Промовирани огласи »

До 2042 година светот може да го добие првиот трилијардер и тоа веројатно ќе биде основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс.

До ваков заклучок дошле од Оксфам, меѓународната мрежа на организации кои колективно работат на ублажување на сиромаштијата.

Нивниот недамнешен извештај покажа дека осум милијардери на планетава имаат пари колку и 3,6 милијарди луѓе кои се вбројуваат меѓу најсиромашните во светот.

Кога пак го зеле предвид експоненцијалниот раст на постојното богатство, дошле до заклучок дека светов може да го добие првиот трилијардер во следните 25 години, т.е. Бил Гејтс да стане првиот трилијардер на негови 86 години.

Кога Гејтс го напушти Мајкрософт во 2006 година, неговото богатство се проценуваше на 50 милијарди долари, според Оксфам. До 2016 година, неговото богатство се зголеми на 75 милијарди долари “и покрај заложбите да го подари преку своите фондации“ – стоело во извештајот.

Промовирани огласи »

Во Клуб на пратеници Фондот за иновации и технолошчки развој денеска од 16:30 часот до 17:30 часот ќе им додели признанија на првите девет стартап претпријатија кои успешно ги завршија проектите поддржани од Фондот.

Во претходните три години од Фондот за иновации и технолошки развој поддржа 37 претпријатија во реализирање на нивните иновативни решенија и во јакнење на нивните капацитети за истражување, развој и деловно управување.

Фондот и неговите инструменти се наменети за иновативните претпријатија бидејќи тие се економскиот и општествениот двигател кои со својата визионерска стратегија ги поставуваат новите можности, пазари, потреби и решенија.

Честа да го отвори настанот ќе ја има директорката на Фондот за иновации и технолошки развој Јасмина Поповска како и претставник на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Промовирани огласи »

Започнаа обуките организирани од KARIERA.mk на тема: „Како да составите CV, мотивацискописмо и да се припремате за интервју за работа“. Обуката ги опфаќа најсуштинските елементи кои треба да ги совлада секој невработен или кандидат за подобра работна позиција. Во обуката беше вклучено и како лесно може да пребарувате и најдете работна позиција во Македонија.

Доколку сте заинтересирани за обуката може да аплицирате на [email protected].

Промовирани огласи »

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »