Промовирани огласи »

Од Србија лани се извезени 2.145 тони мед во вредност од 9.1 милиони долари, покажуваат податоците од Стопанската комора. 

Медот завршил на пазарите во Италија, Германија, Црна Гора, Австрија и Норвешка. 

Медот е иднина на Србија затоа што земјата е погодна за негово производство. 

Освен мед, има услови за развој на билки со чие запрашување приносите се зголемуваат од 60 до 100%. 

Се очекува дека во наредниот период, бројот на кошници во Србија ќе се зголеми. 

792.000 кошници имало во 2015 година во Србија или за 17% повеќе од 2014 година. 

Промовирани огласи »

Согласно измените во Законот за акцизи на цигарите и производите од тутун, од јули годинава се очекува ново поскапување на цигарите.

Цигарите ќе поскапат за најмалку 4 денари по една кутија, па така одредени цигари од поскапите брендови ќе чинат и до 140 денари.

Со оглед на тоа дека цигарите во текот на минатата година поскапуваа и повеќе отколку што тоа го наложуваше Законот за акцизи, не се исклучува и опцијата до крајот на годинава одредени брендови да надминат и цена од 150 денари по кутија.

Според предвидениот план цигарите од јули оваа година па во наредните 6 години ќе поскапуваат по 4 денари за кутија годишно. Тоа значи дека на крајот од циклусот во 2023 година една кутија може да чини и близу 200 денари.

Промовирани огласи »

Најголемата социјална мрежа во светот за службени контакти LinkedIn направи листа на најбараните и ветувачки професии за 2017 година.

Мрежата за личен развој ги рангира работните места врз основа на потенцијалот што тие го нудат. Најголемите предности на овие професии се можностите за напредок во кариерата, растот на работните места и можноста за зголемување на платите.

Најдобрите работни места во LinkedIn за годината се претежно во областа на финансиите, здравството и високата технологија.

Видете кои професии спаѓаат во Топ 11, како и каква е просечната годишна понудена плата за нив:

11. Софтверски инженер – 94 000 долари

10. Менаџер на проекти- 100 000 долари

9. Инженер на податоци – 105 000 долари

8. Програмски менаџер – 74 500 долари

7. Технички програмски менаџер – 129 000 долари

6. Финансиски аналитичар – 64 000 долари

5. Производствен менаџер – 97 500 долари

4. Инженер за безбедност – 140 000 долари

3. Инженер за продажба – 80 000 долари

2. Фармацевт – 123 000 долари

1. Лекар – 222 000 долари

Извор: https://marketing365.mk/

Промовирани огласи »

Пионерката на женско претприемништво во Јапонија Јошико Шинохара (Yoshiko Shinohara), денес има 82 години, а милијардите воопшто не ги сонувала. И покрај тоа што го изгубила татко си кога имала шест години, се развела на 20 години на средината на минатиот век кога тоа било проблем во Јапонија, нема високо образование, сепак станала првата Јапонка која сама стекнала милијарда долари.

Таа денес со 82 години стана светска вест. Имала 38 години кога во својот еднособен стан во Токио во 1973 година ја основала агенцијата за вработување TempStaff.

Пред шест години за „Фајненшал тајмс“ објаснила дека тоа било период кога жените своите сопрузи морале да ги прашуваат за дозвола дури и ако побараат привремена работа. И таа тука ја воочила шансата.

Помислив дека можам да ја проширам понудата за жени во сите области во кои би биле во состојба да ги покажат своите способности - рекла таа.

Компанијата до денес станала Temp Holdings и има 313 канцеларии од Лос Анџелес до Тајван. Магазинот Форбс ја проценува компанијата  на 4,5 милијарди долари, а со удел од 25 отсто во фирмата и по растот на акциите на компанијата, Шинохара влегла во светот на милијардерите.

Една од моите особини е тоа што мразам да губам - рекла Шинохара во 2010 година.

Година дена подоцна го рекла и ова: „Набрзо по венчавката, сфатив дека со задоволство не би била во брак, дека тоа не е за личност како мене. Така одлучив и да се разведам што порано. На таквата моја одлука се налутија мајка ми и брат ми. По разводот си реков дека е време да направам нешто за себе.

Во еден момент вработувала жени, а во 1988 година и паднало на ум да вработува и мажи.

Не благодарам, не ни требаат такви суштества - вака на предлогот и возвратила една од менаџерките.

Но, се било очгледно дека сепак им се потребни, па почнала да вработува и мажи и одеднаш, продажбата значајно пораснала. Тоа бил првиот клучен момент во развојот на компанијата. Вториот се случил во текот на децении економска стагнација на Јапонија во 90-тите, во период кога компаниите масовно почнале да избегнуваат често вработување и се вртеле кон барање на привремена работна сила.

Шинохара денес вели дека никогаш не планирала да стане милијардерка, дека едноставно сакала да остави трага зад себе.

Сакав да му придонесам на општеството преку бизнис - вели оваа Јапонка.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »