Промовирани огласи »

Најголемата социјална мрежа во светот за службени контакти LinkedIn направи листа на најбараните и ветувачки професии за 2017 година.

Мрежата за личен развој ги рангира работните места врз основа на потенцијалот што тие го нудат. Најголемите предности на овие професии се можностите за напредок во кариерата, растот на работните места и можноста за зголемување на платите.

Најдобрите работни места во LinkedIn за годината се претежно во областа на финансиите, здравството и високата технологија.

Видете кои професии спаѓаат во Топ 11, како и каква е просечната годишна понудена плата за нив:

11. Софтверски инженер – 94 000 долари

10. Менаџер на проекти- 100 000 долари

9. Инженер на податоци – 105 000 долари

8. Програмски менаџер – 74 500 долари

7. Технички програмски менаџер – 129 000 долари

6. Финансиски аналитичар – 64 000 долари

5. Производствен менаџер – 97 500 долари

4. Инженер за безбедност – 140 000 долари

3. Инженер за продажба – 80 000 долари

2. Фармацевт – 123 000 долари

1. Лекар – 222 000 долари

Извор: https://marketing365.mk/

Промовирани огласи »

Пионерката на женско претприемништво во Јапонија Јошико Шинохара (Yoshiko Shinohara), денес има 82 години, а милијардите воопшто не ги сонувала. И покрај тоа што го изгубила татко си кога имала шест години, се развела на 20 години на средината на минатиот век кога тоа било проблем во Јапонија, нема високо образование, сепак станала првата Јапонка која сама стекнала милијарда долари.

Таа денес со 82 години стана светска вест. Имала 38 години кога во својот еднособен стан во Токио во 1973 година ја основала агенцијата за вработување TempStaff.

Пред шест години за „Фајненшал тајмс“ објаснила дека тоа било период кога жените своите сопрузи морале да ги прашуваат за дозвола дури и ако побараат привремена работа. И таа тука ја воочила шансата.

Помислив дека можам да ја проширам понудата за жени во сите области во кои би биле во состојба да ги покажат своите способности - рекла таа.

Компанијата до денес станала Temp Holdings и има 313 канцеларии од Лос Анџелес до Тајван. Магазинот Форбс ја проценува компанијата  на 4,5 милијарди долари, а со удел од 25 отсто во фирмата и по растот на акциите на компанијата, Шинохара влегла во светот на милијардерите.

Една од моите особини е тоа што мразам да губам - рекла Шинохара во 2010 година.

Година дена подоцна го рекла и ова: „Набрзо по венчавката, сфатив дека со задоволство не би била во брак, дека тоа не е за личност како мене. Така одлучив и да се разведам што порано. На таквата моја одлука се налутија мајка ми и брат ми. По разводот си реков дека е време да направам нешто за себе.

Во еден момент вработувала жени, а во 1988 година и паднало на ум да вработува и мажи.

Не благодарам, не ни требаат такви суштества - вака на предлогот и возвратила една од менаџерките.

Но, се било очгледно дека сепак им се потребни, па почнала да вработува и мажи и одеднаш, продажбата значајно пораснала. Тоа бил првиот клучен момент во развојот на компанијата. Вториот се случил во текот на децении економска стагнација на Јапонија во 90-тите, во период кога компаниите масовно почнале да избегнуваат често вработување и се вртеле кон барање на привремена работна сила.

Шинохара денес вели дека никогаш не планирала да стане милијардерка, дека едноставно сакала да остави трага зад себе.

Сакав да му придонесам на општеството преку бизнис - вели оваа Јапонка.

Промовирани огласи »

Сите ние трагаме по практични решенија за нашата иднина на работа. Сепак, што е она што треба да промениме во нашата психа за да бидеме успешни?

Живееме во свет каде сите сакаат да бидат победници. Дури и децата, уште додека се мали се натпреваруваат за внимание во нашите семејства, за оценки и нови пријатели во училиштето и за победи во спортoвите кои ги тренираат. Подоцна, како што влегуваме во светот на бизнисот, ние повторно учиме како да ги победиме другите. Литературата за успех е полна со инструкции за тоа "Како да ги победите клиентите", "Како да победиме во бизнисот" или "Како да победиме на берзата". Во бизнисот, политиката и воопшто во животот , победата е многу послатка од загубата.

Создаваме простор каде никој нема да види дека сме изгубиле

Со децении, секогаш сме барале стеснување на просторот во кој може да изгубиме и тоа да го видат многу луѓе. Нашата опсесија да победиме, прави да се намали нашата ефикасност додека вршиме некоја важна работа и истовремено да не прави помалку фокусирани. Сепак, општеството каде што само оние кои ќе склучат најдобра зделка се победници, а сите други мораат скапо да платат за услугата, според експертите е пропаднато општество. Во општество каде сите ја знаат цената за нешто а малкумина ја знаат вредноста на истото, сите сме осудени на пропаст и грешни вредности.

Како да успееме иако сме изгубиле?

Она што треба да го направиме е да создадеме системи, начини и поддршки кои ќе ни дозволат да се пронајдеме себеси дури и тогаш кога сме губитници. Најважно е секој од нас да разбере која е неговата функција во дадена ситуација и што треба да извлече од ситуацијата било да е победник или губитник. Да признаеш дека си изгубил е голема доблест и дава нови погледи кон тоа како да одиграш наредниот пат. Клуч на ваквото сфаќање е фокус на твојот живот, на твојата позиција и локацијата каде се наоѓаш. Многу е погрешно кога се огледуваме на некој друг кој има други услови, други мисли и позиција и токму поради тоа на крајот завршуваме како губитници. Сепак на крајот секогаш размислете за вашите длабоки човечки желби и социјалната еднаквост, а не само минливите задоволства на клиентите или пак вашето богатство.

Промовирани огласи »

Доколку планирате во 2017 година да пронајдете добро платена работа во Соединетите Американски Држави -вработувањето почнете да го барате во Тексас или Колорадо.

Последната студија на NerdWaleta покажува дека секоја држава во САД има по два најдобри градови кога се работи за барањето на работа.

На прво место се наоѓа Остин во Тексас, а зад него следат Денвер (Колорадо), Нешвил (Тенеси), Сиетл (Вашингтон), Дурхам (Северна Каролина), и Атланта (Џорџија).

Веднаш зад нив се наоѓа Минеаполис (Минесота), Линкол (Небраска), Ирвинг (Тексас), и Ралигх (Северна Каролина).

Во оваа студија се вклучени 100 најголеми градови во Америка при што се анализирани просечните плати, стапката на невработеност и раст на работна сила, како и однос на приходи и трошоци.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »