR Тимот на KARIERA.mk ги следеше таквите анализи низ светот, и решивме дека најблиску до точните одговори ќе дојдеме доколку спроведеме една широка анкета во Македонија. Веруваме дека ваквите резултати ќе ни дадат насока за идни размислувања, а пред се ќе им помогне на нашите компании да увидат некои генерални почетни состојби.
Анкетата се спроведе на над 100.000 посетители кои го посетија сајтот grid.mk, од кои 2.734 одлучиле доброволно да одговорат на прашањата.
Од 2.734 добиени одговори, 36.8% одговориле Барам работа - невработен сум, додека 21.4 % искажале дека не бараат работа. Изненадувачки е најголемиот процент на одговори кои искажале дека Бараат подобра работа! – дури 41.8%.
Високиот број на одговори на луѓе кои бараат подобра работа отвори доста дилеми за нас. Во која мера се тие незадоволни од својата сегашна работа? Имаат амбиции за поголеми достигнувања? Дали сите тие го даваат максимумот на сегашните позиции? Дали се доволно платени за тоа што го работат?
Секако ваквите одговори ќе треба да се третираат со дополнителни анализи за да се добијат по прецизни параметри за реалната ситуација.
Понатаму, сакавме да дознаеме повеќе за навиките на луѓето кои активно бараат работа. Нашиот заклучок е дека се повеќе луѓето се одлучуваат своето вработување да го побараат преку интернет. На прашањето:
Дури 62% одговориле ДА! Меѓутоа, според нашата анализа, овој број би можело да биде уште повисок имајки предвид дека во Македонија достапноста на интернет е доста голема. 38% од испитаниците кои одговориле негативно може да се делумно скептични за таквиот начин на изнаоѓање работа или пак користат други начини кои сеуште се моќни.
KARIERA.mk ќе продолжи да спроведува слични кратки анкети, како и поопсежни анализи за кариерното развивање, и секако ќе бидат опфатени доста теми.