Промовирани огласи »

Сите физички лица кои во текот на 2018 година имаат остварено приход, вклучувајќи и оние што примиле само плата и пензија, треба електронски да се регистрираат во Управата за јавни приходи на системот Е-персонален данок.

Од УЈП, како што беше посочено на денешната прес-конференција, ги повикуваат граѓаните тоа да го направат поскоро и да не се чека крајниот рок 31 декември 2018 година.

Обврска за регистрација во системот имаат сите физички лица кои оствариле приходи по кој било основ – плата, регрес за годишен одмор, приходи од закуп, добивка од игри на среќа, од странство, пензија и други приходи кои подлежат на оданочување со персоналниот данок на доход заради прием на пополнетата годишна даночна пријава што од 1 јануари 2019 година ќе ја доставува УЈП.

Физичките лица ќе треба електронски да се пријават на системот e-pdd.ujp.gov.mk. Откако електронски ќе се пријават на системот потоа си ги потврдуваат податоците во УЈП.

Eдинствениот услов за регистрација на системот е да имате валидна е-пошта која ќе биде корисничко име за најва на системот и ќе служи за комуникација со УЈП. На најавната страна на системот е-персонален данок има дел за регистрација на нов корисник на системот. Со влегување во овој дел од системот ќе се отвори мени во кое треба задолжително да се внесат податоците за идентификација, појасни Мухамед Авдиќ од Управата за јавни приходи.

Тој појасни дека врз основа на внесените податоци автоматски се генерира барањето за регистрација на системот е-Персонален данок, кое треба да се испечати и да се поднесе во надлежната даночна канцеларија на УЈП, при што треба да се отиде лично и да се приложи документ за идентификација или пак да дојде полномошник со полномошно заверено на нотар.

Пополнетата годишна даночна пријава преку електронскиот систем УЈП треба да ја достави до граѓаните најдоцна до 30 април 2019 година, а граѓаните ќе треба да ги потврдат или коригираат податоците од пополнетата даночна пријава најдоцна до 31 мај 2019 година.

Во електронскиот систем досега се регистрирани 13 илјади граѓани.

Промовирани огласи »

Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15 во износ од минимални 9.610 денари.

Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 9.610 денари (40 отсто од износот на просечната нето плата во последните три месеци) до 14.090 денари (40 отсто од износот на просечната бруто плата во последните три месеци), пренесе Букефал.

Промовирани огласи »

Изјавата на Милена Антиќ за РТС пред Министерството за труд и социјална политика, дека работодавците во Србија не сакаат жени кои по месец дена остануваат трудни, туку жени кои ќе работат поттикна бура реакции. 

Во морето од различни приказни, имаше и една Србинка кој раскажа какво искуство има со работа во Данска. 

Се уплашив дека не сум доволно стручна кога почнав да барам работа во државите на Европската Унија, мислејќи дека немам доволно искуство и доаѓам од сиромашна држава. И за чудо ме примија и ми остануваше само да се вратам назад и да ги средам документите. Таа работа не е лесна и не трае два дена - вели оваа девојка. 

Објаснува дека биле максимално толерантни од фирмата во Данска. 

Но, откако забременила им пишала за новонастанатата состојба и мислела дека нема да сакаат да ја ангажираат. 

По ова добила одговор дека нив не ги интересира нејзиниот приватен живот, туку дали сака да работи или не. Данските работодавци одговориле дека ќе има право на она што законот го пропишува за трудници. Оваа жена е изненадена затоа што нив не ги интересирало дали е мажена или не, дали планира да раѓа деца или не. 

Промовирани огласи »

Поместување на стрелките на часовникот за последен пат ќе има во март 2019 година, а потоа секоја земја-членка на ЕУ ќе мора да одлучи дали ќе остане на летно или ќе се врати на зимско сметање на времето. 

Ова го наведоа од Европската комисија.

Последното задолжително поместување на часот на летно сметање ќе биде во недела, на 31 март 2019 година.

Секоја членка до април 2019 година би требало да одлучи дали ќе остане во зимско или летно сметање на времето.

Во анкетата на Европската комисија учествуваа 4,6 милиони луѓе и повеќето од нив се изјаснија против поместувањето на стрелките на часовникот.

Членките кои сакаат да се вратат на зимско сметање на времето може да направат уште едно, последно полугодишно поместување, во недела, на 27 октомври 2019 година.

По тој датум, полугодишните промени веќе нема да бидат возможни.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »