Најголемиот светски менаџер за управување со средствата на богатите, UBS Wealth Management, ги советува своите клиенти да му веруваат на еврото.
Оттаму препорачуваат купување на еврото затоа што сметаат дека оваа валута е потценета во однос на доларот, како и поради забрзаната инфлација во евро зоната. Тие очекуваат дека еврото во наредните 6 месеци ќе зајакне за околу 7%, на 1,15 долари.
Еврото од почетокот на годината се зголеми за околу 2% во однос на доларот, откако во последните три години, падна за повеќе од 20% во однос на доларот. Ова е поради полабавата монетарна политика на Европската централна банка и политичките кризи во регионот на еврозоната.
По Брегзит и референдумот во Италија, со потенцијано продолжена политичка нестабилност поради изборите на европската почва оваа година JPMorgan препоручуваат продажба на евра во корист на швајцарскиот франк како заштита од политички ризици, додека Goldman Sachs предвидува паритет на еврото во однос на доларот во наредните 12 месеци.
Во однос на паритетот на куповната моќ, соодветната цена на еврото е 1.25 долари, сметаат во „UBS Wealth Management”.
За еврото имаше одредени прогнози дека најмногу за 10 години ќе се укине.