Промовирани огласи »

Skopje City Mall поради огромен интерес ја продолжува кампањата на Замрзнати цени и во наредниот период. Закупците во нашиот најголем трговски центар ќе продолжат со специјалните попусти, последни за оваа сезона и тоа се додека имаат залиха.

Периодот кој помина бевме сведоци на голем интерес од страна на посетителите во Скопје Сити Мол кои купуваа по “Замрзнати цени“. За таа цел од закупците добивме барање за продолжување на акцијата и тоа се додека имаат производи на залиха – објаснуваат од Skopje City Mall.

Продолжувањето на акцијата „Замрзнати цени“ е последна шанса во која ќе можат да се купат производи од зимските колекции по екстремно ниски цени.

Промовирани огласи »

Сузан Мур, авторка и личен водич работела во мала компанија пред да почне да работи во голема интернационална компанија и да остварува приходи од 500.000 долари годишно. 

Во текот на долги години, таа научила како треба да барате поголема плата, да го цените својот труд и да преговарате. 

Сè што ви зборувале за успехот не е вистина 

Учи, дипломирај, најди работа, работи прекувремено и ќе заработиш. За неа ова е заблуда. Вели дека најуспешните луѓе со идеи придонесуваат за компаниите. 

Најважно е да барате

Никој нема да ви даде поголема плата, ако не побарате. Немојте да мислите дека шефот сам ќе се сети дека вие сте слабо платени или дека сакате покачување. 

Создадете врски пред да морате тоа да го направите 

Суштината не е во тоа да поделите визит карти, туку да им помагате на луѓето. Да се поврзете со нив. Вашата мрежа директно е поврзаната со мрежата на заработка. Немојте да мислите дека компанијата ви е лојална, затоа што не е, и ќе ве отпушти штом нема да го испорачувате она што го бараат. 

Вработувањето нови луѓе е пекол

Работејќи при регрутирање на нови луѓе, Мур видела дека новите вработувања имаат многу висока цена. Потребни се од 3 до 12 месеци за да новиот кандидат се обучи и биде ефикасен како стариот работник. 

Промовирани огласи »

Во текот на наредната недела, Скопје заедно со уште 220 градови од 40 држави ќе биде дел од „Европската стартап недела 2017“- можност за промоција и поддршка на македонската стартап заедница. Главна цел е промовирање на претприемништвото и можностите кои се на распологање на сите оние кои имаат желба да започнат сопствен бизнис. Дел од настанот ќе бидат успешни претприемачи, иноватори, компании, институции и организации кои се клучни за поддршка на новите стартап бизниси. Оваа година во Скопје како ко-организатори се јавуваат: Бојана Трајковска, Виктор Дано, Анета Палевска, Илија Вучков, Игор Маџов, Јулиа Мицевска, Зоран Настески и Елена Јовевска.

„Европската недела на стартапи“ ќе започне на 6-ти фебруари, а ќе трае до 10ти фебруари, на повеќе локации во Скопје и со неколку ко-организатори.

Настанот е со поддршка од ЕУ, збогатен со секојдневни работилници и предавања, а завршната конференција ќе се одржи на 10.02 во ЕУ инфо центарот со почеток во 12:00, каде што ќе бидат присутни и членови на Европската делегација.

Мотото на организаторите оваа година е- „Стартапи од цела Македонија, обединете се“!

Повеќе инфо на :

https://www.facebook.com/events/703494233157614/

Промовирани огласи »

Светските цени на храната во јануари го достигнаа речиси двегодишниот максимум, потпомогнати од растот на цената на шеќерот и извозните цени на житарките и растителните масла.

Тоа го соопшти Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (FAO).

Ценовниот индекс кој го премсетува FAО и кој ги мери месечните промени на цените во основната кошница производи (житарки, масло, млечни производи, месо и шеќер), порасна во јануари на 173,8 поени од ревидираните 170,2 поени во декември, пренесува агенцијата Ројтерс.

Месечниот раст од 2,1 проценти ги истурка цените на храната на меѓународните пазари на нивното највисоко ниво од февруари 2015 година, и за 16,4 проценти над нивното ниво од јануари минатата година.

FAO сега прогнозира дека глобалното производство на житарки ќе достигне 2,592 милијарди тони во сезоната 2016/2017.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »