Промовирани огласи »

Почитувани,
Ве известуваме дека на ден 17.08.2018г. поради водоводен приклучок од Ф 80 мм
на ул.Серска бр.2 н.Пржино прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од
ул.Серска и дел од ул.Христо Узунов од 12:35 часот до завршување

Промовирани огласи »

Ќе се намалат ли каматите на кредитите?

Експертите велат дека и покрај тоа што НБРМ ја намали основната камата од 3%, на 2,75%, банките тешко се решаваат да го следат овој потег и да ги намалат нивните приходи.

Дополнително намалување на каматите не треба да се очекува. Експертите велат дека и покрај тоа што вчера НБРМ ја намали основната камата од 3%, на 2,75%, банките тешко се решаваат да го следат овој потег и да ги намалат нивните приходи.

Доколку го следат примерот на централната банка и ги намалат каматите, тоа би придонело за поголема кредитна активност и заживување на економијата.

Треба да забележиме дека трендот на намалување на каматите и на депозитите и на кредитите е надолен низ целиот овој период, така што трендот ќе очекувам да продолжи. Меѓутоа, ваквото намалување на основната каматна стапка не треба да се очекува да донесе некои спектакуларни дополнителни намалувања, смета Марјан Петрески, универзитетски професор.

НБРМ објави извештај што покажува дека кредитната активност на банкарскиот сектор во вториот квартал бележи раст од 6,3% на годишна основа, за што поголем придонес има кредитирањето на домаќинствата. Но, потребна е поголема кредитна активност во бизнис секторот, сметаат експертите.

Банките перцепираат доволно високи ризици кај фирмите што во услови кога имаат сигурна алтернатива дали тоа е во благајнички записи на Народната банка или во државни записи издадени од страна на државата, тие се одлучуваат за тоа, да кажеме, поконзервативна опција. Меѓутоа, факт е дека постојат и проблеми на страната на фирмите каде што нивните проекти често се перцепираат за повеќе ризични од она што се и не добиваат финансирање, објаснува Петрески.

Додека НБРМ очекува заживување на кредитирањето, а со тоа и на економијата во целост, податоците за државните капитални инвестиции сè уште упатуваат на нивно намалување на годишна основа. Сепак, расположливите податоци за вториот квартал укажуваат на малку поповолната состојба во економијата споредено со првиот квартал. 

Промовирани огласи »

УЈП ќе има податоци за 100.000 трансакции месечно

Со цел заштита на личните податоци на граѓаните податоците што ќе ги добива УЈП ќе бидат енкриптирани

Управата за јавни приходи тврди дека е подготвена за реформата во делот на утврдувањето и плаќањето на персоналниот данок на доход.

Со измена на Законот за банки, за што е во тек  јавна расправа, како и на Законот за Управа за јавни приходи, ќе се овозможи автоматизирање на размената на податоци помеѓу даночната администрација и банките за УЈП да може да ја издава годишната даночна пријава, што ќе стартува од 2019 година, пренесе Независен.

УЈП ќе ги добива од банките податоците за приливите на граѓаните, резиденти на Македонија од странство.

Според првичните информации добиени од банките, станува збор за околу 100.000 трансакции, (не лица), на месечно ниво, но дали ваквите трендови ќе се задржат и во наредните години зависи од тоа колку граѓаните ќе остваруваат приливи од странство, велат од УЈП.

Велат оти шпекулации се тврдењата за некакви увиди во трошења на граѓаните и во нивните платежни картички и дека тоа не е предмет на интерес на УЈП. 

Тагови: УЈП

Промовирани огласи »

ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ: Како до поголема заштита на корисниците на осигурителни полиси

Измените и дополнувањата на Законот за супервизија на осигурување се влезени во собраниска процедура-што се предвидува со нив ?

Измените и дополнувањата на Законот за супервизија на осигурување се влезени во собраниска процедура а токму тие според Министерството за финансии би требало да донесат поголема заштита на корисниците на осигурителни полиси.

Во иднина сите измени што ги прават во општите и посебните услови на полисите за осигурување, осигурителните компании ќе имаат обврска да ги објават на својата веб-страна во рок од пет дена.

Во насока на обезбедување на целосно ликвидни средства за непречено сервисирање на обврските на друштвата за осигурување, предложено е дополнување на законот а согласно предложената одредба, акционерскиот капитал на друштвото за осигурување мора да биде само во паричен облик и да биде уплатено во целост -информираат од Министерството за финансии од каде потенцираат дека е од особена важност за осигурителната фела, поточно актуарската професија, предложената измена во законот со која се предвидува нов концепт за полагање на испитот за актуар.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »