Промовирани огласи »

Ова се неработните денови во 2019.

За сите граѓани на РМ

1 Јануари (вторник), Нова Година

7 јануари (понеделник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар

29 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар

1 Мај (среда), Ден на Трудот

23 мај (четврток), првиот ден на Рамазан Бајрам

24 Мај (петок), „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители

2 Август (петок), Ден на Републиката

8 Септември (понеделник), Ден на независноста

11 Октомври (петок), Ден на народното востание

23 Октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба

8 Декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник)

***Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.

За граѓаните од православна вероисповед

6 јануари (недела), Бадник, ден пред Божик

19 Јануари (сабота), Богојавление (Водици)

26 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден

14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден

28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

21 април (недела), Велигден-Католички

1 Ноември (петок), Празникот на сите светци

25 декември (среда), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска  вероисповед

11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 Ноември (петок), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

27 Јануари (недела), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

8 Април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

23 Мај (четврток), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 Септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 Декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

Промовирани огласи »

Во земјава има 7 199 слободни работни места. 

По региони гледано, во Вардарскиот има 446 слободни работни места, 357 во Источен, 693 во Југозападен, 632 во Југоисточен, 1 006 во Пелагонискиот, 306 во Полошкиот, 180 во Североисточниот, 3 581 во Скопскиот. 

Податоците на Државниот завод за статистика, покажуваат дека во второто тримесечје од 2018 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.44 %.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот З - Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 2.59 %, додека најмала е стапката во секторот Г - Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.24 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 1.93 %. Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.05 %.

Најголем број слободни работни места, односно 2 794, има во петтата група занимања - Работници во услужни дејности и продажба.

Промовирани огласи »

Наскоро Телекабел ќе стане мобилен оператор, а префиксот ќе биде 074, објави компанијата на социјалните медиуми.

Со задоволство ви најавуваме дека Телекабел ќе почне со нова услуга, мобилна телефонија. Префиксот ќе биде 074. Интензивно работиме на последните подготовки и наскоро ќе бидат објавени пакетите кои ќе ги понудиме. Како и сите услуги до сега, нема обврзувачки договори, стои во објавата на компанијата.

Предвидено е броевите да почнуваат со 600, 601, 602, 603, се разбира по префиксот 074.

Првиот човек на компанијата во јануари најави дека оваа година планира да понуди мобилна телефонија. Роберт Димитров тогаш, а по повод 21 година од постоењето на компанијата рече дека се уште се прават анализи, бидејќи се барале сериозни инвестиции. 

Промовирани огласи »

Vip го збогати своето портфолио и го воведе новиот производ, Vip Combo Box Go, со кој корисниците добиваат лесен пристап до брз интернет, каде и да се во Македонија, кога и да им треба.

Овој производ e најдоброто решение за интернет во викендици, камп, како и за сите корисници на кои им е потребен интернет во домот, но само во одредени периоди од годината. Претплатата е само 99МКД/месечно, а по потреба корисниците можат да активираат и дополнителни интернет пакети со траење од 24 часа, цел викенд, неделни или месечни пакети.

На овој начин, корисниците добиваат едноставно решение за интернет по потреба, а воедно и лесна контрола на своите трошоци.За користење на интернет, корисниците имаат можност да активираат еден од следниве интернет пакети:

Дневен пакет (24 часа) од 5GB со еднократна доплата од 99 ден.

Викенд пакет (3 дена) од 20GB со еднократна доплата од 199 ден.

Неделен пакет (7 дена) од 50GB со еднократна доплата од 299 ден.

Месечен пакет (30 дена) од 100GB со еднократна доплата од 799 ден.

За оние кои имаат потреба и од Телевизија, Vip нуди и решение – Vip Combo Box Go 3, со кое уредот за Интернет се комбинира со дополнителен DVBT приемник и преку кој корисникот во секое време ќе има пристап до 20 национални канали, за месечна претплатата од само 199МКД/месечно.

Дополнително на оваа услуга, корисниците имаат можност, по потреба, да активираат и дополнителни ТВ пакети – Super ТВ пакет, со кој за 199 денари/месечно добиваат: National Geographic, Viasat History, Viasat Explorer, Viasat Nature, Da Vinci Learning, SK1, SK2, Fox, Fox Life, Fox Crime, Fox Movies, CinestarTV, Cinestar Action&Thriller, TV 1000, Cinemania, Magic, VH1 Europe, BabyTV, Boomerang, Cartoon Network, Pikaboo, 24Kitchen, E! Entertainment, CNN.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »