Промовирани огласи »

Известување за саниран дефект

Почитувани,
Ве известуваме дека дефектот на ул.Ѓорѓи Андреевиќ Кун 18а во населба Лисиче е
саниран, водоснабдувањето е нормализирано на 04.09.2018г. во 13:00 часот.

Промовирани огласи »

Добиваме дури 4 споени дена - листа со неработни денови во 2019

Еве кога ќе одмараме

Ова се неработните денови во 2019.

За сите граѓани на РМ

1 Јануари (вторник), Нова Година

7 јануари (понеделник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар

29 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар

1 Мај (среда), Ден на Трудот

23 мај (четврток), првиот ден на Рамазан Бајрам

24 Мај (петок), „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители

2 Август (петок), Ден на Републиката

8 Септември (понеделник), Ден на независноста

11 Октомври (петок), Ден на народното востание

23 Октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба

8 Декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник)

***Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.

За граѓаните од православна вероисповед

6 јануари (недела), Бадник, ден пред Божик

19 Јануари (сабота), Богојавление (Водици)

26 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден

14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден

28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

21 април (недела), Велигден-Католички

1 Ноември (петок), Празникот на сите светци

25 декември (среда), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска  вероисповед

11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 Ноември (петок), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

27 Јануари (недела), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

8 Април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

23 Мај (четврток), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 Септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 Декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

Промовирани огласи »

СЛОБОДНИ РАБОТНИ МЕСТА: Колку и каде ги има во Македонија?

Во некои региони бум, во други слободните работни места се вистинска реткост

Во земјава има 7 199 слободни работни места. 

По региони гледано, во Вардарскиот има 446 слободни работни места, 357 во Источен, 693 во Југозападен, 632 во Југоисточен, 1 006 во Пелагонискиот, 306 во Полошкиот, 180 во Североисточниот, 3 581 во Скопскиот. 

Податоците на Државниот завод за статистика, покажуваат дека во второто тримесечје од 2018 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.44 %.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот З - Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 2.59 %, додека најмала е стапката во секторот Г - Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.24 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 1.93 %. Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.05 %.

Најголем број слободни работни места, односно 2 794, има во петтата група занимања - Работници во услужни дејности и продажба.

Промовирани огласи »

Новиот мобилен оператор со префикс 074: Која компанија ќе нуди пакети

Кој вложува во нов мобилен оператор

Наскоро Телекабел ќе стане мобилен оператор, а префиксот ќе биде 074, објави компанијата на социјалните медиуми.

Со задоволство ви најавуваме дека Телекабел ќе почне со нова услуга, мобилна телефонија. Префиксот ќе биде 074. Интензивно работиме на последните подготовки и наскоро ќе бидат објавени пакетите кои ќе ги понудиме. Како и сите услуги до сега, нема обврзувачки договори, стои во објавата на компанијата.

Предвидено е броевите да почнуваат со 600, 601, 602, 603, се разбира по префиксот 074.

Првиот човек на компанијата во јануари најави дека оваа година планира да понуди мобилна телефонија. Роберт Димитров тогаш, а по повод 21 година од постоењето на компанијата рече дека се уште се прават анализи, бидејќи се барале сериозни инвестиции. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »