Во Клуб на пратеници Фондот за иновации и технолошчки развој денеска од 16:30 часот до 17:30 часот ќе им додели признанија на првите девет стартап претпријатија кои успешно ги завршија проектите поддржани од Фондот.
Во претходните три години од Фондот за иновации и технолошки развој поддржа 37 претпријатија во реализирање на нивните иновативни решенија и во јакнење на нивните капацитети за истражување, развој и деловно управување.
Фондот и неговите инструменти се наменети за иновативните претпријатија бидејќи тие се економскиот и општествениот двигател кои со својата визионерска стратегија ги поставуваат новите можности, пазари, потреби и решенија.
Честа да го отвори настанот ќе ја има директорката на Фондот за иновации и технолошки развој Јасмина Поповска како и претставник на Сојузот на стопански комори на Македонија.