Промовирани огласи »

Сузан Мур, авторка и личен водич работела во мала компанија пред да почне да работи во голема интернационална компанија и да остварува приходи од 500.000 долари годишно. 

Во текот на долги години, таа научила како треба да барате поголема плата, да го цените својот труд и да преговарате. 

Сè што ви зборувале за успехот не е вистина 

Учи, дипломирај, најди работа, работи прекувремено и ќе заработиш. За неа ова е заблуда. Вели дека најуспешните луѓе со идеи придонесуваат за компаниите. 

Најважно е да барате

Никој нема да ви даде поголема плата, ако не побарате. Немојте да мислите дека шефот сам ќе се сети дека вие сте слабо платени или дека сакате покачување. 

Создадете врски пред да морате тоа да го направите 

Суштината не е во тоа да поделите визит карти, туку да им помагате на луѓето. Да се поврзете со нив. Вашата мрежа директно е поврзаната со мрежата на заработка. Немојте да мислите дека компанијата ви е лојална, затоа што не е, и ќе ве отпушти штом нема да го испорачувате она што го бараат. 

Вработувањето нови луѓе е пекол

Работејќи при регрутирање на нови луѓе, Мур видела дека новите вработувања имаат многу висока цена. Потребни се од 3 до 12 месеци за да новиот кандидат се обучи и биде ефикасен како стариот работник. 

Промовирани огласи »

Во текот на наредната недела, Скопје заедно со уште 220 градови од 40 држави ќе биде дел од „Европската стартап недела 2017“- можност за промоција и поддршка на македонската стартап заедница. Главна цел е промовирање на претприемништвото и можностите кои се на распологање на сите оние кои имаат желба да започнат сопствен бизнис. Дел од настанот ќе бидат успешни претприемачи, иноватори, компании, институции и организации кои се клучни за поддршка на новите стартап бизниси. Оваа година во Скопје како ко-организатори се јавуваат: Бојана Трајковска, Виктор Дано, Анета Палевска, Илија Вучков, Игор Маџов, Јулиа Мицевска, Зоран Настески и Елена Јовевска.

„Европската недела на стартапи“ ќе започне на 6-ти фебруари, а ќе трае до 10ти фебруари, на повеќе локации во Скопје и со неколку ко-организатори.

Настанот е со поддршка од ЕУ, збогатен со секојдневни работилници и предавања, а завршната конференција ќе се одржи на 10.02 во ЕУ инфо центарот со почеток во 12:00, каде што ќе бидат присутни и членови на Европската делегација.

Мотото на организаторите оваа година е- „Стартапи од цела Македонија, обединете се“!

Повеќе инфо на :

https://www.facebook.com/events/703494233157614/

Промовирани огласи »

Светските цени на храната во јануари го достигнаа речиси двегодишниот максимум, потпомогнати од растот на цената на шеќерот и извозните цени на житарките и растителните масла.

Тоа го соопшти Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (FAO).

Ценовниот индекс кој го премсетува FAО и кој ги мери месечните промени на цените во основната кошница производи (житарки, масло, млечни производи, месо и шеќер), порасна во јануари на 173,8 поени од ревидираните 170,2 поени во декември, пренесува агенцијата Ројтерс.

Месечниот раст од 2,1 проценти ги истурка цените на храната на меѓународните пазари на нивното највисоко ниво од февруари 2015 година, и за 16,4 проценти над нивното ниво од јануари минатата година.

FAO сега прогнозира дека глобалното производство на житарки ќе достигне 2,592 милијарди тони во сезоната 2016/2017.

Промовирани огласи »

Над 130 млади со попреченост, на возраст од 15 до 35 години, ќе се едуцираат за информатичко-комуникациски вештини, со цел што полесно да се вклопат и да најдат работа во ИКТ-секторот. Главната цел на проектот, кој до март 2018 година ќе го спроведува фондацијата „Ај воут“, со поддршка на УСАИД, е да им се помогне на младите со каква било попреченост да станат дел од пазарот на труд, особено во брзорастечкиот сектор на ИКТ-технологиите. Во рамките на проектот, на младите ќе им се обезбеди ефикасен систем на учење од далечина, преку кој ќе можат да посетуваат 20 обуки од дома или од друго место од каде што ќе имаат пристап на интернет. Под водство на ментори ќе завршат 10 обуки за комуникациски вештини, деловно однесување и финансии, како и 10 стручни обуки за веб-дизајн, програмирање и други вештини. 

Проектот беше предвиден да едуцира 120 млади, без разлика на видот на нивната попреченост, но интересот ја надмина оваа бројка, па сега имаме 134 пријавени, а има и уште повеќе најави. Ќе ги прифатиме сите и во следната година ќе ги поминат обуките кои ќе треба да им дадат поголема можност да добијат работно место - - вели Томислав Зографски од „Ај воут“. 

Едукацијата на млади со попреченост со нови знаења во ИКТ-областите е прв проект од тој вид во земјава и во регионот. Преку него, според директорот на мисијата на УСАИД, Џејмс Стајн, ќе треба да се покрене важноста на образованието на овие лица и можностите за нивна интеграција и инклузија во овој сектор.

Правиме напори да обезбедиме нови алатки за учење и да докажеме дека концептот на онлајн-учење е реална и остварлива можност за сите млади со попреченост да ги надминат физичките бариери во остварувањето на образованието. УСАИД во изминатите 25 години финансираше 80 милиони долари во образовни проекти во Македонија, нагласувајќи ја важноста на образованието. Со овој проект младите ќе треба да стекнат знаења, но и компаниите да ги отворат вратите за нив - посочи Стајн. 

Партнер на проектот е МАСИТ, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии. Според извршниот директор Анита Никова, ИКТ- индустријата има услови да обезбеди место и услови за работа за лицата со попреченост.

ИКТ-индустријата во Македонија вработува 16.000 луѓе, или 2,4 отсто од работната сила во земјата. Вработените се најчесто млади, но искусни лица, кои зборуваат странски јазици и постојано се надградуваат со разни обуки. Она на што треба заеднички да работиме преку проектот, е системот на инклузија на лицата со попреченост, поле на кое Македонија заостанува зад европските земји - посочи Никова.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »