Промовирани огласи »

Во тек е конференцијата „EYECON Empowering Youth for Employment Conference”, организирана од Националниот младински совет на Македонија. Таа е посветена на споделување практики и иновативни модели за подигнување на младинската вработливост во Европа.

Конференцијата започна во 10 часот, а ќе трае до 15 часот. На неа учествуваат Чарлс Гарет, Амбасадор на Обединетот кралство во Република Македонија, претставници на Агенцијата за вработување на Република Македонија и претставници на Европскиот младински форум и на националните младински совети на повеќе европски држави.

Конференцијата е дел од активностите на проектот „Со работни вештини до можности за младите “, спроведуван од НМСМ, а поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Промовирани огласи »

За работно време од осум до 16 часот  жените во Македонија треба да заминат од работа во 15:04 часот за да бидат еднакви со мажите што е соодветно на јазот во плати од 12 проценти.

Тоа го покажува инфографиконот изработен во рамки на проектот „Herose and sheroes“: Знаења за анализи и застапување за еднакви плаќања на жените и мајките во Македонија“ на Институтот за економски истражувања „Финанс тинк“.

Во Македонија жените во просек заработуваат 12,5  проценти помала плата од мажите. Кога ќе се земат предвид  карактеристиките како образование, стаж, возраст и во кое занимање се профилираат овој јаз се зголемува на 17,3 проценти. Кај населението пак со најмногу основно образование овој јаз достигнува до 28 проценти. Тоа значи  дека жените за работа со иста вредност заработуваат помалку од мажите - изјави Благица Петрески од „Финанс тинк“, во чија организација денеска во Скопје се одржува економски форум на тема „Родово еднакви плати з апоголем економски раст“.

Како што е наведено на инфографикот, мажите земаат поголеми плати од жените според возраст, стаж и големина на претпријатие, со исклучок на лицата со работен стаже меѓу 30 и 34 години каде жените имаат шест проценти поголема плата.

Најголем дел од родовиот јаз кај платите, според истражувањата, е поради големата неактивност на жените на пазарот на труд. Дел од  мерките треба да бидат насочени токму кон поттикнување на активноста на жените на пазарот на труд, надминување на стереотипите за машка и женска професија, а важна е, истакна Петрески, и поддршката од семејството и партнерот.

Кога жената поактивно би се вклучила на пазарот на труд може да имаме поширок  избор на понуда на пазарот. Жените не се со полоши карактеристи од мажите и не седат дома затоа што не се образовани или немаат добри карактеристики, туку напротив резултатите пoкажуваат  дека се пообразовани но заради одредени причини  останеле неактиви. Преку нивната активација најпрво може да очекуваме поголема понуда на работна сила, а од друга страна и поквалитетна и на тој начин да придонесеме за поттикнување на економскиотг раст - рече Петрески.

Решенија за намалување на родовиот јаз што се препорачуваaт со проектот се зголемување на минималната плата, особено во текстилната и кожарската индустрија, поголем број градинки, воведување флексибилно работно време, право за скратено работно време на родител на новородено дете, татковско платено отсуство… Се препорачува зголемување на учеството на жените во стручното обарзование, родова еднаквост во приватниот сектор и контроли за намалување на родовиот јаз,  како и национална кампања за зголемување на свеста кај граѓаните со цел намалување на негативните последици од роодвиот јаз во плати.

Со веб платформата edplako.mk што ја изработиле „Финанс тинк“ на компаниите им е овозможено да ги тестираат своите системи дали се фер плаќачи, а на поединци која е нивната фер плата без оглед дали се работи за маж или жена. Во компаниите за кои се покажало дека се фер плаќачи, како што рече Петрески, на големо изненадување се во машкиот сектор, во градежништвото, ИТ, печатарска индустрија,…

Имаме и мажи и жени архитекти и проектанти, а повеќе од проектантите се жени, но во делот на тешката физичка активност мора да имаме машка популација, изјави Драгана Чифлиганец, извршен директор на „Адора инжинеринг“, компанија во која според истражувањето родовиот јаз во платите изнесува нула проценти.

Проектот на „Финанс тинк“ е поддржан од Централноевропската иницијатива КЕП Австрија, со средства од Австриската развојна фондација.

Промовирани огласи »

Јапонскиот производител на автомобили Toyota, која досега беше на прво место во светот на продажбата на возила, денеска соопшти дека во 2016 година продале 10,175 милиони возила, што е помалку од продажбата на Volkwagen, кој има продадено 10,31 милиони.

General Motors (GM) своите податоци во врска со продажбата ќе ги поопштат следната недела.

Доколку биде потврдено, првото место би било големо достигнување за Volkswagen чија репутација се намали по скандалите со лажните тестовите за издувни гасови.

Тoyota четири години беше број еден по продажба, пад забележа само во 2011 година како резултат на земјотресот и цунамито во Јапонија.

GM по продажба беше првиот производител на светот повеќе од седумдесет години, до 2008 година, кога за прв пат беше надмината од страна на Toyota особено на пазарот во САД.

Продажбата на Toyota минатата година во светот беше подобра од 2015 година за 0,2 отсто, што не беше доволно за да го победи VW чија продажба скокна за 3,8 отсто.

Додека преставниците на Toyota во повеќе прилики изјавија дека првото место во светот не ги интересираат толку многу, туку дека им е поважно како да произведуваат квалитетни возила, за разлика од VW кои беа желни за да се изборат за првата позиција.

Промовирани огласи »

Од Србија лани се извезени 2.145 тони мед во вредност од 9.1 милиони долари, покажуваат податоците од Стопанската комора. 

Медот завршил на пазарите во Италија, Германија, Црна Гора, Австрија и Норвешка. 

Медот е иднина на Србија затоа што земјата е погодна за негово производство. 

Освен мед, има услови за развој на билки со чие запрашување приносите се зголемуваат од 60 до 100%. 

Се очекува дека во наредниот период, бројот на кошници во Србија ќе се зголеми. 

792.000 кошници имало во 2015 година во Србија или за 17% повеќе од 2014 година. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »