Пионерката на женско претприемништво во Јапонија Јошико Шинохара (Yoshiko Shinohara), денес има 82 години, а милијардите воопшто не ги сонувала. И покрај тоа што го изгубила татко си кога имала шест години, се развела на 20 години на средината на минатиот век кога тоа било проблем во Јапонија, нема високо образование, сепак станала првата Јапонка која сама стекнала милијарда долари.
Таа денес со 82 години стана светска вест. Имала 38 години кога во својот еднособен стан во Токио во 1973 година ја основала агенцијата за вработување TempStaff.
Пред шест години за „Фајненшал тајмс“ објаснила дека тоа било период кога жените своите сопрузи морале да ги прашуваат за дозвола дури и ако побараат привремена работа. И таа тука ја воочила шансата.
Помислив дека можам да ја проширам понудата за жени во сите области во кои би биле во состојба да ги покажат своите способности - рекла таа.
Компанијата до денес станала Temp Holdings и има 313 канцеларии од Лос Анџелес до Тајван. Магазинот Форбс ја проценува компанијата на 4,5 милијарди долари, а со удел од 25 отсто во фирмата и по растот на акциите на компанијата, Шинохара влегла во светот на милијардерите.
Една од моите особини е тоа што мразам да губам - рекла Шинохара во 2010 година.
Година дена подоцна го рекла и ова: „Набрзо по венчавката, сфатив дека со задоволство не би била во брак, дека тоа не е за личност како мене. Така одлучив и да се разведам што порано. На таквата моја одлука се налутија мајка ми и брат ми. По разводот си реков дека е време да направам нешто за себе.
Во еден момент вработувала жени, а во 1988 година и паднало на ум да вработува и мажи.
Не благодарам, не ни требаат такви суштества - вака на предлогот и возвратила една од менаџерките.
Но, се било очгледно дека сепак им се потребни, па почнала да вработува и мажи и одеднаш, продажбата значајно пораснала. Тоа бил првиот клучен момент во развојот на компанијата. Вториот се случил во текот на децении економска стагнација на Јапонија во 90-тите, во период кога компаниите масовно почнале да избегнуваат често вработување и се вртеле кон барање на привремена работна сила.
Шинохара денес вели дека никогаш не планирала да стане милијардерка, дека едноставно сакала да остави трага зад себе.
Сакав да му придонесам на општеството преку бизнис - вели оваа Јапонка.