Промовирани огласи »

Почитувани,

Ве известуваме дека на ден 18.07.2018.поради дефект на огрлица од Ф-80мм на ул.Црвена Вода 7 во населба Дебар Мало, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Црвена Вода од 09:00часот до санирање на дефектот.

Промовирани огласи »

Информација ако патувате кон Србија: Патарината поевтина за странските возачи, поскапа за домашните

На наплатната рампа во Прешево, ако возите автомобил со српски таблички, ќе платите една цена на патарина, за разлика од возачите со странски таблички, кои имаат привилегија да плаќаат поевтино

На наплатната рампа во Прешево, ако возите автомобил со српски таблички, ќе платите една цена на патарина, за разлика од возачите со странски таблички, кои имаат привилегија да плаќаат поевтино.

Возачите кои често минуваат низ овој пат веќе се навикнати на овој феномен, но оние кои за првпат ги гледаат истакнатите две различни цени се збунети.

Така, цената во домашна валута е 80 динари, додека во европски чини 0,50 евра, што кога ќе се пресмета во динари излегува поевтино за дваесетина динари.

Еден од возачите, кој отиде во Грција на одмор со своето семејство, се пожали: „Генерално не е скапо, но неправедно е. Зошто ние да плаќаме поскапо од странците, дури и ако тоа е само 20 динари разлика во цената“.

Промовирани огласи »

Следуваат три неработни денови во август

Во текот на идниот месец според Законот за празниците имаме 3 неработни денови

Во текот на идниот месец според Законот за празниците имаме 3 неработни денови.

Првиот неработен ден е 2-ри август, Денот на Републиката и важи за сите граѓани на Република Македонија.

На две и пол недели од тогаш, доаѓа уште еден неработен ден – 21 август кога верниците од муслиманска вероисповед го празнуваат празникот Курбан Бајрам. Неработниот ден важи само за верниците од муслиманска вероисповед.

Третиот неработен ден е на 28 август во чест на празникот Успение на Пресвета Богородица и истиот е неработен за граѓани од православна вероисповед.

Промовирани огласи »

Колку ќе изнесува К15 годинава - очекувајте пари на сметките

Колку ќе изнесува К15 годинава

Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15 во износ од минимални 9.610 денари.

Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 9.610 денари (40 отсто од износот на просечната нето плата во последните три месеци) до 14.090 денари (40 отсто од износот на просечната бруто плата во последните три месеци), пренесе Букефал.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »