Најновите членки на ЕУ ќе се соочуваат со економски пад, ако не успеат да привлечат работна сила.
Во градот Паневежис во Северна Литванија новата фабрика на норвешкиот производител на облека Devold не успева да пополни 40 од своите работни места, околу една осмина од вкупниот број. И тоа не е затоа што работниците во Паневежис се многу пребирливи, туку затоа што се се 'помалку. Во локалните училишта учениците се околу половина помалку во споредба со пред десет години, пишува списанието The Economist.
Овие проблеми се вообичаени во Централна и Источна Европа, каде што нивоата на наталитет се ниски, а емиграцијата е голема. Поранешните комунистички земји, кои се приклучија на Европската унија од 2004 година, сонуваа брзо да се претворат во Германија или Велика Британија. Наместо тоа, голем дел од работната сила замина кон Германија или Велика Британија.
Населението на Латвија во работоспособна возраст е намалено за една четвртина од 2000 година, а една третина од дипломираните на универзитет меѓу 2002 и 2009 година емигрирале.
Владите ја креваат возраста за пензионирање со исклучок на Полска. Пензиите во овие земји се многу ниски, што не дава можности за намалување.