Промовирани огласи »

Почитувани,

Ве известуваме дека на ден 14.07.2018г. (сабота)поради реконструкција на водоводна мрежа ф-100мм на  ул. 23-Октомви  рас. со Бојмија со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од   висока  зона   Бојмија згр 2,4,6,8 и дел од ул.23-Октомври. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 до завршување.

Промовирани огласи »

Осум прашања кои треба да му ги поставите на вашиот потенцијален работодавец

Овие 8 прашања задолжително да ги поставите на крајот од интервјуто за работа

Разговорот за работа не е важен само за работодавачот да може подобро да го запознае потенцијалниот кандидат, туку и за кандидатот – да може да добие што е можно подобар впечаток за самата позиција, работното место и компанијата која би можела да го вработи.

За таа цел, „Бизнис Инсајдер“ ви нуди неколку конкретни прашања, што кандидатот на крајот од интервјуто задолжително мора да му ги постави на работодавачот, со што би го искажал својот интерес, во смисла на адаптација на новата работа и целиот тој процес.

Тоа што би било добро кандидатот да праша, а што би му било од корист е:

  • Дали ви одговорив на сите ваши прашања?
  • Кој би бил идеален кандидат за ова работно место, според вашето мислење и критериум, и дали сум јас тој кандидат?
  • Кој ви е главна конкуренција и кои се вашите предности во тој поглед?
  • Кои се слабостите на оваа работна позиција?
  • Како изгледа еден обичен работен ден?
  • Можам ли да направам уште нешто со што би ви помогнала за да ме одберете мене како идеален кандидат?
  • Дали знаете зошто вашите вработени сакаат да работат во вашата компанија?
  • Дали ова е некоја нова работна позиција и ако не е, зошто претходната ја напуштила работата?

Промовирани огласи »

Филипче: За шест месеци вработени се 1.100 лица во јавното здравство - од септември ќе се зголемат платите

Skopjeinfo.mk 1 час · Додаде дека планираат дополнителен бран вработувања на кадар

Во изминатите шест месеци околу 1.100 лица се вработени во јавните здравствени установи, најмногу доктори и сестри, а многу малку административни работници. Ќе продолжиме да ги имплементираме сите мерки со цел да ги задржиме младите доктори во државата, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека ќе продолжат со зголемување на платите од септември, дополнително и од јануари идната година и ќе ја подобрат едукацијата на начин што ќе соработуваат со странските универзитети.

За време на мојата посета на Израел беше договорена размена на доктори пред се во сферата на трансплантацијата, но и во сите други сфери на експертиза кои ќе ги одредиме како наши приоритети. Секој месец десет наши доктори ќе можат да заминат во една од најпознатите болници во Тел Авив да се едуцираат во своите струки, да останат колку што сметаат дека е доволно во зависност од нивото на експертиза и после да се вратат на своите работни места. Знам дека е тешко, но сум многу сигурен дека сето ова ќе ги мотивира лекарите да останат во нашата земја, рече Филипче.

Додаде дека планираат дополнителен бран вработувања на кадар за кој во моментот нема финансиски средства, за кои исто така ќе се обезбедат дополнителни средства од буџетот и тоа ќе биде во септември.

Пред се тука мислам на Здравствен дом Скопје на кој најмногу му недостига кадар за Итната медицинска служба, но и за други сервиси кои ги дава, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за пуштањето во употреба на Кабинетот за клиничка исхрана и за набавката на ендоскопски капсули на Клиниката за гастроентерохепатологија.

Промовирани огласи »

Први грантови за домашните компании од владиниот План за економски раст

10,5 милиони евра ќе бидат доделени за кофинансирање со четири мерки

На претставници на микро, мали и средни претпријатија денеска ќе бидат доделени грантови за финансирање на проектите со кои аплицираа на повикот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) со што почна примената на мерките од третиот столб на владиниот План за економски раст.

Со повикот се предвидува до крајот на годинава да бидат доделени 10,5 милиони евра за кофинансирање со четири мерки.

Првата мерка е за брзорастечки компании и „газели“ на кои им се нудат по 10 милиони денари, односно 30 отсто од вкупно вложените средства за набавка на нова опрема и финансирање на развој на нова технологија. Се однесува на компании со до 250 вработени и минимални годишни приходи од три милиони денари.

Со втората мерка се опфатени микро компании до пет вработени и годишен приход од три милиони денари, а им се нудат до пет милиони или 30 отсто за набавка на технологии и изградба на хали.Третата е за компании со доминантна сопственост на македонски граѓани на кои добиваат до 20 милиони денари или 70 отсто од вкупниот износ на инвестирани средства за инвестициски развој и маркетинг, а четвртата е за поддршка на млади до 29 години за усовршување во странство за што државата им нуди до милион денари.

Грантовите на избраните компании ќе им ги доделат премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и директорот на ФИТР, Јован Деспотовски.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »