Промовирани огласи »

Тутунска компанија Philip Morris објави дека одлучиле што е можно побрзо да преминат од традиционалниот бизнис со цигари на бизнис со потенцијално помалку штетни алтернативи.

Повеќе од еден милион возрасни пушачи наместо пушењето на цигари избра да користат електронски цигари, водечки производи со огноотпорни тутунските компании PMI, но исто така вложуваме и дополнителни напори како би ја прошириле понудата без чад од тутун со производи кои би можеле постепено да ги заменат цигарите - се вели во соопштението на PMI.

Претседателот на комуникации на PMI, Тони Шнајдер вели дека пушачите бараат алтернативни производи од тутун кои ќе емитуваат многу помали количини на штетни состојки отколку што ги има во чадот од тутунот.

Тоа е одлична можност позитивно да влијаеме врз јавното здравје со понуда производи кои ќе претставуваат подобро решение отколку да се продолжи со пушењето, но тоа не можеме да го направиме сами. Придонесот на експерти во јавното здравство, научната заедница и регулаторните тела значително ќе го забрзаат преминот од цигари на производи без чад - изјави Шнајдер.

Од 2008 година, PMI ангажираа повеќе од 400 научни и стручни работници и имаат инвестирано повеќе од 3 милијарди долари во научно истражување и развој на производите.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Њујорк е најпопуларниот град на Инстаграм за 2016 година, според листата која ја направи американскиот магазин “Forbes”, врз основа на најчестите хаштагувања(означување) градови на оваа друштвена мрежа.

Така, најнаселениот град во САД на Инстаграм е хаштагиран вкупно 68.040.631 пати.

На второ место е Лондон(64.541.551), трети е Париз(55.174.407), а четврти Дубаи(46.256.385).

На петтото место се наоѓа Истанбул(35.541.551), шести е Мајами(32.740.416), седми Чикаго(24.148.821), осми Барселона(23.874.214), деветти Лос Анџелес(23.652.236), а на десетто место, според листата на “Forbes”, се наоѓа Москва(22.090.767).

Промовирани огласи »

До 2042 година светот може да го добие првиот трилијардер и тоа веројатно ќе биде основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс.

До ваков заклучок дошле од Оксфам, меѓународната мрежа на организации кои колективно работат на ублажување на сиромаштијата.

Нивниот недамнешен извештај покажа дека осум милијардери на планетава имаат пари колку и 3,6 милијарди луѓе кои се вбројуваат меѓу најсиромашните во светот.

Кога пак го зеле предвид експоненцијалниот раст на постојното богатство, дошле до заклучок дека светов може да го добие првиот трилијардер во следните 25 години, т.е. Бил Гејтс да стане првиот трилијардер на негови 86 години.

Кога Гејтс го напушти Мајкрософт во 2006 година, неговото богатство се проценуваше на 50 милијарди долари, според Оксфам. До 2016 година, неговото богатство се зголеми на 75 милијарди долари “и покрај заложбите да го подари преку своите фондации“ – стоело во извештајот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »