Промовирани огласи »

Над 7.200 бизниси се отворени од 2007 година досега преку мерката Самовработување од кои преку 35 отсто ги почнале млади лица, додека преку проектот Македонија вработува 2 се вработени повеќе од 4.200 лица од кои над 2.600 млади, беше речено пред денешната конференција „Актуелни политики за младинско вработување на ЕУ и Република Македонија“.

Како што нагласи раководителот на Центарот за вработување - Скопје Слободанка Алексовска, кај младите треба да се поттикне претприемачкиот дух наместо да чекаат друг да ги вработи.

Младите, пак, бараат сихнронизирање на образованата програма со потребите на пазарот на трудот и мерки за кариерно советување во однос на нивните вештини, способности,...

Последните десет години невработеноста во Скопје е намалена за 49,7 проценти, а вработеноста е зголемена за 39,8 отсто. Најбитен критериум за вработување е стручноста, амбициозноста и компетентноста - истакна Алексовска, одговорајќи на новинарски прашања пред конференцијата.

Македонија вработува 1, додаде, отвори вработувања за 18.900 лица, а Македонија вработува 2 за преку 4.200. Двата проекта беа иницирани со првиот законски проект „Вработување млади лица до 29 години“ кој на работодавците, потенцира, првпат им овозможи да вработат млади до 29 години, а да бидат ослободени од плаќање социјални придонеси и персонален данок на доход. 

На прашањето зошто голем број млади ја напуштаат државата, Алексовска одговори дека глобализацијата е светски тренд. - Затоа постојат сите овие мерки во Агенцијата за врабоување и мерките што ги презема Владата за младите лица. Верувам дека тие придонеле многу млади кои претходно не нашле работа, да останат тука, да обезбедат егзистенција за себе и за своето семејство, подвлече раководителката.

Според неа, се уште постои дефицит од стручен кадар во различни области, но посебно е евидентна потребата од оспособени лица кои ќе работат кај странските инвеститори, на најсовремените машини и технологија. Во оваа насока, на краток рок, се организираат обуки за преквалификување и доквалификување.

Конференцијата ја организираше коалицијата на младински организации СЕГА, а целта беше, како што информира извршниот директор Зоран Илиески, подобрување на ефективните мерки и политики за вработување на младите. 

Промовирани огласи »

Економската сила на Бундес лигата продолжува да расте, откако 18 клубови од најсилната германска лига надминале три милијарди евра приходи во 2016 година, соопшти во четврток директорот на Бундес лигата, Кристијан Зајферт.

Вкупниот приход на клубовите за сезоната 2015/16 бил 3,24 милијарди евра, што е 23,7 отсто повеќе во однос на претходната сезона.

Покрај тоа, 13 од 18 клубови во Бундес лигата оствариле приход поголем од по 100 милиони евра, рече Зајферт, претставувајќи го годишниот извештај на Бундес лигата во Франкфурт.

Бундеслигашките клубови оствариле 206,2милиони евра профит, што е најдобар резултат на лигата во историјата.

Клубовите од втората лига оствариле приход од 608,3 милиони евра, што е зголемување за 20,6 отсто во однос на претходната сезона.

Од 36 клубови во обете лиги, барем 34 се профитабилни, додека нема информации за Бајер Леверкузен и Волфсбург, бидејќи тие не ги објавуваат деловните резултати.

Промовирани огласи »

Српските работодавачи прогнозираат дека во оваа 2017 година ќе се бараат стручњаци за развој на софтвер, проектанти, аналитичари, машински инженери, текстилни работници, заварувачи, монтери, армирачи, комерцијални и трговски застапници. 

Знаења кои ќе се бараат во 2017 година се познавање на информационо комуникациски технологии, поседување на различни возачки дозволи, познавање на странски јазици. 

Лични вештини кои ќе бидат потребни на пазарот на труд се: комуникативност, точност, способност да се работи со разни предмети, брзо работење и способност за изнаоѓање решенија. 

До овие резултати е дојдено во соседна Србија по пат на анкета во која во ноември лани учествувале 3.770 претпријатија. 

Промовирани огласи »

Најновите членки на ЕУ ќе се соочуваат со економски пад, ако не успеат да привлечат работна сила. 

Во градот Паневежис во Северна Литванија новата фабрика на норвешкиот производител на облека Devold не успева да  пополни 40 од своите работни места, околу една осмина од вкупниот број. И тоа не е затоа што работниците во Паневежис се многу пребирливи, туку затоа што се се 'помалку. Во локалните училишта учениците се околу половина помалку во споредба со пред десет години, пишува списанието The Economist.

Овие проблеми се  вообичаени во Централна и Источна Европа, каде што нивоата на наталитет се ниски, а емиграцијата е голема. Поранешните комунистички земји, кои се приклучија на Европската унија од 2004 година, сонуваа брзо да се претворат во Германија или Велика Британија. Наместо тоа, голем дел од работната  сила замина кон Германија или Велика Британија.

Населението на Латвија во работоспособна возраст е намалено за една четвртина од 2000 година, а една третина од дипломираните на универзитет меѓу 2002 и 2009 година емигрирале. 

Владите ја креваат возраста за пензионирање со исклучок на Полска. Пензиите во овие земји се многу ниски, што не дава можности за намалување. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »