Промовирани огласи »

На 18 септемви во Хотел Александар Палас во Скопје ќе се одржи втората конференција Macedonia Manufacturing Expo (ММЕ) чија цел е промовирање на потенцијалот на македонската лесна преработувачка индустрија и поврзување на домашните компании од оваа индустрија со странски купувачи, односно овозможување  инвеститорите да имаат брз и лесен преглед на ланците на добавување во секторот.

На годинешнава конференција се очекува учество на 75 домашни и странски компании од автомобилската, метало-машинската, индустријата за производство на опрема и други индустрии од овој сектор.

Првата конференција Macedonia Manufacturing Expo која во организација на Македонската асоцијација на метална и електро индустрија (МАМЕИ) и со поддршка од УСАИД и Владата на Швајцарија, беше организирана во 2016 годинаидаде извонредни резултати. На неа присуствуваа 50 компании од Македонија во својство на добавувачи и 18 компании, од кои 16 странски, во својство на купувачи, меѓу кои и Сименс, Ван Хул, АРЦ Аутомотив, Кромберг и Шуберт и други. Беа организирани и 170 претходно договорени состаноци (B2B), што резултираше и со конкретни соработки и договори.

Macedonia Manufacturing Expo2018 ќе биде во голем дел подобрено со новите партнерства меѓу МАМЕИ и Германската асоцијација за менаџирање, набавување и логистика на ланци на добавување (BME) кои ќе донесат нови купувачи на настанот. BME со 60годишна традиција и над 9000 индивидуални и корпоративни членки служи како водечки кандидат за бизнис мечирање во Германија и Централна Европа. Оваа соработка ќе овозможи македонските претприемачи од металната и електро индустријата да се сретнат со претставници на индустрии и бизниси, логистички менаџери и експерти за ланци на добавување, а овие средби може да бидат непроценливи за понатамошниот развој на домашните компании и економијата на земјата во целина. Овие партнерства сигурно ќе ја зајакнат соработката на лесниот преработувачки сектор на Македонија и Германија”, вели Марта Наумовска Грнарова, Претседател на Македонската асоцијација на метална и електро индустрија МАМЕИ.

Метало-машинскиот и електро-инженерскиот сектор во Македонија бележи брз развој со што локалните фирми сé повеќе стануваат соодветни добавувачи за странските купувачи. ММЕ ќе овозможи натамошно проширување на соработката на домашните компании со странските големи фирми и ќе даде придонес македонските компании да станат дел од глобалниот снабдувачки ланец на реномирани странски компании.

Сите компании од лесната металопреработувачка индустријазаинтересирани за Macedonia Manufacturing Expo2018 можат бесплатно да се регистрираат за учество.

За повеќе информации и регистрација компаниите можат да ја посетат веб страницaта  www.mamei.mk

Промовирани огласи »

Amazon и Џеф Безос имаа фантастичен период, акциите на компанијата и пазарната вредност константно расте, со цел компанијата да може да им се придружи на Apple во елитниот клуб на милијардери.

На крилата на успехот расте и богатството на Безос, кое надмина неверојатни 140 милијарди долари. Еден од клучните нешта во успехот на Безос се неговите одлични враобтени. Ваквиот успех не би бил возможен без вистинските и способните луѓе.

После основањето на компанијата и нејзиното излегување на берзата, Џеф Безос, уште од 1998 година ги поставува постојано истите прашања кога прима луѓе на работа: „Ќе и се восхитувате ли на таа личност?“, поентирајќи кон конкретна личност на работата, со што сакал да знае дали новиот кандидат се вклопува со начинот на размислување. За Безос најважна е позитивната енергија околу него.

Второто прашање е „дали тоа лице ќе ја зголеми просечната ефикасност во одделот?“.

Третото прашање на Безос е за потенцијалот на новите вработени и нивната можност за да станат „суперѕвезди“.

Промовирани огласи »

Знаеме дека по бон-тон не е добро да “крадеме” храна од нашите колеги од заедничкиот фрижидер, ниту пак да јадеме пред компјутер, особено јадење со силен мирис. Но, не би требало да јадеме ниту бисквити, особено ако го ставаме во чај, покажуваат британските истражувања.

Секој петти испитаник рекол дека му пречи ова, особено ако колегата го натопува бисквитот во чај додека состанокот е во тек. Од друга страна, дури 71 отсто од испитаниците признаваат дека сакаат да ги натопуваат бисквитите во чај.Кога станува збор за бисквити, на вработените не им се допаѓа дури и кога колегата ќе им ја отвори кутијата. Сепак, ова не е најстрашно. Најмногу се ежат од трошките на маса кои некој ги направил додека уживал во неговата омилена ужина.

Дури 38 отсто од испитаниците сметаат дека ова е голем прекршок во деловниот-бонтон.

Промовирани огласи »

Мелбурн ја загуби титулата најдобар град за живеење во светот по седум години на челната позиција.

Австралискиот град останува втор во листата најдобри градови за живеење.

Годишната листа ги оценува стабилноста, здравјето, културата и животната средина, образованието и инфраструктурата во 140 различни градови.

Еве ги првите 10 најдобри:

10. Аделаида, Австралија

9. Копенхаген, Данска

8. Токио, Јапонија

7 Торонто, Канада

6. Ванкувер, Канада

5. Сиднеј, Австралија

4. Калгари, Канада

3. Осака, Јапонија

2. Мелбурн, Австралија

1. Виена, Австрија

Големите финансиски, бизнис и културни центри Њујорк (57), Лондон (48) и Париз (19) го подобруваат своето рангирање, но остануваат далеку надвор од листата на Топ 10.

Еве ги 10-те најлоши градови за живеење:

131. Дакар, Сенегал

132. Алжир, Алжир

133. Дулала, Камерун

134. Триполи, Либија

135. Хараре, Зимбабве

136. Порт Морсби, Папуа Нова Гвинеја

137. Карачи, Пакистан

138. Лагос, Нигерија

139. Дака, Бангладеш

140. Дамаск, Сирија

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »