Промовирани огласи »

Доколку планирате во 2017 година да пронајдете добро платена работа во Соединетите Американски Држави -вработувањето почнете да го барате во Тексас или Колорадо.

Последната студија на NerdWaleta покажува дека секоја држава во САД има по два најдобри градови кога се работи за барањето на работа.

На прво место се наоѓа Остин во Тексас, а зад него следат Денвер (Колорадо), Нешвил (Тенеси), Сиетл (Вашингтон), Дурхам (Северна Каролина), и Атланта (Џорџија).

Веднаш зад нив се наоѓа Минеаполис (Минесота), Линкол (Небраска), Ирвинг (Тексас), и Ралигх (Северна Каролина).

Во оваа студија се вклучени 100 најголеми градови во Америка при што се анализирани просечните плати, стапката на невработеност и раст на работна сила, како и однос на приходи и трошоци.

Промовирани огласи »

Бана Алабед, седумгодишната блогерка од Алепо што стана позната во целиот свет по твитовите од опсадениот град му напиша отворено писмо на американскиот претседател Доналд Трамп.

Морате да направите нешто за децата на Сирија затоа што тие се како вашите деца и заслужуваат мир како вие.

Бана побегна од Алепо заедно со семејството за време на масовната евакуација во декември и сега живее во Турција. Во писмото напишано неколку дена пред инаугурацијата на Трамп, кого го знае од телевизија, пишува:

Драг Доналд Трамп, јас сум Бана Алабед, седумгодишно сириско девојче од Алепо. Живеев во Сирија цел живот пред да заминам од опколеното источно Алепо во декември минатата година. Јас сум дел од сириските деца кои страдаа во сириската војна. Сега живеам во мир во новиот дом во Турција - напиша малата Алабед во писмото.

Бана му раскажува на Трамп како не можела да оди на училиште бидејќи било бомбардирано и загинале нејзините другари и повикува децата веќе да не страдаат поради грешките на возрасните.

Знам дека ќе бидете претседател на Америка, па ве молам да ги спасите децата и луѓето во Сирија. Мора да сторите нешто за децата во Сирија бидејќи тие се како вашите деца и заслужуваат мир како вас. Ако ми ветите дека ќе направите нешто за сириските деца, јас веќе сум вашето ново другарче - пишува таа.

Турција, каде што сега живеат Бана и нејзиното семејство ја поддржува сириската опозиција. Трамп се уште не го кажал својот став, но во минатото нагласуваше дека сака посилна врска со Русија и рускиот претседател Владимир Путин, кој го поддржува сирискиот претседател Башар ал Асад.

Промовирани огласи »

Над 7.200 бизниси се отворени од 2007 година досега преку мерката Самовработување од кои преку 35 отсто ги почнале млади лица, додека преку проектот Македонија вработува 2 се вработени повеќе од 4.200 лица од кои над 2.600 млади, беше речено пред денешната конференција „Актуелни политики за младинско вработување на ЕУ и Република Македонија“.

Како што нагласи раководителот на Центарот за вработување - Скопје Слободанка Алексовска, кај младите треба да се поттикне претприемачкиот дух наместо да чекаат друг да ги вработи.

Младите, пак, бараат сихнронизирање на образованата програма со потребите на пазарот на трудот и мерки за кариерно советување во однос на нивните вештини, способности,...

Последните десет години невработеноста во Скопје е намалена за 49,7 проценти, а вработеноста е зголемена за 39,8 отсто. Најбитен критериум за вработување е стручноста, амбициозноста и компетентноста - истакна Алексовска, одговорајќи на новинарски прашања пред конференцијата.

Македонија вработува 1, додаде, отвори вработувања за 18.900 лица, а Македонија вработува 2 за преку 4.200. Двата проекта беа иницирани со првиот законски проект „Вработување млади лица до 29 години“ кој на работодавците, потенцира, првпат им овозможи да вработат млади до 29 години, а да бидат ослободени од плаќање социјални придонеси и персонален данок на доход. 

На прашањето зошто голем број млади ја напуштаат државата, Алексовска одговори дека глобализацијата е светски тренд. - Затоа постојат сите овие мерки во Агенцијата за врабоување и мерките што ги презема Владата за младите лица. Верувам дека тие придонеле многу млади кои претходно не нашле работа, да останат тука, да обезбедат егзистенција за себе и за своето семејство, подвлече раководителката.

Според неа, се уште постои дефицит од стручен кадар во различни области, но посебно е евидентна потребата од оспособени лица кои ќе работат кај странските инвеститори, на најсовремените машини и технологија. Во оваа насока, на краток рок, се организираат обуки за преквалификување и доквалификување.

Конференцијата ја организираше коалицијата на младински организации СЕГА, а целта беше, како што информира извршниот директор Зоран Илиески, подобрување на ефективните мерки и политики за вработување на младите. 

Промовирани огласи »

Економската сила на Бундес лигата продолжува да расте, откако 18 клубови од најсилната германска лига надминале три милијарди евра приходи во 2016 година, соопшти во четврток директорот на Бундес лигата, Кристијан Зајферт.

Вкупниот приход на клубовите за сезоната 2015/16 бил 3,24 милијарди евра, што е 23,7 отсто повеќе во однос на претходната сезона.

Покрај тоа, 13 од 18 клубови во Бундес лигата оствариле приход поголем од по 100 милиони евра, рече Зајферт, претставувајќи го годишниот извештај на Бундес лигата во Франкфурт.

Бундеслигашките клубови оствариле 206,2милиони евра профит, што е најдобар резултат на лигата во историјата.

Клубовите од втората лига оствариле приход од 608,3 милиони евра, што е зголемување за 20,6 отсто во однос на претходната сезона.

Од 36 клубови во обете лиги, барем 34 се профитабилни, додека нема информации за Бајер Леверкузен и Волфсбург, бидејќи тие не ги објавуваат деловните резултати.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »