Промовирани огласи »

Министерството за транспорт и врски ја поништи постапката за доделување на финансиска поддршка на авиопревозници. На огласот, како што информираат од таму, била доставена само една понуда, а причината за поништувањето е затоа што на трите пликоа од понудата не бил наведен полниот назив и адреса на авиопревозникот.

Ве информираме дека по предлог на “Комисијата за спроведување на постапката за доделување на финансиска поддршка на авиопревозници”. На јавното отворање што се оддржи на ден 27. 07. 2018 година во Министерстото за транспорт и врски, беше доставена само една понуда. На јавното отворање, Комисијата констатирала дека доставеното барање за доделување на финансиска поддршка не е доставено согласно точка 2. 1 од Документацијата за барање, односно на трите запечатени внатрешни пликоа не е наведен полниот назив и адреса на авиопревозникот, што е еден од условите пропишани во Документацијата за барање, информираат од таму.

Од Министерството додаваат дека врз основа на ова Комисијата констатирала дека не постојат услови за понатамошна евалуација на пристигнатото барање за финансиска поддршка.

Ве информираме дека Министерството за транспорт и врски, во најкраток рок повторно ќе го објави јавниот повик за доделување на финансиска поддршка на авиопревозници, се со цел да се овозможи развој на авиосообраќајот во Република Македонија, посочуваат од таму.

Претгодно годинава Владата и одговори на Европската комисија дека поддршката за авиопревозниците е во согласност со законодавството на ЕУ.

Владата на седница ја разгледа и усвои информацијата во врска со одговорот на Министерството за транспорт и врски до Европската комисија за шемата на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници што го користат аеродромот во Скопје. Во однос на постапката за доделување финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници, Комисијата за заштита на конкуренцијата се произнесе дека во овој случај Министерството за транспорт и врски се однесува како инвеститор во пазарната економија и дека финансиската поддршка на домашните и странските авиопревозници е целосно усогласено со соодветното европско законодавство. Во одговорот до ЕК се наведува дека на долг рок ова субвенционирање генерира позитивен ефект и придонесува за остварување поволен финансиски резултат и зголемување на БДП на земјата, соопштија од Владата во март годинава.

Промовирани огласи »

Хигиеничари на станбен и деловен простор е најбараната професија за вработување. Во бироата за вработување во земјава според нивните податоци се бараат 1.363 хигиеничари.

Меѓу најбараните се и продавачите за кои има објавено огласи за 366 вработувања, шивачите на текстил 220, келнери 193, возачи на такси 192, шивачи 165, општи работници 134, обезбедувачи 120, контролори на шиени и слични производи 99.

Се бараат и 99 програмери, 92 готвачи, 90 магационери, 77 административни службеници, 77 шанкери, 73 касиери, 58 возачи на камиони, 57 бравари, 51 ракувач со машина за пакување, 46 пекари, 44 администратори, 44 ракувачи со машина за печива, 40 работници во висока градба, 38 дистрибутери во малопродажба, 37 градежни работници и 35 помошници кувари.

Слободни работни места според податоците на Бирото за вработување се над 5.000.

Најмногу слободни работни места има во Скопје 3.516, следи Виница со 511, Кочани со 142, Куманово со 113, Битола со 107, Струмица со 105, Тетово 95.....

Бројот на невработени лица заклучно со јули 2018 година изнесува 95.421. Најмногу има во Скопје 15.836, Тетово 11.469, прилеп 6.820...

Најбројни невработени се оние без образование- 41.628, со непотполно средно образование-13.240, а со завршено средно се 26.584. Невработени со завршен факулет се 11.495, 909 магистри и 33 доктори на науки.

Промовирани огласи »

Од 9-ти август ќе почне проверката на податоците во Избирачкиот список за спроведување на референдумот на 30 септември, кој ќе трае до 23 август 2018 година до 24:00 часот. 

ДИК ги повика граѓаните  да ги проверат податоците во Избирачкиот список, и доколку сметаат дека е потребно, да побараат измена, дополнување или бришење на податоците во него. Проверката на податоците може да го направат преку веб-страницата на ДИК https://izbirackispisok.gov.mk/ и во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.

Барањата за измена, дополнување или бришење на податоците во избирачкиот список, граѓаните ги поднесуваат во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, додека државјаните на РМ кои се на привремена работа или престој во странство го поднесуваат по електронска пошта до ДИК. 

Од утре до неговото завршување државјаните на РМ кои се на привремена работа или престој во странство, можат да достават пријава, своерачно потпишана до ДКП или испратена по електронски пат преку веб апликација на ДИК, а конзуларните канцеларии во рок од два дена по завршување на увидот треба да ги достави електронски до МНР, а МНР, пак, најдоцна до 27 август треба да ја извести ДИК. Инаку, дијаспората за референдумското прашање ќе се изјасни на 29 септември. 

ДИК по барањата и пријавите на граѓаните е должен да одлучи со решение во рок од 48 часа од денот на приемот на барањето. Доколку биде донесено решение со кое се одбива барањето, граѓанинот во рок од 24 часа од приемот на решението може да поднесе тужба до Врховниот суд. Врховниот суд во рок од 24 часа по приемот на тужбата и одлуката веднаш му ја доставува на тужителот по електронски пат. 

Избирачкиот список што се става на јавен увид е со состојба на податоци на граѓаните кои заклучно со 30 септември  2018 година станале полнолетни. 

Списокот на адреси на подрачните одделенија и канцеларии на ДИК може да се најде на линкот: http://www.sec.mk/kontakt/

Промовирани огласи »

Земјоделците кои од овошје и грозје произведуваат жестоки алкохолни пијалоци ќе смеат во текот на годината да произведат најмногу 1.000 литри чист алкохол. Ова е дел од новиот Закон за акцизи кој веќе е објавен, а со кој и земјоделците кои прават ракија дома која ја продаваат стануваат акцизни обврзници. Според предложените измени, на произведената количина се плаќа акциза од 30 денари по литар жесток алкохолен пијалок со просечна јачина од 45 отсто.

Според одредбите, земјоделците кои сакаат да прават ракија од грозје или од друго овошје и производот да го продаваат, должни се да се регистрираат во Царината. Кога ќе почне процесот и за тоа треба да се извести царинскиот орган. Земјоделецот мора да соопшти точна дата и време во кое ќе се одвива произвдоството без прекин, местото на дестилирање, видот на овошјето кое ќе го дестилира, количината на комина и очекуваната количина на жесток алкохолен пијалок, но и планираната количина на акцизни марки.

„Жестоките алкохолни пијалоци произведени од страна на земјоделците се пакуваат во садови со зафатнина најмногу до 5 литри за крајните купувачи и за продажба во угостителски објекти, стои во законот.

Инаку акацизата ќе се плаќа по завршување на производството со поднесување акцизна декларација при што треба да се подигнат и акцизните марки.

Во новиот закон е воведена и категоријата мали дестилерии. Станува збор за мали независни производители на етил алкохол и жестоки алкохолни пијалоци за комерцијални цели. За да биде мала дестилерија, производителот треба да има вкупно годишно производство на етил алкохол и жестоки алкохолни пијалоци од најмногу 2.000 литри. Акцизата во овој случај е намалена во однос на вообичаената која се плаќа за пиво, вино и други алкохолни производи и изнесува 50 отсто од пропишаната.

Согласно сегашното решение во Законот за акцизите, за малите пиварници пак, е пропишано акцизата да се плаќа со намалување од 20 проценти до 50 проценти од пропишаната полна акциза во зависност од произведените месечни количини. Вкупното годишно производство по овој основ не смее да надмине 150.000 литри. Согласно новото решение се предлага да се плаќа полна стапка на акциза, а по истекот на годината во зависност од произведената количина на пиво да се бара враќање на акцизата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »