До 2042 година светот може да го добие првиот трилијардер и тоа веројатно ќе биде основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс.
До ваков заклучок дошле од Оксфам, меѓународната мрежа на организации кои колективно работат на ублажување на сиромаштијата.
Нивниот недамнешен извештај покажа дека осум милијардери на планетава имаат пари колку и 3,6 милијарди луѓе кои се вбројуваат меѓу најсиромашните во светот.
Кога пак го зеле предвид експоненцијалниот раст на постојното богатство, дошле до заклучок дека светов може да го добие првиот трилијардер во следните 25 години, т.е. Бил Гејтс да стане првиот трилијардер на негови 86 години.
Кога Гејтс го напушти Мајкрософт во 2006 година, неговото богатство се проценуваше на 50 милијарди долари, според Оксфам. До 2016 година, неговото богатство се зголеми на 75 милијарди долари “и покрај заложбите да го подари преку своите фондации“ – стоело во извештајот.